Филтерот е препорачливо на 2500 - 2800км да се исчисти (млака вода, малку сјај/детергент, да се исуши, подмачка и врати). Најубаво е на следното чистење (5000 - 5600км) да се смени филтерот. Е сега, ако падне криза и филтерот да не е оштетен, дупнат или многу замастен, може да се исчисти и да се врати, но јебига, 250 денари секој може да си дозволи на 5000км.
Значи, прво со млака вода замиј го и со сјај убаво истриј го филтерот (пази да не го откорнеш цел). Целта е сите честички на прашина, мрснотии и слично да се измијат добро (можеби ќе треба и два пати да го миеш или да го оставиш да поседи во сјај или детергент). Потоа, на сонце да го направиш барут сув. И обавезно пред да го вратиш, намачкај го со малку двотактол или некое погусто уље за да имаат честичките од прашина и земја на што да се лепат. Секако, има и специјални средства и за одмастување/чистење и за подмачкување по мото продавниците
Дали јас колку што разбрав треба да се подмачка со двотактно улје
И доколку е тоа дали е можно вакво http://www.americanagip.com/images/Kart2T.jpg