S
Shellshock nam67
Гостин
Раде Шербеџија сака да го доведе Бред Пит во Македонија, каде што планира да го снима филмот „Ослободување на Скопје“.
Во интервју за белградскиот весник ’Блиц’, Шербеџија најавува дека следната година ќе го режира филмот „Ослободување на Скопје“, во кој покрај македонски актери, сака во него да глуми и Бред Пит.
„Ќе глумат претежно глумци од Македонија и еден странец, Германец. Би сакал тоа да биде некој како Бред Пит. Можеби ќе биде токму тој, којзнае?“, рече Шербеџија.
Инаку, Шербеџија имаше средба со Бред Пит за време на снимањето на режисерското првенче на Анџелина Џоли. odlicna vest uste da se obvistini