07/07/2013 - 12:29
ЧУДО: Хрватска тинејџерка зборува чист германски откако се разбудила од кома
Според хрватските лекари во минатото вакво нешто ќе се сметало за чудо, но сега експертите ќе најдат некое логично објаснување
(Фото: РТС)
Една 13-годишна девојка од хрватскиот град Книн почна да зборува на чист германски јазик, откако се разбуди од 24-часовна кома.
Родителите на девојката изјавија дека таа учела германски јазик на училиште, но дека никогаш не го говорела толку добро како сега.
Она што доплнително збунува во целата ситуација е тоа што по будењето од кома таа не разбира хрватски, туку комуницира само на германски.
Лекарите во болницата во Сплит, каде што е сместена девојката, признаваат дека е ова е навистина невообичаен случај и се обидуваат да ги утврдат причините за тоа.
- Во минатото вакво нешто ќе беше сметано за чудо, но денес експертската јавност е сигурна дека мора да има некое логично објаснување, само што уште не е откриено, изјави психијатарот Мијо Милас.
(Телеграф.мк/МИА)