Центар на внимание

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
*When lights go down... *

Добар ден, еве едно прашање за сите вас т.е. повеќе прашања, али таа е тематиката.

Што мислите, кој го предизвикува овој феномен и што игра поголема улога на крај краева, мислењето на јавноста или форсирањето од страна на медиумите по секоја цена? (пр. Знам дека знаевте дека ќе го пишам Б13ката)

И друго, сакате ли да бидете во центар на внимание, дома, во друштво, на улица и слично, уживате во тоа итн итн итн.

Изволте...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Многу мразам лигуши кои сакаат да бидат во центар на внимание. А такви фаци ко боки13 (за инает го пишав со мали букви!) ич не сакам и одвратни ми се зато шо од што сакаат да привлечат внимание одат и се испедераваат и носат нови трендови, а една негова гостинка рече - Боки, камо сите да беа ко тебе!
И ич не сакам да бидам центар на внимание. Ама зависи и каков центар...некој ќе рече - зад добар коњ прашина се крева.
За жал општествово е полно со ЦЕНТАРИ, луѓето дури и измислуваат трагедии само за да бидат сожалувани и бедни.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
И да нејќам да сум, сепак сум центар на внимание зашто косата моја ја гледаат како атракција, знам да се позафркавам, веднаш стекнувам пријателства и така останувам центар на внимание. Добро е што дома не сум центар на внимание. Така си имам најголема приватност (= Во друштво ги мењаваме улогите
 
С

Сатори

Гостин
*When lights go down... *

Добар ден, еве едно прашање за сите вас т.е. повеќе прашања, али таа е тематиката.

Што мислите, кој го предизвикува овој феномен и што игра поголема улога на крај краева, мислењето на јавноста или форсирањето од страна на медиумите по секоја цена? (пр. Знам дека знаевте дека ќе го пишам Б13ката)

И друго, сакате ли да бидете во центар на внимание, дома, во друштво, на улица и слично, уживате во тоа итн итн итн.

Изволте...
Основната причина поради која што воопшто егзистирам.:vozbud:
And is lovely to have someone on your back while your doing it ... getting "the lights on you" I mean.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Кој го предизвикал овој феномен искрено не знам.Ваљда од глобалното затоплување.

А не сум никогаш и немам желба да бидам во центарот на вниманието.Одма ке се поцрвенам знам. Од страна така:)

И прилично ме нервираат такви особи.
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Леле,ке се убијам:nesvest: ја тупев ден-два ваква тематика,ама незнаев како да ја крстам,арно ти текна!За темава би можела да пишувам со денови,зошто имам инспирација од некои мои школски,кои сакаа да бидат во центаро на вниманиет ама буквално секогаш!Ако треба на глава ке стоеа,само да ги забележиш и да ги прашаш нешо,да ги пфалиш,колку се убави,ово-оно!Ке се собереме на една клупа,на одмор и они на цел глас ке зборуваат,да ги слушнат и во ходник,дека си купиле нови фармерки,обетки,блузи и бла-бла!Ако не им ги пофалиш денес фризурите(минимум еднаш),цел ден ке се моткаат окулу тебе,како мува на гомно и ке си ги факаат косите,и ке те прашуваат дали им штрчи влакно:tapp:
Ке пејат,ке врескаат,ке се кикотат на цел глас,се ке направат да бидат ЦЕНТАР ПАЖЊА!Но,шо е претеризам е ПРЕТЕРИЗАН,СТВАРНО:nesvest:
Понекогаш секој посакува,барем малце да биде во центарот на вниманието на другите,но во граници на нормалата,но не СЕКОГАШ!Како некои ТВ фаци или пејаци,актери шо прават,пр-боки 13,кои немаат доволно квалитети да покажат и дарба и незнаат како да привлечат внимание на народот,тв,печатот,па прават глупости,ексцентрични работи ги полнат списанијата со секакви фотки и трачеви за нив,зошто само на тој начин ке го привлечат овој народ да им посвети внимание,а не со нивната работа и дело!Многу сум против тоа,мама стално убаво ми вика,се до граница и НЕМОЈ ДА БИДЕШ МЕЗЕ НА НАРОДОТ;ДА ТИ СЕ СМЕАТ!!!
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Па не баш дека имам некоја голема желба да сум во центар на вниманието но некогаш тоа доаѓа онака спонтано, ако се експонираш со муабет и си интересен за останатите секако дека ќе те слушаат, способност е тоа до некој степен.

И не ме нервираат такви личности, не гледам зошто би ме нервирале, освен ако постојано, нападно зборуваат за себе премногу егоистично без воопшто да ги слушнат другите какви размислувања имаат.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Има разлика кога си во центар на внимание како личност и има разлика кога правиш се за да бидеш во центар на внимание (ја колку што сфатив вие како да зборувате за вториве)...

Разликата е во тоа што вториве не се во центар на внимание туку очајно се трудат да бидат во центар на внимание и не признаваат никакви правила ни граници за да ги остварат своите бедни замисли-на крај испаѓаат глупи што во суштина и се.
А првите пак не прават ништо за да стигнат до центарот затоа што тие едноставно се таму...со самата своја појава пленуваат и местото им е ослободено.

И нормално дека сакам да сум во центарот на вниманието. Сакам кога сите се околу мене, сакам кога ми аплаудираат, сакам кога ми посветуваат внимание... и не гледам ништо лошо во тоа.
 
V

Viktoranius

Гостин
Центар пажнја како што би рекле соседите.

Па зависи до ситуацијата, некогаш сакам да бидам во центарот на вниманието, али понекогаш сакам да бидам неприметлив. Се зависи до местото и луѓето.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Има разлика кога си во центар на внимание како личност и има разлика кога правиш се за да бидеш во центар на внимание (ја колку што сфатив вие како да зборувате за вториве)...

Разликата е во тоа што вториве не се во центар на внимание туку очајно се трудат да бидат во центар на внимание и не признаваат никакви правила ни граници за да ги остварат своите бедни замисли-на крај испаѓаат глупи што во суштина и се.
А првите пак не прават ништо за да стигнат до центарот затоа што тие едноставно се таму...со самата своја појава пленуваат и местото им е ослободено.

И нормално дека сакам да сум во центарот на вниманието. Сакам кога сите се околу мене, сакам кога ми аплаудираат, сакам кога ми посветуваат внимание... и не гледам ништо лошо во тоа.
Колку точно.Исто како јас да сум го пишала ова.
Луѓето како Боки13,не можат на никаков друг начин,освен глупирање и себепонижување да бидат во центарот на внимание,но нив не им е битно,битно ќе бидат зборени,ако треба голи ќе се шетаат по плоштад.

Има луѓе кои се паметни,интересни,секогаш имаат нешто паметно или интересно да кажат,имаат шарм и харизма и според мене заслужуваат да бидат во центарот на внимание.

Јас?Не викам дека не сакам,сакам.Ама не по секоја цена.Не се глупирам,не се понижувам себеси,само за да бидам во центарот на вниманието.
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Море ме окапавте феномен та феномен:baeh:
А инаку јас не сум у центар на внимание а и ме нервираат такви типки и типци:helou:
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Па сите сакаат да бидат во центарот на вниманието,нема човек што не сака,само разликата е во тоа што некои се опседнати со тоа да бидат во центарот,и прават се само да ги запленат погледите на другите.

Колку само ми е жал за напатените душички кои имаат недостиг на внимание,па мора да прават циркус за да некој ги види,за да бидат “главните“,дури и сум се сретнала со толку очајни потези до тој степен,што не им ни текнало да се прашаат дали вреди за внимание од некој друг да испаднам будала пред сите.

Јас признавам, сакам да бидам во центарот,ми го билда егото тој момент,кога знам дека сите мене ме слушаат, у мене гледаат,ама кога сум у центар на внимание заради мене,заради онаа природна-нормална-неизвештачена јас.
Немам намера да правам глупости за да бидам видена,напротив,тогаш сакам да сум невидлива,не се преправам за да ме приметат,се помирувам со фактот дека некогаш не сум само јас.Ако биде-биде,ако не никому ништо.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Леле темиве...:) трагикомедии
Центарот на внимание кај мене варира,т.е јас бирам кога е поумно да бидам набљудувач од страна и атракцијата на вечерта. Многу ова би го сфатиле како неспособњакович да се прилагоди на друштвото и околината но верувајте,некогаш подобро е да се правиш глувонем:)Иако некои квази толкувања за Лавовите велат дека сакаат да бидат опсипани со внимание и да бидат центарот на внимание,јас воопшто не патам од тоа. Знам дека сама по себе сум интригантна,не треба да се наметнувам. Лол. :pos:Само не ми го земајте последниот збор :nesum::pos:
A што имам да кажам за луѓето кои секогаш сакаат да бидат центар на внимание по секоја цена?Ма дозволете им го тој ray of fucking sunshine кога животот им егзистира само од тоа,сетете се само на тоа дека еден ден ќе бидат грди збрчкосани ,ќе имаат алопеција,и со малку среќа ќе фатат сида или Алцхајмер:pipi:Веднаш светот добива розова нијанса.
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
Па сите сакаат да бидат во центарот на вниманието,нема човек што не сака,само разликата е во тоа што некои се опседнати со тоа да бидат во центарот,и прават се само да ги запленат погледите на другите.

Колку само ми е жал за напатените душички кои имаат недостиг на внимание,па мора да прават циркус за да некој ги види,за да бидат “главните“,дури и сум се сретнала со толку очајни потези до тој степен,што не им ни текнало да се прашаат дали вреди за внимание од некој друг да испаднам будала пред сите.

Јас признавам, сакам да бидам во центарот,ми го билда егото тој момент,кога знам дека сите мене ме слушаат, у мене гледаат,ама кога сум у центар на внимание заради мене,заради онаа природна-нормална-неизвештачена јас.
Немам намера да правам глупости за да бидам видена,напротив,тогаш сакам да сум невидлива,не се преправам за да ме приметат,се помирувам со фактот дека некогаш не сум само јас.Ако биде-биде,ако не никому ништо.
ЕЕЕ за тоа ти зборам,за некои болни по внимание како моите дотични школски,ако го прочита мојот пост погоре!
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Што мислите, кој го предизвикува овој феномен и што игра поголема улога на крај краева, мислењето на јавноста или форсирањето од страна на медиумите по секоја цена? (пр. Знам дека знаевте дека ќе го пишам Б13ката)
Веројатно кога ќе се јави желбата да се истакнеш и да покажеш дека не си никој и ништо одма тоа води кон медиумски експонирања, правење будала од себеси ( еве Б13ка кога веќе го спомна ) и сервирање на јавноста на не толку јаки страни како пеење ( дем... Табу, Елвир, Џеј Џеј...? ), глума ( Бејби шоу булшит фуј ).
Но, ова и не е толку лошо во споредба со фактот дека младинава дивее по овие новопечени славни фацки, женските рипаат на сцена за да го пољубат Елвир ( кој патем речено нема никаков однос со публиката ) и девојчиња паѓаат на колена за да добијат број од Викторче ружно афро ( не знам колку ова уште се практикува, ама пред 2-3 години беше доста честа појава ) итн.

Не дека нема исклучоци кои навистина поседуваат талент, но сега не станува збор за нив.:)

И друго, сакате ли да бидете во центар на внимание, дома, во друштво, на улица и слично, уживате во тоа итн итн итн.
Секако дека сакам да бидам заблежана, впечатлива за околината, но не и да изигравам дворски шут за таа цел.
Преферирам да им се допаднам на луѓето таква каква што сум, со талентот, интелектот, изгледот и сл. што ми е на располагање, а не со претерувања и глумење лудило.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom