Црна хроника

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Sekoj den se slucuva nekoja tragedija..(krazba, pregazen covek,vooruzena tepacka,sverc na druga....) eve nekoja od niv....

Претепан контролор на автобус
Инцидентот се случил околу 17.30 часот, на автобуската станица пред објектот на МНТ на улицата Стив Наумов. Контролорот А.С. (21) се качил во автобусот и им побарал билети на А.Ќ. и на Т.П.. Момчињата немале билети, па контролорот им рекол да слезат од автобусот. Наместо да го послушаат, А.Ќ. и Т.П. го нападнале контролорот со тупаници и со клоци. Двајца полицајци, кои се возеле во автобусот, ја забележиле тепачката и веднаш ги привеле насилниците. По целосно расчистување на случајот против А.Ќ. и Т.П. ќе бидат поднесени кривични пријави.
Стреа згмечила скопјанец Скопјанецот Петко Деловски (66) загинал во несреќен случај кога од тежина на снег врз него паднала стреа од неговата викендичка и го затрупала, завчера во населбата Маврови Анови.
Според информациите на гостиварските полицајци, несреќата се случила во неделата околу 15 часот. Во тоа време Деловски излегол пред својата викендичка за да прошета. Додека чекорел околу куќата, од тежината на снегот се откачила стреата и паднала директно врз него. Неговата сопруга воопшто не го забележала тоа и по два часа, загрижена оти Петко не се вратил, ја повикала полицијата. За кратко време на местото пристигнала полициска екипа и го извадила безживотното тело на Деловски. По обдукцијата било утврдено дека тој починал од задушување.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]БИТОЛА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Запленети две бомби "кашикари" [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Полицијата поднесе кривична пријава против Б.К. (39), К.М. (48), Н.К. (44) и Р.К. (27), сите од Битола, за кривично дело "недозволено држење, изработување и тргување со оружје и распрскувачки материи". При откривање на случајот од осомничените биле одземени две рачни бомби "кашикари", рамка од автоматска пушка и 220 парчиња муниција. [/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ВТОРА ПРЕСУДА ЗА СМРТТА НА МОМЧЕ КОЕ ВО ТЕПАЧКА БЕшЕ ЗАСТРЕЛАНО ПЕТ ПЕТ ГОДИНИ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Една година затвор условна на три[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] "Милчо Филипче за кривично дело учество во тепчка е виновен и му се изрекува затворска казна од една година која нема да се изврши доколку во рок од три години не направи ново кривично дело", ова е пресудата на судскиот совет во Основниот суд 1 во Скопје, која беше вчера соопштена. Според пресудата на 7 мај пред пет години Филипче учествувал во тепчака во која животот го загубил Кристијан Спасовски. На тепачката му претходела расправија меѓу Кристијан и сведокот Ејуп Еркан. Во расправијата Кристијан испукал два куршуми од пиштол кој го поседувал без дозвола кон Ејуп но не го погодил. Тогаш дошол Филипче кој се претставил како инспектор од Државна безбедност и побарал од Кристијан да му го даде пиштиолот. Но тој почнал да бега. Пред влезот на ноќниот клуб Ла гараж Филипче и Еркан го стасале Кристијан и почнале да го тепаат. Во еден момент пиштолот кој го држел Кристијан испукал, а куршумот завршил во срцето. На пат кон болница починал.
Ова е втора пресуда за овој случај. Пред пет години случајот го водеше друга судијка , кој на Филипче му судеше за кривично дело: тешки дела против општата сигурност. Беше осуден на две години затворска казна, а на малолетниот Еркан Ејуп му била изречена воспитна мерка -засилен надзор од социјален орган.
Пресудата била обжалена пред Апелациониот суд кој одлучил предметот да го врати на повторно судење. На пиовтореното судење во завршни зборови обвинителот извршил преквалификација на делотото во ново кривично дело: учество во тепачка.
На вчерашното соопштување на пресудата бурно реагираше мајката на починатиот. Судијката се обиде на мајката да и објасни зошто е изречена оваа казна, но таа упорно тврдеше дека не верува во судот, обвинителтвото и полицијата. (К.М.)
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]УТВРДЕН ИДЕНТИТЕТОТ НА МРТВАТА ЖЕНА НАЈДЕНА ВО ВОДИТЕ НА ВЕШТАЧКОТО ЕЗЕРО ВО ПРИЛЕП [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Синот ја препознал мајка си [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Мртвата жена која завчера попладнето беше пронајдена во водите на вештачкото езеро во Прилеп е идентификувана. Се работи за 78 годиштната Сефанка Стојановска. Нејзе ја идентификувал синот, кој неколку дена претходно ја барал. Тој на полицајците им кажал дека мајка му и порано ја снемувало до дома, но ја наоѓале.
Телото на жената беше пронајдено околу 18 часот. Го видел овчар на два метри од брегот на езерото. Тој му кажал на стражарот па била повикана полиција.
Истражните органи извршиле увид , по што околу 20.30 часот телото на жената било извадено од водата. Според изјавата на дежурниот лекар од итната медицинска помош Борис Пановски, врз телото на жената немало видливи траги на насилство. (К.М.)
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ПРЕСУДА ЗА ДРОГА ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО ШТИП[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Шест години затвор за поседување 1.800 грама марихуана[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Обвинети во случајот биле и браќата Тони (30) и Влатко (25) Аритонови кои беа ослободени од обвинението откако осудениот Иле Ефремов(27) ги сменил изјавите[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Иле Ефремов (27) од Пробиштип од Основниот суд во Штип е осуден на 6 години затвор за нелегално поседување и растурање на дрога, а второобвинетите Тони (30) и Влатко (25) Аритонови, исто така од Пробиштип, судот ги ослободи од обвинение.
На 28 јануари 2006 година, полицијата во станот на Ефремов во Пробиштип и во неговата гаража нашла 1.800 гр. марихуана, со која првично врска имале и браќата Аритонови. Тие добиле ослободителна пресуда, откако на завршното рочиште Ефремов ги сменил своите две претходни изјави и рекол дека браќата Аритонови немаат никаква врска со дрогата што била во неговиот стан.
Ефромов и на сослушувањето, додека бил во притвор, како и еден сведок- таксист, тврделе дека на 28 јануари, кога тројцата биле притворени, браќата Аритонови кај бензинската пумпа во Пробиштип чекале автомобил со странска регистрација. Едниот со такси, а другиот со странскиот автомобил се упатиле кон станот на Ефремов. Подоцна и Ефремов дошол дома и им се јавил на браќата да си го земат тоа што браќата го оставиле кај него. Заради менувањето на исказите, Јавното обвинителство во Штип најави дека ќе поднесе жалба посебно на ослободителната пресуда за браќата Аритонови.
Ј. Т.
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]МРТВА ЖЕНА ВО РЕКАТА СЕРАВА ВО СКОПЈЕ[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Сопругот ја нашол[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Во водите на реката Серава во Скопје вчера околи 5 часот била пронајдена мртва 68-годишната Зага Стоилковска. Телотото на починатата било извадено од реката и според првичните наоди на лекарите од судска медицина , немало траги на насилтво. Мртвата жена била пронајдена во близна на домот 25 мај во Бутел.
Стоилковска неколку часа пред да биде пронајдена исчезнала од домот кој се наоќа во близина. Нејзиниот сопруг забележал дека ја нема и тргнал да ја бара. По неколку часовно трагање го видел телтото на мствата жена и ја препознал сопругата. Тој повикал полиција која извршила увид. (К.М.)
[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ОБВИНЕТАТА СТЕЧАЈНА УПРАВНИЧКА ОД ШТИП НАДА ЦВЕТАНОВСКА ПРОЗБОРЕ:[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Не зедов поткуп [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Ова е организирана хајка против мене. Се било испланирано од порано. Измамени се и државните органи. Обвинителниот акт е неоснован и беспредметен. Јас не сум зела поткуп, туку ги примив назад позајмените пари што му ги дадов на Методи Миладинов", ре[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] "Ова е организирана хајка против мене. Се било испланирано од порано. Измамени се и државните органи. Обвинителниот акт е неоснован и беспредметен. Јас не сум зела поткуп, туку ги примив назад позајмените пари што му ги дадов на Методи Миладинов", рече на вчерашното прво судско рочиште стечајната управничка Нада Цветановска обвинета за примање поткуп од 10.000 евра, дадени од Методи Миладинов, претставник на фирма која имала удел во земјоделското друштво "Три чешми" каде Цветановска била стечаен управник.
"Стечајната постапка за "Три чешми" заврши уште во октомври 2005 година, па јас не сум била во можност да правам било какви услуги, бидејќи судското порамнување со доверителите се изврши во тој месец, а не како што претходно се тврдеше и ме обвинуваа дека сум барала пари за фиктивко ставање на некакви хипотеки", рече обвинетата Цветановска пред судијата Славчо Тасев кој го води овој спор.
Според обвинителниот акт на 30 декември 2005 година, приквечер кај кафеаната "Нецко" на влезот во Штип, Нада Цветановска била фатена од полицијата со обележани 10.000 евра. На судењето Цветановска го негираше делото.
"На Методи му дадов на заем 5.000 евра уште во текот на септември. Сведоци за тоа, за жал немам. Но, се договоривме до крајот на годината да ми ги врати. Пред нова година неколку пати му се јавував да ми ја врати позајмицата. Дури на 30 декември на телефон ми се јави Методи. Од дома отидов со такси и на возачот му кажав дека ќе одам да си земам пари што ги имав дадено на заем. На булеварот "Гоце Делчев", на влезот во Штип, до таксито дојде Миладинов, ми даде ќесе и си замина. Тогаш дојде полицијата и ме приведоа. Подоцна, кога се отвори ќесето, се виде дека нема пет туку десет илјади евра. Цела ноќ во полицијата ме тераа да потпишам некаков записник. Тоа го одбивав. Утредента кога ме носеа кон судската зграда биле повикани и камери, што значи дека се било однапред организирано", рече во судот Нада Цветановска, која за време на истражната постапка се бранеше со молчење.
Вчера попладне требаше да сведочи и Методи Миладинов, по чија пријава дека Цветановска му барала поткуп од 10.000 евра, скопската полиција организирала банкнотите да ги одбележи и таа да биде фатена на дело.
(Ј. Т.)
[/FONT]
 

I am a bitch

Мачкица
Член од
24 февруари 2006
Мислења
2.016
Поени од реакции
2
Eден загинат, еден повреден во сообраќајка кај Велес

Велес, 28 март (МИА) - На автопатот Велес-Скопје, кај наплатната рампа езеро Младост претпладнето околу 10 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која има еден загинат, а еден е тешко повреден.

Според истражниот судија од Основниот суд Благој Нечев, сообраќајката се случила кога патничкото моторно возило Даево Леганса со регистарски таблички ВЕ 777 БЕ, сопственост на "Велес табак" од Велес управувано од Димче Тодоровски излетало од коловозната лента, се превртело неколку пати и застанало на кров. Во возилото сопатник бил Благој Шоптрајанов кој починал на местото на несреќата.

Димче Тодоровски по несреќата е пренесен во Медицинскиот центар во Велес, но поради сериозноста на повредите на главата, префрлен е на Клиничкиот ургентен Центар во Скопје. И двајцата патници се од Велес и биле колеги правници, кои службено патувале во Скопје. Преземени се истражни дејствија од страна на полицијата и истражниот судија, за да се утврди причината за сообраќајката.
 

VIRTUAL

knowledge is power
Член од
4 мај 2006
Мислења
327
Поени од реакции
2
Zamislete do kaj odi coveckiot mozok i vlianieto vrz nego:


Малолетниците Д.С. (16) и неговиот врсник А.С. од Ниш - Србија, во истрагата признаа дека филмот "Ране" ги инспирирал за бруталното убиство на Милош Кринич (15) кое го извршија во минатата 2005 година.

Тинејџерите кои признале дека се поистоветувале со Пинки и Шваба, главните јунаци од филмот на Срѓан Драгојевич, со месеци го планирале ова и на крај го направиле.

Несреќникот на сила го извлекле од дома и го однеле во подрум, каде што го врзале со лисици и му ставиле фластер преку устата. Како што кажале, смртно го претепале со камен и пиштол, а покасно од неговиот татко, со помош на Мирослав Момирович (20), се обиделе да извлечат пари. Телото на претепаното момче е пронајдено шест дена по убиството.

По примерот на своите филмски идоли Д.С и А.С. веќе од 13 години започнале со ситни престапи и многу брзо станале познати фаци на Нишката полиција. Со покојниот Милош оделе заедно на училиште, но набрзо се избркани поради агресивно однесување.

Пријателите сега се во притвор каде што ги испитуваат психијатарски вештаци. Без разлика, што овие лица се малолетни, обвинителот ќе бара против нив да се поднесе кривична пријава и барање за лежење во малолетнички затвор, а не само поправни мерки, бидејќи направиле злочин од многу тежок ранг.​
 
Член од
27 февруари 2006
Мислења
1.356
Поени од реакции
9
Утринава во Охрид имало пресметка со огнено оружје, па до кога ке се случува ова кај нас. Да не можеш еден ден да си прошеташ слободно како човек во ова наша држава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom