Па во мое друштво мислам дека нема хиерархија,секогаш одлучува мнозинството..е тогаш ако не ти одговара се употребува(познатата охридска фраза)"ак не ти чинит, не идај".
Секогаш сме имале караници за на кое место да одиме, но во последно време се помалку и помалку..можеби затоа што поинтересно е каде и да одиме битно е да сме заедно и да си поминиме лудо, отколку да одиме на места кај шо е "шемата" т.е. да одиме само колку да се дотераме и да не видат кај излегвиме..
Не фала пубо ќе сејме на Ср`јште, отколку да одам во некој кафич колку да ме видат други.
Немаме некоја посебна хиерархија, некогаш обврските се поделени, но да речиш дека има некој што сака да е над сите и може да манипулира,колку и да сака неможе да успее..а и не се појавила некоја таква што уште ми е помило, да некогаш знаеме сите да се инаетиме,ама знаеме и да попуштиме..
И колку што треба да си ја гледаш својата желба,толку треба и на другите,нормално сите неможеме да сакаме исти работи и затоа некогаш или ќе попуштиме или еден ден ќе одиме на едно место,друг ден на друго.