Хумана генетика

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Ме интересира какво е вашето мислење за потребите на медицински генетски испитувања овде во Македонија. Дали ни е потребно нешто такво, дали сметате дека е корисно или не. Дали би верувале на една таква институција особено ако станува збор за приватна клиника. Колкави се вашите познавања на оваа тема. Имајте ги на ум на пример пре-наталните анализи, типизирање на вируси (како ХПВ на пример), рано дијагностицирање на малигнитети и сл.
 
Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Генетика признавам само за тоа што го наброи. Предвремено откривање на рак, хив, и нивно искоренување. Сето друго е неетички и плукање на природните закони.

Некои ќе каже како неетички, зашо да не си платам детето да ми биде и секси и паметно? Да мамо, тато, ти си го дегенерираш идното дете на ниво на пари. Каде е тука логиката? Сквернување на светоста на самиот чин.

Жално е ако генетиката биде прифатена само за откривање на смртни белости и нивни искоренување, сепак, пак ќе има некои луѓе што ќе го злупотребуваат сето тоа.

Но од друга страна замисли ако го клонираш Ајнштајн 1000 пати? Или накој војник херој? Кул идеа е, ама ипак е ризична и сколна кон злоупотреба....
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Се додека нема клонирање со некои болни цели сум за. Поминаа ли граница у висока печка мазут да се праат!!! Во некои случаеви, за откривање лекови на тешки болести и ред други работи, може и клонирање...
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.387
Самиот збор „хумана генетика” ме плаши. Ако се користи за хумани цели, типизирање на вируси и разни испитувања - тогаш ја сметам за доста корисна. Зарем нема клиники за генетски испитувања во Македонија?
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Acid напиша:

Да познато ми е ова. Многу луѓе со кои сум зборел за темава едноставно одговараат исто - дека им е страв од такви испитувања, дека и да има кај нас не би партиципирале зошто веројатно е некој странски експеримент, дека и да не е експеримент некои наши што се прават паметни ќе зезнат нешто работа итн. Зборот ми е, за да има истражувања од оваа област а не само апликативна примена на некои светски достигнувања тогаш треба да има и објект на кого ќе истражуваш. Светските клинички центри во чиј склоп најчесто работат лабораториите за генетски испитувања проблемот го решаваат со тоа што имаат доволно примероци крв од разни пациенти над кои може да се испитува. Вие како пациент тоа може да го знаете или пак не. Ако се работи за мала приватна клиника вообичаено примероци крв обезбедува од доброволни дарители. Е токму тие сметам дека би биле прилично ретки кај нас. Луѓето се прилично недоверливи поради мал милион работи кои ни се случуваат во секојдневниот живот. Сепак дури и познавањето на лекарите не е баш на задоволително ниво. За сите оние работи кои ги наведов во воведот на темата потребно е некој пациент да биде упатен на такво испитување од својот лекар кој за жал од ДНК знае едвај за Д. Сепак изгледа дека здравствената свест е сеуште на ниско ниво. Тука во многу многу случаи се препишуваат антибиотици за било која настинка без притоа да се типизира бактеријата причинител. Светското здравство страда поради оваа навика на многу лекари низ светот. За среќа ова се помалку е случај во западните земји но за жал не и кај нас. Од тука следува дека хуманите гентески испитувања најверојатно малку ќе почекаат во МК.
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Toreador напиша:
Генетика признавам само за тоа што го наброи. Предвремено откривање на рак, хив, и нивно искоренување. Сето друго е неетички и плукање на природните закони.

Некои ќе каже како неетички, зашо да не си платам детето да ми биде и секси и паметно? Да мамо, тато, ти си го дегенерираш идното дете на ниво на пари. Каде е тука логиката? Сквернување на светоста на самиот чин.

Жално е ако генетиката биде прифатена само за откривање на смртни белости и нивни искоренување, сепак, пак ќе има некои луѓе што ќе го злупотребуваат сето тоа.

Но од друга страна замисли ако го клонираш Ајнштајн 1000 пати? Или накој војник херој? Кул идеа е, ама ипак е ризична и сколна кон злоупотреба....
Се согласувам со тебе за блиските граници на генетските истражувања и етичките норми. Но дали сме спремни да ја отфрлиме големата предност на модерните генетски истражувања смо поради тој страв, и обратно, дали сме спремни да го потиснеме тој страв за нешто што и онака не е доволно испитано? Патем речено генетскиот инженеринг над хуман објект е забрането со мораториум низ многу земји. Првите обиди за легализирање на дел од истражувањата ги направи Британија а еве сега ја следат и САД. Клонирањето денес не е ништо егзотично, напротив само... да... свеста на луѓето е таа која мора да ја разбере универзалната моќ на оваа наука. Со забрана ништо неможе да се стори. Клонирање денес на некои поедноставни организми може да се изврши дома во импровизирани услови за околу 2 месеци работа и за околу 2000-3000 долари.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Acid напиша:
Зарем нема клиники за генетски испитувања во Македонија?
На времето кога јас сакав да се запишам медицина немаше ниту предмет генетика а камоли генетски лаборатории во Македонија. Не глеаш таванот им падна во Чаир а ти генетска лабораторија бараш ебате :pos: :pos: :pos:
 
606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Macedalien напиша:
На времето кога јас сакав да се запишам медицина немаше ниту предмет генетика а камоли генетски лаборатории во Македонија. Не глеаш таванот им падна во Чаир а ти генетска лабораторија бараш ебате :pos: :pos: :pos:
Постои, постои и тоа уште од средината на осумдесетите! И не само тоа него е една од првите 100 најдобри во светот! Учествуваше и во секвенционирањето на хуманиот геном. Работи анализи за преку 100 странски земји. Освен оваа (се наоѓа во склоп на МАНУ) постојат уште неколку други помали. Меѓутоа, сеуште нема приватна, за жал. Овие сите се префрлија на рутински анализи и престанаа со истражување. Ако се одвива се како што треба ќе го имаме и првиот приватен генетски истражувачки центар до крајот на 2008!
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Секако дека се потребни генетски испитувања. И не само што се потребни туку се и многу корисни. Без разлика дали е приватна институција или не, ако некој планира да експериментира со она кое го земал како примерок од тебе, ќе го направи тоа на еден или на друг начин. Се разбирам доста до оваа област, и можам само да кажам дека поддржувам секаков развој на оваа „технологија“.
Една од целите на човекот е да се осознае себе како физиолошка конституција, а како би го направил тоа ако не почне од она кое е најосновно за неговата градба - генот?
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
таа во склоп на ману не работи, работата ја превзема институтот за имунологија, иако ману има подобра и посовремена опрема (ова е инфо од пред некој месец, освен ако нешто не се сменило во последниве неколку месеца). приватна генетска лабораторија нема, иако би требало да има зашто во државната често нема реагенси.
генетски испитувања не се потребни, туку неопходни. некој гледа на тоа како на "играње", јас не гледам така на тоа се додека се користи во добри цели. откривањето и манипулацијата со гените кои предизвикуваат рак, психички болести, HAE, и еден куп други болести кои се генетски предизвикани може да доведе ако не до потполно искоренување на тие болести, барем до значајно намалување на нивната појава. со откривањето и развивањето на генска терапија може да се спречат мал милион болести кои сега се сметаат за неизлечиви, или пак нивното лечење е долго и мачно.

Постои, постои и тоа уште од средината на осумдесетите! И не само тоа него е една од првите 100 најдобри во светот! Учествуваше и во секвенционирањето на хуманиот геном. Работи анализи за преку 100 странски земји. Освен оваа (се наоѓа во склоп на МАНУ) постојат уште неколку други помали. Меѓутоа, сеуште нема приватна, за жал. Овие сите се префрлија на рутински анализи и престанаа со истражување. Ако се одвива се како што треба ќе го имаме и првиот приватен генетски истражувачки центар до крајот на 2008!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom