Јас ти посочив линк до еден мој пост кој многу детално објаснува што претставува за мене Луцифер, а ти си доволно интелегентен за да го разбереш. Јас ни самиот веќе незнам колку пати на форумов имам кажано дека неверувам во антропоморфни богови, во задгробен живот и слично.
За мене пантеистичкиот концепт за бог е вистинскиот.
Не ме навредиле мене твоите коментари и мислења за Лавеј, работата е во тоа што коментирајќи за нив ме цитираш мене и бараш некакво процени, оценки.....мислења и слично, а никако да го дешифрирам тоа барање! Дали не ти реков дека дали ќе го сметаш за кич или не е твоја работа - дека ствар на укус е релативна работа?
Ти на ова ми викаш дека си ми побарал објаснување...?!
Мислам да не се повторуваме, знам каде го тераш муабетов! Бараш начин од петни жили да ме притиснеш во тесно, да ме ставиш пред свршен чин, вртејќи наоколу па на ќоше! Но има еден мал детал, јас користам конкретни нешта, конкретни работи кој ги критикувам и кој ми сметаат! Секогаш ги образложувам и секогаш ги аргументирам. За разлика од твојов обид кој се базира на надмудрување и тегавење од типот - "ти ме плукна, и јас ќе те плукам". Нема проблем, критикувај и напаѓај колку сакаш, но со аргументи, не со лични впечатоци и етикетирања. Твоите лични импресии не се критериум за естетика, морал, симболика и слично.