Хипербарна комора

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
577
Хипербарна кислородна терапија

Хипербарната кислородна терапија (ХКТ) подразбира употреба на 100% кислород под зголемен притисок од повеќе атмосфери (бари) за медицинско – терапевтски цели. Употребата на ХКТ е насочена во третман на многу состојби, а се базира на неколку терапевстки принципи:

  1. Третман на декомпресиона болест кај нуркачи и пилоти и при појава на воздушна емболија,
  2. Во состојби каде е потребно да се зголеми парцијалниот притисок на кислородот во крвта, а со тоа и во телесните ткива. Тоа се постигнува со самото дишење на чист килород под притисок,
  3. Со зголемување на процентот на кислород што е вдишан, се менува и кривата на сатурација на хемоглобинот во крвта и истиот ослободува многу слободен кислород во плазмата. На тој начин, кислородот слободно дифузира во ткивата и тоа во многу повисоки вредности и во случаи на намалени вредности на хемоглобин (состојба на анемија).
Со зголемување на процентот на кислород во ткивата, се забрзува метаболизмот на ткивата и нутритивната измена, што има краен ефект побрзо заздравување на раните. Ова особено се однесува за разни инфекции, дијабетесни состојби и рани со анаеробни бактерии, каде и покрај тесните крвни садови (како последица на шеќерната болест), големи количини на слободен кислород доаѓаат до местото на инфекцијата и ги убива анаеробните бактерии.


Каде се се користи ХКТ?

  1. ХКТ се користи во следниве патолошки состојби:
  2. Воздушна и дас емболија
  3. Тровање со јаглерод моноксид
  4. Клостридијален миозит и мионекроза (Гас гангрена)
  5. Декомпресиона болест
  6. Забрзување на заздравувањето кај раните, посебно при загадени, инфицирани рани, рани од гризнување, рани кај болни од дијабетес, дијабетични стапала и сл.
  7. Тешка анемија
  8. Некротизирачки мекоткивни инфекции (некротизирачки фасциит)
  9. Остеомиелит (инфекција на коски)
  10. Радијациони повреди
  11. Термални изгореници
  12. При оперативни процедури со резени и кожни трансплантати и др.
Во поново време оваа терапија се користи и за прочистување на крвните садови од атеросклеротични плаки, како и за подмладување на кожата.


Како се користи?
ХКТ се спроведува во хипербарна комора. Тоа е херметички затворена метална соба, во која притисокот се зголемува до 6 атмосфери. Внатре, на пациентите им се даваат кислородни маски преку кои тие вдишуваат високо - процентен кислород. Лекарот одредува колку процедури (т.н. нуркања) ви се потребни, колку би траела една од нив и колкав би бил процентот на вдишан кислород, зависно од индикацијата односно болеста која се лекува . Во нашата баро комора може истовремено да се третираат околу 20 пациенти. Процедурата е безболна. За некои состојби се потребни и до 40 нуркања. Постојат апсолутни и релативни контраикдикации за употреба на ХКТ. Како и било која интервенција, и овде, можни се компликации од која најопасна е руптура (пукање) на ушното тапанче.


ИНДИКАЦИИ (АПСОЛУТНИ И РЕЛАТИВНИ) и КОНТРАИНДИКАЦИИ за терапија со хипербарен кислород.
1) Сигурни индикации (прифатени состојби, апсолутни индикации):

  • Дијабетички исхемиски улкуси, улкуси при венска стаза, декубитални улкуси, улкуси при артериска инсуфициенција
  • Анемии
  • Гасна гангрена
  • Инфекции со анаероби или мешани инфекции
  • Некротизирачки инфекции на меки ткива
  • Некротизирачки фасциит, неклостридијални мионекрози
  • Радијациони некрози
  • Незараснувачки рани од разна етиологија
  • Остеомиелитис
  • Анаеробни инфекции отпорни на антибиотици, Актиномикоза
  • Кожни трансплантати (графтови)
  • Микроваскуларни слободни резени
  • Каснувања од животни и поедини врсти на пајаци
  • Акутна гасна емболија
  • Труење со јаглен – моноксид, инхалација на дим, труење со цијанид
  • Краш – повреди, компартмент синдром, други акутни трауматски исхемии
  • Декомпресиска (кесонска) болест
2) Препорачани состојби (каде ХБОТ е корисна како адјувантна терапија, релативни индикации)

  • Труење со карбон – тетрахлор
  • Труење водороден – сулфид
  • Цереброваскуларен тромботичен или емболиски инфаркт
  • Церебрален едем
  • Резистентни микози: Mucormycosis, Canibolus Coronato, Aspergillosis - Pyoderma Gangrenosum
  • Заздравување на фрактури и коскени графтови
  • Акутна инсуфициенција на централна артерија на ретина
  • Криза кај српеста анемија
  • Акутна повреда на рбетен мозок

Несакани дејства и контраиндикации:

  1. Баротраума на средно уво и синус
  2. Транзиторна миопија
  3. Влошување на кардиомиопатија
  4. Белодробна баротраума
  5. Конвулзии
Останати контраиндикации: операција на слушно тапанче, операција на граден кош, вирусни инфекции, висока телесна температура, катаракта, конгенитална сфероцитоза, клаустрофобија, синдром на панични атаки, употреба на некои лекови како доксорубицин, цисплатин и дисулфирам.


Преземено од следниот линк http://www.plasticsurgery.com.mk/hiperbarna.aspx


Ме интересира дали сте запознати со овој начин на лечење, дали сте пробале, дали лекувањето е покриено од Фондот, искуства?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
16.738
Поени од реакции
10.033
Скраја да е да не ми затреба, туку за оваа комора имаше негде пишано дека наводно немаат доволно персонал за регуларно функционирање на комората.
Што се однесува до покриеноста, самиот линк упатува на тоа дека трошоците се покриени од Фондот
Почеток » Услуги » Услуги покриени од ФЗОМ » Хипербарна кислородна терапија
 
На врв Bottom