Хм..има некое објаснување зошто навистина е цензуриран? Претпоставувам дека таа дејност ја врши некој одсек од советот за радиодифузија? Што се однесува до текстуалнте пораки во спотот, првата е баш Орвеловска, но онаа втората - да живее смртта - провоцира малку, да не прајме муабет колкава слобода на толкување имаат овие зборови, до најрадикални граници. Она прво што ми проструи низ мозоков кога го догледав спотот е Горазд како парадокс во целата замисла на овој аудио-визуелен проект. Се прашувам колку во реалноста членовите го делат прикажаниов став...