Херцег Нови

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Херцег Нови има специфична микро клима што е последица на отвореноста кон југ, близината на морето, варовнички подлоги и планински закрила кои го спречуваат продорот на ладните воздушни маси. Херцег Нови има приближно 200 сончеви денови во годината. Во јули и август има 11 сончеви саати дневно. Просечната годишна температура е околу 16С.

Херцегновската ривиера се протега во должина од 25 километри и опфаќа повеќе туристички места од кои секое има некаква карактеристика и специфичност. Меѓу попознатите се: Мељине, Бјела, Џеновичи, Кумбор, Зеленика…

Тука се и најубаво средените плажи. Вкупно се 62 (регистрирани) плажи кои се протегаат во областа од Њивице до Мачак на полуостровот Луштица.
Покрај атрактивните природни, Херцег Нови последниве години обилува со многу модерни плажи, кои се сместени во близина на хотелите и покрај одмаралиштата.

Во местото Суторина, кое е неколку километри одалечено од Херцег Нови, кон запад, се наоѓа најголемата јавна плажа на херцегновската ревиера– Блатна плажа. Богата е со многу лековит песок и кал.

Плажата на Рехабилитациониот центар Игало, исто така е јавна, но бетонска плажа. Сепак најатрактивна јавна песочна плажа е Рафаело, која се наоѓа под истоимениот туристички комплекс. Рафаело се наоѓа на прво место кога се во прашање плажите во Херцег Нови.
На сите плажи има голем број ресторани, кафе барови каде може да уживате во вашиот омилен напиток.

Доколку се одлучите одморот да го поминете во Херцег Нови, најдобро е да посетите што повеќе плажи, бидејќи сите имаат што да ви понудат. Ако сакате брзо да стигнете до плажите, можете да изнајмите туристички такси чамец, поголеми такси бродови или кајчиња кои воглавно може да ги најдете на градското пристаниште.



Информации за тоа како да стигнете до плажите кои сакате да ги посетите ќе добиете од љубезните мештани, во многубројните туристички агенции, ресторани или Туристичката организација на градот Херцег Нови.

Ваши мислења, впечатоци? Сте биле, ќе одите? :pipi:
 
A

AnFem

Гостин
Еве ми ја темата. :love:

Ретко се заљубувам во градчиња... Херцег Нови е еден од ретките. Сме биле и ќе одиме повторно крајот на август. :love:

SAM_0378.JPG

SAM_0372.JPG
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
Има лоши плажи но добар ноќен живот, малку е поскапо во сезоната.
Сум бил ама не ми се верува дека ќе одам пак зардо лошите плажи пред се.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.530
Поени од реакции
34.792
Херцег Нови :love:

Преубаво место, прекрасни спомени.
Денот кога пристигнав во Херцег Нови, не бев баш воодушевена, (од сите страни само карпи и морето) тоа ми беше првиот впечаток, ама убаво велат старите ‘‘ не му суди на коњот што не си го јавал‘‘ :icon_mrgr:
Па така, секој нов ден ги откривав убавините на Херцег Нови и навистина ме воодушеви.
Јадранот си е Јадран, нема што да се зборува, прекрасни плажи, прекрасно море, мештаните насмеани и гостопримливи луѓе, за семејните луѓе добар семеен одмор, за журкаџиите, добар ноќен живот, се на се одлично место за убав летен одмор.
Цените, зависи од ресторант до ресторант, од плажа до плажа, ама горе долу, задоволителни
Има многу бродчиња со кои може да се прошета целата ревиера, има што да се види.

