- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 12.774
- Поени од реакции
- 9.900
Фушерајски е сигурно,не само таа фирма,сите така работат.Додуша за таа конкретно незнам,ама трасата на работа е таа.Поевтини материјали,уштеда на квалитет и збирштина од работници.Тие што ја знаат струката се 90% надвор,така да овдека работат пред пензија луѓе и учено недоучено да се призамачка само.Дали некој има инфо за градежните работи во Порта Инжињеринг - Порта рединенс. Јас како купец на стан не можам да проверам како се одвиваат работите од страна на мајсторите бидејќи на нас купците ни е забранет пристап во зградата. Имаме некои информации во групен чат на вибер и слики кои можеби не се од нашиот објект но ни се презентирани како такви, дека внатре се извршувале многу фуш работи од страна на мајсторите и дека голем дел од материјалите кои ни беа презентирани пред купување на становите се изменети, како влезна врата на пример. Исто така имаме инфо дека на некои станари им биле погрешно лепени плочки, лошо изведувани гипсарски, електичарски, водоводџиски работи, изведба на фасада без стега со типли и др. бидејќи се било работено без надзор и контрола. Има и муабети дека поради промена на цени на некои материјали се компезирало со други и дека се било импровизација во ек на извршување на работите. Можеби сето ова е дезинформација и е сведено на шпекулации меѓутоа како купец не можам да се уверам во спротивното. Кажано ни е дека становите можеме да ги видиме на предавање, но тоа што ни го кажуваат и презентираат некои како лоша и ФУШ изведба од страна на ПОРТА ИНЖИЊЕРИНГ може да биде нашминкана и скриена од нашите не стучни и наивни очи. Пак ќе напоменам може се е ова шлифувано и не точно меѓутоа јас како купец НЕМАМ УВИД во тоа што се случува во градбата што ние сме животно инвестирале и дека можноста сите овие ФУШ изведби до предавање да бидат нашминкани и скриени од нашите не стручни очи за време на предавањето.