Тиф-от го поседува секоја кола, го даваат од фабрика во Германија. Незнам дали имаш намера да го купиш возилото од плац или од приватно лице... сеедно е, битно е да го добиеш на лист. Тиф-от е лифче во кое се наведени техничките податоци на возилото. Е сега, ако го купуваш од плац, сигурно нема да ти го дадат, со цел да заштедат на цена. Па таму треба да си го побараш. Ако го купуваш од човек, најчесто во папката со документацијата за возилото (сервисна книшка, книги за користење, дрн дрн) го има и него. Така да само треба да го побараш. Немора да одиш специјално до Минхен за да ти го пратат. Шо значи, и да нема тиф твоето возило, од такво исто на авто плац можиш да го купиш (пример велиме) и да си бркаш работа.