Еден ден решивме да одиме до Игало, (на одредено време поминува мал градски воз), да ја видиме таа фазмозна, лековита кал. Стигнавме што стигнавме, кога ќе видиме - геријатрија, се беше 60+ :icon_mrgr:, стари баби и дедовци, се печат на сонцето, намачкани со таа кал, преку цело тело, - прави пингвини :pos:, Нема што да се види посебно, така да не си трошете време за џабе:pipi:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Има лоши плажи но добар ноќен живот, малку е поскапо во сезоната.
Сум бил ама не ми се верува дека ќе одам пак зардо лошите плажи пред се.
Точно така е. Така беше и пред 40 години.А само кога ќе се сетам и тогаш со кола влегуваш во траектите и оп преку Бока Которска.Во градот плажите само карпи.И ежови.Но пред сезона му е мајката и поевтино.Секојдневно одев и во Игало,се разбира пешки, и онаа планина карши заливот целосно сум ја прошетал,рано наутро секојдневно бидеиќи а огрее сонце повеќе не спијам.
За приватно сместување на таа страна кон Игало има убави вили и блиску до морето,каде и јас сум се сместувал но само две сезони потоа сменив кон југ.
Е тогаш се сеќавам на едно диско „Шпиље“- во стариот дел на градот,како пештера некако со рекички и сепариња на спрат и добра музика се разбира.
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
162
Поени од реакции
89
Точно така е. Така беше и пред 40 години.А само кога ќе се сетам и тогаш со кола влегуваш во траектите и оп преку Бока Которска.Во градот плажите само карпи.И ежови.Но пред сезона му е мајката и поевтино.Секојдневно одев и во Игало,се разбира пешки, и онаа планина карши заливот целосно сум ја прошетал,рано наутро секојдневно бидеиќи а огрее сонце повеќе не спијам.
За приватно сместување на таа страна кон Игало има убави вили и блиску до морето,каде и јас сум се сместувал но само две сезони потоа сменив кон југ.
Е тогаш се сеќавам на едно диско „Шпиље“- во стариот дел на градот,како пештера некако со рекички и сепариња на спрат и добра музика се разбира.
Последен пат сум бил во 2002г. тогаш имам видемо ежови колку за цел живот :)
 

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
На потегот лево од хотел Плажа, под вилите Александар (сопственик Македонец) и Палма има песок - сега само во водата, бидејќи од пред неколку години има бетонски плажи со лежалки. Таму сум последниве 10-15 години, единственото место со песок во цел ХН, ако не се смета Игало. Таму можете да најдете и македонски келнери, има двајца-тројца кои се редовни веќе неколку години.
 

Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Инаку, добри дневни тури со бродче до алтернативни плажи се Росе и Жањице. Исто така, има и целодневна тура низ цела Бока, со застанување на Госпа од Шкрпјела, помеѓу останатото. За таа тура го препорачувам „Пајо„, фаца и пол.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Ретко која година го испуштам да го видам. Пошо ми е на 40 минути од местото, со автобус или кола му го фаќам патот. Плажи во последно време , иако не може да парира со оние во грчка ама има пристојни места. Интересно гратче е, на брдо, со многу скали кои водат кон шеталиштето кое оди право до Игало. Добрата работа е што може во секој момент да наидете на бротче да ве однесе до Жањице (една посолидна плажа) како и до Росе, Плава Шпиља или евентуално Тиват/Котор. Целиот тој залив е поврзан меѓу себе и за малку похрабрите не им ја дава таа желба да се загубат и осеќаат скроз отсечени од светот. Значи, ако случајно ти избега автобусот за некое место, секогаш постои алтернатива.
--- надополнето: 1 август 2013 во 01:34 ---
Инаку, добри дневни тури со бродче до алтернативни плажи се Росе и Жањице. Исто така, има и целодневна тура низ цела Бока, со застанување на Госпа од Шкрпјела, помеѓу останатото. За таа тура го препорачувам „Пајо„, фаца и пол.
Да не го виде Неша во Госпа?:pos: Пајо е олдскул а го има и Јован, мислам дека 15 евра беше целодвневно трткање по цел залив со посета на секој поголем град.
 
Член од
22 април 2014
Мислења
52
Поени од реакции
33
Bio sam prosle gordine na letovanju u Herceg Novom i bilo mi je bas lepo :)
Mozda i ove godine opet odem tamo :)
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Пајо е прав `цар`,а посебно добра е турата до плавата шпиља(пештера за `помладите кои не учеле српскохрватски јазик:D).плажите или се бетонирани или се со камења и тука треба малку да поработат.Околната природа е многу поубава него на било кое друго место.Сместувањето им е класично црногорско.Јас налетав на 6 соби со едно купатило и еден фрижидер заеднички.Кога дојдоа млади београѓани фрижидерот се претвори во сопственост на само една соба-све ни исфрлија од внатре и си ставија шишина вотка внатре.

за шетање кој сака вашарски амбиент со тезги-правец тамо.

За блатната плажа има еден виц ама ако сакате да го читате мора да оди во темата `црн хумор`
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Не е Херцегнови, ама е дел од Бока-которскиот залив. Интересно видео да се погледне како личи 80% од истиот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom