Црно-бел свет?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Дали навистина светот е црно-бел или има и сиви нијанси? Дали се во животот е по принципот или-или или има средина?

Дали се мора да оди во дихотомија добро-лошо, горе-доле, исправно-неисправно, морално-неморално и слично?

Дали кај вас најчесто се е црно или бело или сепак кај вас преовладуваат нијансите?
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Ништо не е црно или бело.Во вистинскио живот , во реалноста , во минатото и сегашноста , ништо не е црно или бело.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
епа или е арно или не е арно...така да или е црно или е бели..
некогаш се појавуваат нијанси кои за многу брзо време поцрнуват или побелуваат...
најдобра е златната средина но ретко кој ја има, а и тешко е да живееш во неа:toe:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не би можел да го гледам светот а и да ги толкувам работите монохроматски. Тоа до некаде би ме направило ограничена личност.
За мене постојат нијанси. А токму тие нијанси се оние кои го даваат убавото во животот. Екстремите се лоши.
Па затоа нијансата некаде помеѓу црно и бело ја дава најубавата слика на животот.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Нормално дека не е се црно или бело.Всушност црното и белото се ретки,сивото преовладува со сите свои нијанси.Во добро и лошо не можеме така лесно да ги класифицираме работите затоа што тоа што е лек на еден човек на друг е отров,нели:smir:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Светот не е обоен во една боја. Прилично и риги црно бели е целиот. Кај што има црно, ке има и бело па и обратно. Сивата боја е досадна и боље никој да ја нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom