Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.180
- Поени од реакции
- 34.384
Херман Роршах, швајцарски психијатар и психоаналитичар, бил роден на денешен ден пред 129 години и во негова чест денеска најпознатиот и најголем светски интернет пребарувач Гугл, својата почетна страница му ја посветува токму него.
Тој е познат по тестот за дијагностика на длабинските слоеви на личноста, кој го објавил во 1921 година, а кој во науката уште е познат и по името Роршахов тест.
Основната теоретска претпоставка, на која се заснова Роршаховиот тест, е уверувањето дека со стандардни неструктуирани точки, може да се предизвика реакција на поединецот во вид на приказна. Одговорите на испитаниците се класифицираат врз основа на нивните формални и содржински одлики, а се анализираат и се интерпретираат со помош на сложен систем на категории.
Се користи ли се' уште тестов?