Чудо: Дење се гради, а ноќе се руши

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
50 страни напишани за најновото чудо во црквата Св. Димитрија,ми даде потик да напишам
и да ве потсетам за едно многу дамнешно поголемо чудо околу црквата Св. Богородица.
Таа црква уште си ја викаме и заштитничка на Скопје и сите знеме каде се наоѓа. Таму била
со векови уште од турско. Но за време на окупацијата во 2 С.В. „ ослободителите “ - поточно
бугарските фашисти ја ограбиле и ја запалиле.Така долги години потоа таа не е е обновена.
( бугарите пробаа да ја ограбат и црквата Св. Спас но скопските жени не им дозволија )
Да скратам малку иако за ова имам пишувано и во други теми.Се случи земјотресот “63 год.
Дојде јапончето Кензо Танге и ни направи и даде план за градот. На местото на старата наша
црква Св. Богородица почна брзо да се гради нов објект точно врз нејзините темели.
Работата почна ( незнам дали тогаш се врлаше прва лопата ) но како што напредуваше
градбата така се случуваа ЧУДА. Што дење мајсторите ќе направат-изградат така тоа ноќе се
рушеше од непознати причини.После повеќе неуспешни обиди овде да се изгади зацртаното
власта се откажа од тоа и зданијата на младинскиот дом 25 Мај ги пресели на друга локација
и ги изгради без проблеми и сега се таму познати како МКЦ.
На наша радост на децата од Еврејско и Пајко Маало кои учевме во школото „ Кирил и Методи“
и кои ливадата над темелити над црквата Св.Богородица ја користевме за „топка“ долги години
после земјотресот. Подоцна некои верници направија мало монтажно црквиче на тоа место кое
опстојуваше многу години и беше посетувано посебно од старите скопјани иселени од тие маала.
На темелите на истата стара црква сега е оваа денешнава наша црква Св. Богородица.

Зошто не успеа градбата на државни зданија врз црквени темели.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Апел да се спојат сите теми поврзани со ова чудово во една, зошто претеризам е да се отвора нова тема за секој детал посебно.. (неам ништо против тебе Аnco) .
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.742
Поени од реакции
13.536
Апел да се спојат сите теми поврзани со ова чудово во една и да се преместат во ЧДА, зошто претеризам е да се отвора нова тема за секој детал посебно.. (неам ништо против тебе Аnco) .
fixed :)))
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Доцниш едно 50 години...:D
Чудна сила уриваше се што ќе почнеше да се гради на темелите на старата црква
По земјотресот, властите одлучиле на местото на црквата да изградат културен дом, но сите обиди нешто да се изгради биле кобни- работниците се повредувале, а двајца ги затрупале тукушто изградените темели
Она што ја прави оваа црква поразлична од другите, е тоа што објектот е само привремено подигнат, во близина на темелите на некогашната црква "Света Богородица" која била заштитничка на Скопје. Таа во себе ја крие историјата на градот, испреплетена со многу легенди и мистерии. Старите скопјани не само што ја чувствуваат црквата "Света Богородица" како заштитничка на Скопје туку, поради мистичните и натприродни случувања, сметаат дека местото на кое е изградена е свето и на него не може да има ништо друго освен црква.
Старата црква "Света Богородица", чие цело име гласи "Рождество на Света Богородица", била изградена во 1835 година кога Македонија била дел од Османлиската Империја. Во тоа време, Македонците не смееле да градат цркви, вели протојереј Методи Лазаревски, кој денес работи во "Св. Богородица". "Тогаш никој не смеел да гради црква. И оние што се изградени, направени се ниски, повеќе во земја. За да ја изградат ‘Света Богородица’, христијаните се послужиле со итрина, затоа што само на тој начин можеле да ја изградат. На местото на црквата тие закопале икони и крстови, а потоа отишле кај султанот да бараат дозвола на тоа место да изградат црква, со образложение дека е свето. Султановите служители дошле во Скопје, копале на посоченото место и кога навистина нашле закопани христијански обележја, султанот им дал дозвола да изградат црква", вели прота Лазаревски.
Таа била подигната за многу кусо време, а се зборува дека, покрај бројните еснафи кои дале свој придонес, најмногу пари за нејзина изградба дал некој богаташ кој имал два сина. Каменот со кој ја граделе бил пренесуван од човек на човек од каменолом во подножјето на Водно, па преку Вардар. Во изградбата учествувале 10.000 луѓе кои работеле со голем ентузијазам за да се заврши што побрзо. Таа била една од најголемите цркви во Скопје и прераснала во Соборен храм. Веднаш до неа била сместена Митрополијата, а само на неколку метри од неа, подоцна никнала и малата црква "Света Мина". Самото тоа што била Соборен храм, говори дека била многу посетена, во неа се крштавало и се венчавало, се држеле литургии и се славело христијанството.
"’Света Богородица’ беше голема и многу убава црква. Внатре целата беше во резби од борово дрво. Sидовите беа покриени со златни икони. Постојано беше полна со луѓе. Јас сум венчана во неа и таа ми е во најубавите спомени", вели Милка Дебарлиева, која израснала во Пајко Маало каде што сега се темелите на црквата.
Баба Милка се сеќава и на времето кога црквата била запалена и опљачкана во 1943 година, за време на бугарската окупација. "И денес пред очи ми е таа слика. Додека пламенот уште не беше многу голем, Бугарите влегуваа внатре и ги изнесуваа златните икони. Ништо не оставија. По огнот, од црквата останаа само изгорени sидини, но традицијата никој не можеше ниту да ни ја запали ниту, пак, да ни ја украде. За празниците ние продолживме да се собираме тука. Ги чистевме камените плочи и традицијата ја одржувавме во урнатините кои за нас беа свети", раскажува баба Милка.
Со палењето и пљачкосувањето, скопјани ја изгубиле својата заштитничка. Баба Милка верува дека од тогаш работите во градов тргнале на лошо – поплава, земјотрес, па се до ова што се случува денес. Таа вели дека за време на комунизмот им ги одзеле и урнатините. По земјотресот, државата решила на темелите на црквата да изгради културен дом, но токму тогаш се покажало дека местото каде што е црквата е свето.
"Дојдоа со булдожери и ги урнаа сите остатоци од црквата. Сакаа тука да градат културен дом, во нејзините темели. Но, не им даде господ. Денес ќе изградат, а утре ќе го најдат урнато. Некоја сила буташе се што ќе изградеа. Што раце, нозе и ‘рбети искршија работниците, а двајца загинаа во темелите", вели Баба Миклка, потенцирајќи дека оваа мистерија ја знаат речиси сите стари скопјани, но молчат. Лазаревски пак, осведочи дека смртта на двајцата работници и несреќните случаи за време на обидите да се изгради културен дом не се само мистериозна легенда за која се зборува меѓу луѓето.
"Тоа е чиста вистина. Овде се случуваа необични нешта. Двајца работници, навистина загинаа во темелите на ‘Света Богородица’. Мој пријател, судија, беше на увидот кога загинаа. Од неразјаснети причини, тукушто изградените темели се урнале и ги затрупале двајцата работници. Тогаш властите се откажаа од градењето културен дом врз камењата на црквата. Тоа е чудо божјо, мајката божја тука ставила рака и како да вели ‘тука е мојот дом’. И денес тука стојат масивните бетонски темели на несудениот културен дом. Од тогаш, местото почна да се запустува и до пред некоја година не се познаваше дека тука имало црква", вели прота Лазаревски.
Тој, поддржан од група скопјани кои организираа движење за храмот "Света Богородица" поставија крст, како камен-темелник на новата црква која треба да се изгради на темелите на старата. Нешто подоцна беше изграден привремениот објект, па скопјани за Богородица и за другите христијански празници почнаа тука да се собираат. Подоцна се појави и идејата за изградба на нова црква.
"Немавме во план овде да градиме црква. Планот беше да се гради некаде во Аеродром или во Карпош каде што има верници, а нема цркви. Но, луѓето доаѓаа кај нас и ни кажуваа дека сониле или им се видело дека треба да се изгради црква на темелите на старата ‘Света Богородица’, и тие ни ја дадоа таа идеја. Прво, земјиштето не беше на црквата, поведовме постапка и го добивме .

1.Света Мина
2. Соборната црква посветена на Богородица
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
50 страни напишани за најновото чудо во црквата Св. Димитрија,ми даде потик да напишам
и да ве потсетам за едно многу дамнешно поголемо чудо околу црквата Св. Богородица.
Таа црква уште си ја викаме и заштитничка на Скопје и сите знеме каде се наоѓа. Таму била
со векови уште од турско. Но за време на окупацијата во 2 С.В. „ ослободителите “ - поточно
бугарските фашисти ја ограбиле и ја запалиле.Така долги години потоа таа не е е обновена.
( бугарите пробаа да ја ограбат и црквата Св. Спас но скопските жени не им дозволија )
Да скратам малку иако за ова имам пишувано и во други теми.Се случи земјотресот “63 год.
Дојде јапончето Кензо Танге и ни направи и даде план за градот. На местото на старата наша
црква Св. Богородица почна брзо да се гради нов објект точно врз нејзините темели.
Работата почна ( незнам дали тогаш се врлаше прва лопата ) но како што напредуваше
градбата така се случуваа ЧУДА. Што дење мајсторите ќе направат-изградат така тоа ноќе се
рушеше од непознати причини.После повеќе неуспешни обиди овде да се изгади зацртаното
власта се откажа од тоа и зданијата на младинскиот дом 25 Мај ги пресели на друга локација
и ги изгради без проблеми и сега се таму познати како МКЦ.
На наша радост на децата од Еврејско и Пајко Маало кои учевме во школото „ Кирил и Методи“
и кои ливадата над темелити над црквата Св.Богородица ја користевме за „топка“ долги години
после земјотресот. Подоцна некои верници направија мало монтажно црквиче на тоа место кое
опстојуваше многу години и беше посетувано посебно од старите скопјани иселени од тие маала.
На темелите на истата стара црква сега е оваа денешнава наша црква Св. Богородица.

Зошто не успеа градбата на државни зданија врз црквени темели.
Ај не дупи,на телма имаше една емисија во неа беа интервјуирани стари пајкомалци и неколку од нив јавно си се пофалија дека тие рушеле све што ке се изградело дента.
 
В

влијателен

Гостин
Црквата првично била изградена со итрина, т.е. со лага дека таму било свето место и луѓето закопале икони за да му докажат на султанот.
Тоа би го направил и Исус. Вистинско Христијанство на дело.
 
Па Скопските цркви Турците Османлии да не ги дел срушеа, дел направија џамии ќе немаше потреба од таа измама. Ислам на дело.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Ај не дупи,на телма имаше една емисија во неа беа интервјуирани стари пајкомалци и неколку од нив јавно си се пофалија дека тие рушеле све што ке се изградело дента.[/quo
А моите комшии
врати се назад каде јас напишав дека не се тие што рушеле
само дека е чудо од непознати причини како и ова сегашново
во црквата Св. Димитрија ( а се гледа над вратата дека е рачно)
само дадов споредба кое чудо ќе излезе поголемо.
Такво чудо имаше и во Влашко маало ама не дигна прашина.
 
В

влијателен

Гостин
Па Скопските цркви Турците Османлии да не ги дел срушеа, дел направија џамии ќе немаше потреба од таа измама. Ислам на дело.
Тоа не ја оправдува лагата од верски аспект, можеби само од политички.
Всушност ни од таков, ако биле верници ќе знаеле дека власта таква каква што била, била дадена од Бога.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.606
Поени од реакции
15.409
Па Скопските цркви Турците Османлии да не ги дел срушеа, дел направија џамии ќе немаше потреба од таа измама. Ислам на дело.
------------------------------------------------------------------------
- добро му објасни на народов за црквата Св.Богородица
не е доцна да се дознае вистината и на местото на
Црквата Св.Константин и Елена која се сруши за земјотресот
се направи ГТЦ - Стопанска банка па не се рушеше при градбата
За црквата Св.Спас-(која е вкопана )прочитајте во темата
бугарските зверства врз Македонскиот отпор, стр.32
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
1.Света Мина
Мала, не баш неважна исправка (нема некоја посебна врска со темата). Мина е светец, а не светица. Многумина, затоа што името завршува со „а“, погрешно мислат поинаку.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom