Хунза масло од горки семки од кајсија

Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Ова масло содржи огромен процент на природно создаден Б-17 во својот состав. Б-17 го нарекуваат уште и амагдалин или лаетрил од она што досега е познато - најмоќниот сојузник во борба против карциномите! Нашето тело постојано создава канцерогени клетки, кои во нормални услови веднаш се уништуваат од страна на имунолошкиот систем. Но, во случај на голем стрес, исцрпеност или слабост, размножувањето на овие клетки е преголемо за да биде совладано од имунолошкиот систем. Тогаш е потребен Б-17. Тој веднаш застанува на страната на човековиот имунитет и директно ги напаѓа клетките на канцерот! Една молекула на Б-17 е составена од 2 единици шеќер,1 единица бензалдехид и 1 единица природно создаден цијанид, сместен и заклучен меѓу спомнатите 3 атоми. Ако во организмот нема канцерогена клетка, овој затворен цијанид не се отклучува воопшто и е потполно безопасен за човечкиот организам. Него може да го отклучи само ензим што го лачи канцерогена клетка, и само во допир со тој ензим се случува реакција која го ослободува најголемиот познат борец против малигните клетки! Познато е дека малигните клетки сакаат шеќер и затоа веднаш се лепат за 2-те единици на шеќер, содржани во Б-17, не знаејќи дека во овој случај, шеќерот со себе носи и моќен убиец, кој во целост ги уништува. Затоа, со право се вели дека маслото од семка од кајсија е најмоќниот сојузник во борба против ракот! А притоа и лесно достапен и создаден од природата!
- Pa spodelete iskustva tie shto go imate koristeno !!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Ако му нудат на болниот хемо или радијација, нека ги прифати, ако јас се прашувам медиумите што ќе објават вакви срања поврзани со лекување на рак би ги затворил перманентно. Го имавме користено и ова и никаква помош, ама апсолутно никаква и уште еден куп од тие алтернативните срања, се е смислено на начин да му извадат на семејството на болниот уште некој денар на маката.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Нашето тело постојано создава канцерогени клетки, кои во нормални услови веднаш се уништуваат од страна на имунолошкиот систем.
....ауууу ова не сум го знаела !:eek:
Една молекула на Б-17 е составена од 2 единици шеќер,1 единица бензалдехид и 1 единица природно создаден цијанид, сместен и заклучен меѓу спомнатите 3 атоми.

...амигдалин е цијаниден гликозид...познат ли е зборот цијанид? тоа е отров....ОТРОВ, значи цијанидни гликозиди се отровни гликозиди !...

Ако во организмот нема канцерогена клетка, овој затворен цијанид не се отклучува воопшто и е потполно безопасен за човечкиот организам.!

... еве пример што прави цијанидот со таква индикација за „уништување на канцерогената клетка“ ...апсолутно не се сложувам со ОВА конкретно алтернативно лечење, не знам кој вака ве лаже, невидени невистинити опасни по живот побрзо ќе се затруе органзимот од цијанидот отколку што ќе го убие канцерот ! :несвест:

Него може да го отклучи само ензим што го лачи канцерогена клетка, и само во допир со тој ензим се случува реакција која го ослободува најголемиот познат борец против малигните клетки!
... дали може да се знае кој е тој ензим? што други клетки не го лачат туку само канцерогени клетки? :toe:
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
BS, stay away.

Ако сакаш алтернартивни извори за суспстанци кои имаат релативн успех гледај во пошироко испитуваните супстанци - кои имаат доста квалитетни студии позади себе,

D3
Zinc
Resveratrol
EGCG
Turmeric
Luteolin
Tocotrienol
Boswellia
Broccoli sprouts
NAC
MethylSelenocysteine
IP6
Na R - ALA
Garlic Extract
Ginger Extract
Black Seed extract
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
BS, stay away.

Ако сакаш алтернартивни извори за суспстанци кои имаат релативн успех гледај во пошироко испитуваните супстанци - кои имаат доста квалитетни студии позади себе,

D3
Zinc
Resveratrol
EGCG
Turmeric
Luteolin
Tocotrienol
Boswellia
Broccoli sprouts
NAC
MethylSelenocysteine
IP6
Na R - ALA
Garlic Extract
Ginger Extract
Black Seed extract
Најдобронамерен совет до тебе, не давај совети за лекување на човек болен од рак, овие работи што ги имаш наброено ти гарантирам дека не лекуваат рак, можеби ќе поможат да му се подобри имуниот систем, но под знак прашање е и тоа, особено ако се работи за поагресивен тип на канцер и понапредна фаза. Најдобро е она што им кажува лекарот или евентуално од алтернативите само масло од канабис (напомена, не она што се продава во продавници за здрава храна, туку масло што содржи ТХЦ, демек има такво сега во аптеките, али не знам колку е и тоа добро, најдобро совет со некој што го користел), ако не има туторијали на интернет како да го направат самите, опасен процес е, али изводлив кога се работи за спас на човек.
Друга работа е кето диета и фастинг, не толку за лекување, колку за да го забави ширењето, демек после одреден период со гладување на клетките од канцерот и не внесување на шеќер ќе почнат да умираат, но сепак ова само како плус превентивна мерка и промена во начинот на исхрана, а се друго како што пишав и погоре.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Janko Jadi Burek imashe emisija za maslovo i dopolnitelno ke ima emisii so strucni lica za da go analiziraat istoto, na dosta lugje mu pomognalo, zatoa napraviv tema za istoto da chueme mislejna, soveti, iskustva..
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Најдобронамерен совет до тебе, не давај совети за лекување на човек болен од рак, овие работи што ги имаш наброено ти гарантирам дека не лекуваат рак, можеби ќе поможат да му се подобри имуниот систем, но под знак прашање е и тоа, особено ако се работи за поагресивен тип на канцер и понапредна фаза. Најдобро е она што им кажува лекарот или евентуално од алтернативите само масло од канабис (напомена, не она што се продава во продавници за здрава храна, туку масло што содржи ТХЦ, демек има такво сега во аптеките, али не знам колку е и тоа добро, најдобро совет со некој што го користел), ако не има туторијали на интернет како да го направат самите, опасен процес е, али изводлив кога се работи за спас на човек.
Друга работа е кето диета и фастинг, не толку за лекување, колку за да го забави ширењето, демек после одреден период со гладување на клетките од канцерот и не внесување на шеќер ќе почнат да умираат, но сепак ова само како плус превентивна мерка и промена во начинот на исхрана, а се друго како што пишав и погоре.
Она што го кажува лекарот, нема врска горе доле со суплеметните. Што ако хемото не реагира? нека си иде пак на терапија, овие се независни од неа, додатоци на истата се.

Не можеш да гарантираш за нешто што има еден тон докази, со дупло слепи студии. Она што те буни е што не постои еден ист канцер, секој е различен и уникатен па затоа не секогаш делуваат, исто како што и кемо не секогаш делува, така да излишно е да се дискутира на оваа тема веќе не сите канцери се напредни, не секој пациент е во иста фаза, она што секој треба да го направи е да проба што повеќе различни методи.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089

нејасно е што подразбираш под тоа -различни методи-.
Регуларно лекување со лекарски надзор, заедно со некои додатоци, ок. Само додатоци нема шанси.
Можеби маслово да помага за други состојби не знам, но за ракот, наместо некакви "студии", добро е да ја погледнеме реалноста.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
нејасно е што подразбираш под тоа -различни методи-.
Регуларно лекување со лекарски надзор, заедно со некои додатоци, ок. Само додатоци нема шанси.
Можеби маслово да помага за други состојби не знам, но за ракот, наместо некакви "студии", добро е да ја погледнеме реалноста.
Ајде да видиме, која е реалноста наведи примери.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ајде да видиме, која е реалноста наведи примери.
примери каде луѓе секојдневно умираат од рак? Или примери за ликови на кои им биле на дофат сите можни терапии и суплементи и пак си умреле од рак. Или успеале да "проживеат" извесен период и пак им дошол крајот.
За гравиолата како додаток, какви брда и долини ветуваат. За варуминот, јаворовиот сируп и сода бикарбонатот, амазонска мачја шепа, рскавица од ајкула, трева и течност од овес...Кеплер ти спомна конкретно, да не го повторувам.
Или мислиш на други примери?
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
да ти наведам примери каде луѓе секојдневно умираат од рак? Или примери за богати на кои им биле на дофат сите можни терапии и суплементи и пак си умреле од рак? Или успеале да "проживеат" уште некоја година и пак им дошол крајот? Прочитај за гравиолата како додаток, какви брда и долини ветуваат. За варуминот, јаворовиот сируп и сода бикарбонатот, амазонска мачја шепа, рскавица од ајкула...
Кеплер ти спомна конкретно, да не го повторувам.
Или мислиш на други примери?
Ова е шала или? кој од неведените глупости кои ги напиша, ги виде наведени од моја страна и каде во мојост пост набројаните додатоци кои ги напишав, се наведени како 100% ефикасни канцер терапии, се предложени како замена за хемо, или пак спомнав дека можеби не треба да се иде на истата терапија?

Прочитај што напишав.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Ова е шала или? кој од неведените глупости кои ги напиша, ги виде наведени од моја страна и каде во мојост пост набројаните додатоци кои ги напишав, се наведени како 100% ефикасни канцер терапии, се предложени како замена за хемо, или пак спомнав дека можеби не треба да се иде на истата терапија?

Прочитај што напишав.
погрешно ми препишуваш зборови кои не ги користам, како по обичај. На пример "се наведени како 100% ефикасни канцер терапии" не сум напишал во контекст на твоите муабетења никаде. Ти велиш вака
Ако сакаш алтернартивни извори за суспстанци кои имаат релативн успех гледај во пошироко испитуваните супстанци - кои имаат доста квалитетни студии позади себе
Она што го кажува лекарот, нема врска горе доле со суплеметните. Што ако хемото не реагира? нека си иде пак на терапија, овие се независни од неа, додатоци на истата се.
и споменуваш различни методи. Нејасно е што ти значи тоа и во што "релативен успех". Друго што е чудно, стално се поткрепуваш со некакви си студии (да не разглабаме за студии, колку се потплатени и контрадикторни). Понатаму, велиш лекарот нема врска со додатоците што е исто така чудно и без некој основ.

Значи пред се што ти значат додатоците кои си ги навел. Некој што го познаваш се излекувал од канцер врз основа на брокули, цинк и лук? Или со лекарски терапии, хемо радио фаза и додатоци за општата состојба на пациентот? Дали целиш дека додатоците го "убиваат" ракот? Нејасно е пишано, не знам што е поента со наведување на т.н. суплементи.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
1. Не секоја хемотерапија е ефикасна, дури и да е на старт, не е реткост да се случи канцерот да мутира и да стане отпорен на таа терапија, заради тоа после мора да се бараат алтернативни решенија.

2. Не, токму ти тоа го правиш - ставаш зборови, а за тоа има доказ на темава. Јас набројав други додатоци, кои се добро познати анти канцер агенти, додека ти наброја змиски масла со многу малце дата како поткрепа на нивото дејство.

3. Лекарот нема врска, затоа што самите лекари не знаат скоро ништо за суплементи, додатоци, и слично.....не зборам дека не треба да се консултираш, него дека 2-та методи се независни еден од друг. Се прават паралелно, со пауза измеѓу деновите кога се прима терапија, дента кога се зрачи пациентот, не пие никакви суплементи.

4. Релативен успех значи дека нема гаранција за ефикасноста на нити еден суплемент/терапија, кој ќе ти каже друго живее во заблуда, додатно релативен успех значи,

a) Ефикасност воопшто, дали тој канцер е подложен на сузбивање од дадениот суплемент (затоа се користат повеќе - доаѓа до синергија и помала шанса за отпорност)
b) Времето потребно за реакција на тој суплемент врз дадениот пациент/канцер
c) Фазата во која се наоѓа пациентот
d) Потенцијалната мутација на канцерот и стекнување оптпорност кон таа супстанца
e) Времето останато да се тестираат нови методи (други суплементи) неретко нема доволно време за да се види на што реагира дадениот пациент/канцер

И ред други фактори.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
1. Не секоја хемотерапија е ефикасна, дури и да е на старт, не е реткост да се случи канцерот да мутира и да стане отпорен на таа терапија, заради тоа после мора да се бараат алтернативни решенија.
.
кои се тие алтернативни решенија.
3. Лекарот нема врска, затоа што самите лекари не знаат скоро ништо за суплементи, додатоци, и слично.....
не знам од кај толку сигурност во ова. Баш на онкологија имаше лекари кои знаеја што и како од додатоци за подобрување на општата состојба, така да не знам ова колку ти држи.
4. Релативен успех значи дека нема гаранција за ефикасноста на нити еден суплемент/терапија, кој ќе ти каже друго живее во заблуда, додатно релативен успех значи,

a) Ефикасност воопшто, дали тој канцер е подложен на сузбивање од дадениот суплемент (затоа се користат повеќе - доаѓа до синергија и помала шанса за отпорност)
b) Времето потребно за реакција на тој суплемент врз дадениот пациент/канцер
c) Фазата во која се наоѓа пациентот
d) Потенцијалната мутација на канцерот и стекнување оптпорност кон таа супстанца
e) Времето останато да се тестираат нови методи (други суплементи) неретко нема доволно време за да се види на што реагира дадениот пациент/канцер
да не должиме, пак си нејасен што ти е поентата. Ова што го наведуваш е за доктор или специјалист во онкологија така да за вистинитоста на абцд прашај ги овде неколкумината доктори.

Ако сакаш да се изјасниш конкретно - дали ти сметаш дека со тие што ги нарекуваш суплементи е можно да се излечи ракот? Дали некој се излечил исклучиво со додатоци? Конкретно овде, во Македонија...дали познаваш такви случаи и дали се навистина излекувани или се прогнозирано во фаза на подобрување на состојбата извесен период.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
кои ти се тие алтернативни решенија
не знам од кај толку сигурност во ова. Баш на онкологија имаше лекари кои знаеја што и како од додатоци за подобрување на општата состојба, така да не знам ова колку ти држи.
да не должиме, пак си нејасен што ти е поентата.
Ако сакаш да се изјасниш конкретно - дали ти сметаш дека со тие што ги нарекуваш сиплементи е можно да се излечи ракот? Дали некој се излечил исклучиво со додатоци? Конкретно овде, во Македонија, не студии не триали, не Мајк од Флорида...дали познаваш такви случаи и дали се навистина излекувани или се во прогнозирана фаза на подобрување на состојбата извесен период.

Зошто да се лечи само со суплементи? каде пишува дека мора само со суплементи да се лечиш? фината е што повеќе работи да употребиш во своја полза, колку повеќе толку поголема шанса за преживување. Секој канцер може да се излечи, ама не секој пациент, или на кратко секој канцер е уникатен, и е различно подложен на ефект од различна супстанца, најчесто додека да се открие што е тоа веќе е касно - или пак доаѓа до мутација, и времето останато е многу кратко - има сигурно многу случаи кои се излечиле со тревки, додатоци, и што уште не ама тоа е во неконтролирани услови, и тука не може да се исклучи плацебото.

Сакаш ли да пробаме, да идеме на доктор заедно, и да ги прашуваме за суплемените кои ги набројав, и да видиме колку од нив ќе бидат запознаени со нив, или ќе предложат и ќе се согласат со нивна употреба, воедно ти кога си болен/настинат како се лечиш, може ли да ни кажеш?

Не, јас не сум нејасен, само твојата потреба да негираш нечиј нечив став е поголема од јасно наведените мои ставови, ме ставаш у ист кош со продавачите на змиско масло, иако ти кажав дека за канцер нема јасно ефикасни методи - хемото има најголем процент на успех генерално, и често треба да биде прва опција.

Друго, сакаш да ми кажеш дека рандом пациент во неконтролирани услови, и неговото лечење од канцер е поголем доказ за дејството на одредена супстанца - наспроти рандомизирана дупло слепа студија од највисок квалитет?

За крај, суплементи кои имаат минимални ако не и непостоечки несакани ефекти, се добредојдени во секоја терапија/исхрана, ама нели не сите читаме рандом портали и веруваме во статии како сланината е здрава, така да јасно ми е дека нема да се согласиш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom