- Член од
- 19 септември 2005
- Мислења
- 5.616
- Поени од реакции
- 180
Основите на јазикот Мухамед Мешиќ ги совладува за неколку недели, а за неколку месеци го учи целосно
Мухамед Мешиќ, 22-годишно момче од Тузла, Босна и Херцеговина, за неколку недели може да научи да зборува друг јазик. На пет години читал книги од класичната грчка книжевност на англиски јазик наменети за студентите што го изучуваат овој јазик. Тој зборува англиски, германски, француски, италијански, шпански, баскиски, португалски, холандски, велшки, исландски, норвешки, шведски, фински, естонски, словачки, чешки, унгарски, бугарски, албански, јапонски, хебрејски, јидиш, ирски, арапски и свахили и секако својот мајчин бошњачки јазик. Мешиќ без проблем може да се разбере и на полски, грчки, турски, ерменски и хинду, пренесува хрватскиот весник „Дневник“.
Основите на јазикот Мухамед ги совладува за неколку недели, а за неколку месеци го учи целосно.
- За вистински да се научи јазикот, треба да се зборува, да се слуша и со уживање да се комуницира на него. Да се научи некој јазик не значи дека треба само да се заврши некој курс со помош на книги, а потоа да се верува дека се знае да се зборува на тој јазик - вели Мухамед.
На 16 години, Мухамед бил именуван за советник на градоначалникот на Тузла.
- Градоначалникот на Тузла Јасмин Имамовиќ ме повика да бидам негов советник, поведен од идејата дека „двајца секогаш знаат повеќе од еден“. Ми се допадна како беа поставени работите и се чувствував привилегирано зашто имав можност да направам нешто за својот град, за своите сограѓани и за својата земја. Денес Тузла е град-центар во кој се доаѓа, а не од кој се заминува - вели Мустафа.
Тузланскиот градоначалник го запознал Мухамед уште како мало дете и се изненадил од неговите знаења.
- Ги замолив неговите родители да прочитаат една моја книга. Кога дојдов кај нив тие ми рекоа дека сепак најважно е што мисли Мухамед за книгата. Го погледнав и го прашав, онака детски, дали ја прочитал книгата и што мисли за неа. На мое големо изненадување, тогаш 10-годишниот Мухамед, почна да зборува со јазик на еден книжевен критичар. Бев шокиран - изјавил Имановиќ и додал: тој сигурно е попаметен од мене и затоа го повикав да ми биде советник.
Неговите родители се присетуваат на една анегдота од Будимпешта. Таму заминале на службено патување и престојувале една недела. Кога сакале да се одјават од хотелот, имале проблем зашто рецепционерот не зборувал ниту еден друг јазик освен унгарски, па не можеле да се разберат. На огромно изненадување на родителите, Мухамед на течен унгарски јазик успеал да се разбере со рецепционерот. Всушност, тој успеал да го научи јазикот за само седум дена колку што престојувале во хотелот.
На Светскиот економски форум во Давос, Мухамед ја претставувал цела Југоисточна Европа. Моментно е во Виена, каде што магистрирал на правни науки, а работи за неколку институции во Виена, Лондон и во Сараево. Се занимава со истражувања од областа на човековите права и на проекти за развој на креативните индустрии во транзициските економии во земјите во развој.
Мухамед смета дека една од најважните причини за неговиот голем успех е несебичната поддршка што ја добивал од своите блиски.
Дневник