Човечкиот живот во Македонија вреди 60 000 денари?

Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Пронајдено телото на 14-годишната Ајше Демирова

06.08.2006 Трагичен епилог на петдневната потрага по исчезнатото 14-годишно девојче Ајше Демирова. Нејзиното тело во распадната состојба и покриено со сува трева утринава случајно го забележал 60-годишниот Мемет Јусинов, кој поминувал покрај полусрушена дивоградба во штипска населба.
„Гледам со трева покриено нешто. Да видам што е, кога гледам нога и градите. Јас се исплашив, го оставив. Си велам, ќе јавам, нека дојде полиција“, изјави Мемет Јусинов, очевидец.
Цели шест часа полицијата не дозволи пристап и комуникација со надлежните органи. До крајот на денот истражните судии функционираа со исклучени мобилни телефони.
Сепак, по идентификацијата на телото од страна на родителите и братот на убиеното девојче, истражните органи им ја кажале првичната претпоставка за тоа дека смртта настапила поради давење и кршење на врат, на кој стоела белата шамија која ја носела 14-годишната Ајше.
Покрај нејзиното тело се пронајдени само 60 денари и златниот накит. Нејзините родители вчера потврдија дека Ајше се занимавала со откуп на старо железо и секогаш со неа носела до 60.000 денари.
Тоа е цената на младиот живот, велат соседите.
„За едно парче леб се убиваат тука. Како не им е жал? Малку свест треба да има овој народ“, рече сосетка.
Таткото Вејсел уште вчера се сомневаше во киднапирање на неговото девојче, кое последен пат го видел на 2 август околу 13 часот, кога тој заминал во џамија.
„Како машко ми беше. Чистеше алуминиум. Повеќе од машко работеше“, вели Вејсел Демиров, татко на Ајше.
39-годишната Азизе, мајка на Ајше, изјави дека нејзината ќерка заминала да купи млеко во најблиската продавница заедно со зетот од постарата ќерка.
„Таа само по млекото тој ден отиде и го снема девојчето“, изјави Азизе Демирова, мајка на Ајше.
Иако беше најавено дека погребот ќе се изврши денес во 18 часот, родителите во последен момент се сетија да побараат обдукција.

НАМЕСТО ДА СЕРЕТЕ ЗА ПОЛИТИКА СВЕСТЕТЕ СЕ ШТО СЕ ПРАВИ ВО МАКЕДОНИЈА. СРАМОТА!

До пред малку време мислев “Какви политичари - таков народ.“ Од ова што го читам ми се гаде и ми доаѓа една мисла : “Каков народ - такви политичари.“
 

MoNa`

Do you believe in perfection ?
Член од
18 април 2006
Мислења
1.702
Поени од реакции
6
Lele,zagreotaa be ,sho prat 14-godisno devojce be ejjjjjj ,kakvi ne raboti se slucvat tuka kaj nas .
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
14 години а се занимава со откуп на старо железо?!?!?!?!?!?
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
абе за греота момичево стварно страшна работа ама во целава трагедија ова ме насмеа
Како машко ми беше. Чистеше алуминиум. Повеќе од машко работеше”, вели Вејсел Демиров, татко на Ајше.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Macedalien напиша:
До пред малку време мислев “Какви политичари - таков народ.“ Од ова што го читам ми се гаде и ми доаѓа една мисла : “Каков народ - такви политичари.“[/B]
Родителите се криви Маце....родителите!!! Не е крив цел народ за тоа што татко циган, иако прима социјално и мајка чистачка(зима минимум 6000 месечно) децата се пуштени по семафори и по отпади, додека стариот дома си го лади и од 24 саата , 30 е пијан, а згора на тоа и ги тепа! Такви треба да се бесат! Ама тоа е тоа....
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
И тие се дел од народот : никој не им е крив.
 
Член од
27 август 2005
Мислења
783
Поени од реакции
7
за грозно многу е грозна ситуацијата и се гледа на што се се способни луѓето али не ни го куди народот, демек по други земји нема вакви работи.
 
Член од
6 април 2006
Мислења
972
Поени од реакции
11
14 godishno devojche se zanimavalo so otkup na staro zelezo, i vo sekoe vreme noselo so sebe do 60.000 denari... samo se nadevam deka istragata nema da zavrsi na ova.
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
^Poor Knight напиша:
14 godishno devojche se zanimavalo so otkup na staro zelezo, i vo sekoe vreme noselo so sebe do 60.000 denari... samo se nadevam deka istragata nema da zavrsi na ova.
И мене прво индикативно и сомнително ми беше 14 годишно девојче да се занимавцало со откуп на железо и да носело со себе толку пари, прво што помислив е на проституција па потоа дека можеби е ограбена и убена поради толку многу пари?

ДА видиме што ќе покаже истрагата
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Едно време во Њујорк убиваа на улица за 5 долари!
Мои познати носат по џебовите 20 долари, за да раочараните гангстери не ги убијат оти немале пари..
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Едно прашање : темава е за пазарна економија? :raz:
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Изгледа токму пазарот ја детерминирал цената на 60,000 денари..
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Od seto ona sto go procitav konstatirav samo edno nekoj aramija , manjak ili pedofil slobodno seta po zemjata i ceka koga ke napadne nekoja nova zrtva.A kako i sekogas toje nedostapen za oragnite vo zemja od 25 000 km2
 

MoNa`

Do you believe in perfection ?
Член од
18 април 2006
Мислења
1.702
Поени од реакции
6
Па и тие воопшто не мислеле,и дале на 14 годишно девојче да прави откуп на старо железо и и дале толкава одговорност ,да носи со себе секој ден по 60000 денари.Па голем не може да чува толку пари во себе а не пак ли на мало ДЕВОЈЧЕ им дале .
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Не сте ми јасни!
Што и да работело девојчето не заслужило таков грозоморен крај! Какви се ова Шерлок Холмовски срања! Некој болесник си дал за право да одземе млад живот, и вие сеа зборите да ли требало да продава железо или не? За разлика од некои што ке седат дома и ке плачат над судбината, девојчево работело нешто за да преживеат таа и нејзините, и очигледно била успешна во тоа! Сеа ке следи констатација дека никој не би сакал ќерка му да се бави со такви СОМНИТЕЛНИ бизниси, но каква е разликата помеѓу 14-годишно циганче што шиткало железо и да речеме 18-годишен етнички Македонец на кого имуќниот маторецот му дал 30.000 евра да си купи Ауди 4-ка?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom