Црвенокоси

M

Muranyi

Гостин
Неколку факти кои ги прават црвенокосите толку посебни и толку посакувани: само 1-2 проценти од светската популација се природно црвенокоси,а најмногу црвенокоси има во северна и западна Европа со околу 2-6 проценти од популацијата.Тоа ја прави природната црвена боја на косата најретко застапена меѓу луѓето.Конкретно во Шкотска 13 проценти од населението поседува црвена коса.Научниците претпоставуваат дека црвената боја на косата има поврзаност со бројот на сончеви денови.

Меѓу луѓето е застапено верувањето,уште од средниот век,дека црвенокосите поседуваат жесток темперамент и се остри на јазик,а истотака се споменуваат како најстраствени кога се работи за сексуален перформанс.Затоа,уште во средниот век црвенокосите жени кои поседувале и зелени/сини очи биле сметани за вештерки,врколаци и вампири.Дури и биле спалувани поради својата боја на косата и нудени како крвни жртви во многу ритуални обреди.

Многумина велат дека плавите биле уникатни и лесно упадливи во очи поради бојата на својата коса.Јас не се согласувам со тоа,напротив плавите ми се веќе сосема секојдневни и толку многу изживеани и надминати,веќе е тренд секоја жена барем еднаш во животот да биде плава.Сепак нема ништо што е побезобразно секси и толку уникатно,маркантно и неодоливо шармантно како што е црвенокоса девојка која остава впечаток дека се движи како божица меѓу толпата обични смртници.Црвеното е симбол на страст,сексапил,самодоверба и убавина.

 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Имам 8 прсти, не ми продавај фори за 9 инчни нокти :pos:
Мислев нема да приметиш дека не сум јас. :icon_lol:
Него еве ја мојата нијанса на црвена, и не, не сум природна црвенокоса. За жал :(


Хеленчето ми :love:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.701
Поени од реакции
13.357
Требаше да видам кој ја отворил темата за да не помислам дека е политичка.
Покрај гореспоменатите, исто убаво е да се спомне
Susan Coffey
susan.jpg

Brianna Herrera
brianna.jpg

Candice Alice (los chikitas plastikos)
candice.jpg

Shaun Tia
shauntia.jpg
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Имам пробано и за жал ко лисица бев, 10 години постаро изгледав.
1354426-bigthumbnail.jpg
1471132-bigthumbnail.jpg Red-Hair-dye-Ideas-Images.jpg
 
R

Rigel Kent

Гостин

--- надополнето: 3 декември 2013 во 14:42 ---

--- надополнето: 3 декември 2013 во 14:43 ---
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.162
Поени од реакции
13.767
темава е за природни црвенокоси или за сите?
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
На црвенокосите не им се посветува многу внимание оти баш и ги нема многу кај нас. Зборувам за природни црвенокоси. Имало повеќе истражувања за бројноста на автохтоно население со црвена боја на коса низ Европа и кај нас изброиле помалце од 1%. Што и ми изгледа точно. Дали сум сретнал 20-30 души со црвена коса во мојот живот...

Природни црвенокоси девојки ми се многу привлечни, но малце потешко се наоѓаат, па во последно време развив и некоја склоност кон црвено обоени девојки, иако во глобала сум љубител на природно влакно. Дел од причината за восхитот веројатно лежи и на друго место. Црвената коса сум ја гледал и како еден вид карактерна особина. Треба храброст да станеш црвенокоса.

Не знам зошто, но кога се мажите во прашање, имам впечаток дека во медиумите се форсира некоја слика за црвенокосите мажи како непривлечни. На колку познати црвенокоси машки секс-симболи може да ви текне во моментот? А на колку женски? Можете ли да направите разлика?

Иако може да се види нешто почесто (кај мажите честопати брадата знае да биде нешто поразлична од косата), највпечатлива кај мажите ми е црвена брада. „Е то е муш, ебате!“ што би рекол Тошо Малерот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom