Штотуку прочитав на интернет дека Кожувчанка донирала 50.000 вода за Србија, а Пелистерка 225.000 литри кои ќе стигнат утре. Огромен гест од двете компании и потег за поздравување.
Под овој наслов српските медиуми се заблагодаруваат за помошта која доаѓа од Македонија. Освен војската и помошта од Владата во Србија се и доброволци од цела Македонија кои самите заминале и се пријавиле да помогнат.
Веќе заминаа група волонтери од Куманово, помош пристигна и од Црна Гора, Хрватска, Русија. Според некои податоци велат дека Црна Гора и Макеоднија испратиле повеќе помош од сите европски земји заедно, се коментира на социјалните мрежи.
Премиерот Вучиќ лут на Европа и порача – Ако мислите навистина да праќате помош пратете сега. Не да ни давате 10, 20 30 илјади евра ни требаат чамци и хеликоптери за да ги спасиме луѓето.
Кожувчанка испрати 2 шлпера со питка вода. Отворени се броеви за донации од сите мобилни оператори а утре масовна акција за донирање на најнеопходна помош. Храна за бебиња, хигиенски производи, лекови, пелени …
во паркот во Ѓорче одличен одзив на граѓаните кој носеа се што можеа,од флаширана вода до ќебиња,лекови,храна.Убаво е кога се помага,ќе поставам слики попосле
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.