Човечкото тело - совршена жива машинерија, кои се границите, интересни факти...

Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ја отворам темава затоа што на подфорумов му фали една ваква, информативна но и со цел да се запознаеме со човечкото тело, како тоа функционира. Кои се најекспонираните наши органи, кои се органите и деловите кои го влечат товарот за нашето тело да функционира како целина и да биде најсложената градба од живиот свет? Ќе се запознаеме и со границите на издржливост, каде е црвената линија на нашите можности? Како живеат физички активните луѓе, спортистите?

Ќе постирам дневно, по делови, за да не се спојуваат постовите и темава ќе биде read - only.


КОСКИ

Коските, заедно со мускулите го сочинуваат локомоторниот - движечки апарат на телото. Скелетниот систем служи за заштита на органите од удари, потреси. Коските кај човекот се формираат уште кога е ембрион, во две фази - хорда и `рскавица, која како што потоа ќе старее телото, постепено ќе се окоскенува а некои `рскавици ќе останат како такви за целиот живот, како кај гркланот, зглобовите, дишникот, ушната школка, ноздрите и крајните делови кај ребрата.
Кога ќе се роди, човекот има 300 до 350 коски во неговото тело, но како што старее, таа бројка се намалува се до 206-208 коски, од причина што коските се групираат меѓу себе со растот, се сраснуваат.

Коските во скелетот имаат различни улоги. На пример, улогата на черепот (има облик на купола, составена од повеќе коски меѓусебно поврзани со шевови) е да го штити мозокот и другите органи во черепната празнина од удари.




Ребрата се силни, но се еластични за без проблеми да се одвива процесот на дишење (ширење на белите дробови, спуштање на дијафрагмата, зголемување на парцијалниот притисок), служат за заштита на органите во градната празнина.



Бутните коски се најсилните коски во целиот систем. Можат да достигнат должина од 46 сантиметри и да издржат терет од 1,7 тони заедно со мускулите кои се прилепени на нив. Нивната сила е потпомогната и од тетивите, кои преку коските се поврзуваат со мускулите и овозможуваат вршење на понапорна работа (кај коските и мускулите на екстремитетите). Кај спортистите, овие коски и мускули трпат најголем терет од сите делови на човековото тело.



Најмногу коски има кај стапалатаи дланките. Кусите коски кај стопалото се дури 52, мали и кратки, распоредени како фаланги и токму поради таа градба, човекот може да оди, трча, скока и да стои потпрен само на двете нозе. Вакви коски имаме и кај дланките, а во оваа група спаѓаат и пршлените кај `рбетниот столб.


`Рбетниот столб се протега долж грбот кај човекот, го држи телото исправено, составен е од 33-34 пршлени, со чија помош ние можеме да извршуваме активности, да се наведнуваме, да ја вртиме главата и др. `Рбетниот столб трпи големо оптеретување и најмногу страда, во подоцнежните години од животот на еден човек, дисковите кај пршлените попуштаат и се јавуваат големи болки. Сепак, испитано е дека иако нежно изгледа, може да истрпи терет и од дури 800 килограми.




Утре продолжуваме со мускули, срце, мозок, црн дроб, нерви па одиме со границите на издржливост и „што би било кога би се случило“ интересните факти. :)


 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom