Чудни македонски зборови

Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
и јас тоа мислев дека е ама глеј сеа на еден филм го слушнав ова : Ајде мори мустро една!
значи и се обраќа нема логика пример : Ајде мори мерко една! ... нели?
Па ваљда има двојно значење.Имам слушнато да го употребуваат некој кројачи.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
-Пипиџан
-Џинорос
-Џивџан
-Трнанче
-Гургут

Сето ова се имиња на птици...

--- надополнето ---

Таратајка (лесна кочија, сега се користи за евтин, слаб автомобил)
Шлакатарник - некој кој што треска зелени муабети
Шлакнат, Шлаканица
 
Член од
2 декември 2010
Мислења
170
Поени од реакции
78
ШЉАКОТАРНИК улица двор или котар за свињи полн со кал
КАЛЈНА кога пченката е зелена а добра за варење или печење
ЦОМБУР зрела олупена пченка на чекутка
ЧЕКУТКА кога ќе се истрони зрното па остатокот од дрвеникава смеса се вика чекутка
ГОРНИ ПОЛОГ
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
ШЉАКОТАРНИК улица двор или котар за свињи полн со кал
КАЛЈНА кога пченката е зелена а добра за варење или печење
ЦОМБУР зрела олупена пченка на чекутка
ЧЕКУТКА кога ќе се истрони зрното па остатокот од дрвеникава смеса се вика чекутка
ГОРНИ ПОЛОГ
МАЉКА, БАШАК - зрела олупена пченка на чекутка
ГУЉКА, КУКУРАТКА - кога ќе се истрони зрното па остатокот од дрвеникава смеса
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Збоктисано - смачено, згадено од нешто...
Разбоздисан - растурен, разглобен, расштрафен...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Чурулка - муцка, усна.
Буза - усна
Чкрапја - шкорпија
Вапир - вампир
Дрсло - серко (страшливец)
Каначка - конзерва, канта
Првнат, потпрвнат - живнат, потеран, подраснат...
Корија - шума
Драпач - подбивач, зафркант (драпање - зезање, шегување со некого)
Здрнат - “збеснат“, премногу “жив“,
С’скање - предупредувачка, оштра реакција против некого, или “надупување“ (нас’скување) на некој против некого.
Шија - врат.
Калакурда - џандрлива (исто чуден збор), расипана жена
Џафта - се користи како епитет за сличен вид на жена, плус и кавгаџика.
 
Член од
2 декември 2010
Мислења
170
Поени од реакции
78
СЕ ПАРКАТ- се факја по срамните органи
 
Член од
1 мај 2009
Мислења
204
Поени од реакции
52
Ајде да ве видам сега...

Цокле
Амбуле
Убурсус
Факман

:)
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.646
Поени од реакции
11.635
Tерсене и Чурук ми се јаки и чудни :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.131
Поени од реакции
18.127
Kaлдисан - уморен (Охридско - Струшки дијалект)
Накалач - нешто лошо,криво поставено
Шутмангал - шутрак,идиот
Креденец - плакар
Р'чпал - aсоцијација за нешто слабо и високо,мислам дека старите го користат како збор за дрво за чукање ореви :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom