Создавањето на Грција- првиот грчки устав и претседател
Првиот Грчки Устав беше потпишан и ратифициран во јуни 1827 година на Третото Национално Собрание во Тројзина, во подоцнежните фази на грчкото национално востание за ослободување од Турската власт. Да ги погледнеме членовите на првиот грчки устав кои практично го определуваат карактерот на државата, нејзината територија и нејзините жители.
Членот под ред. Бр. 4 вели: Грчки провинции ќе бидат сите оние кои се одземени и ќе бидат одземени со оружје против Отоманската Династија.
При што следува одговор на прашањето како се дефинирале Грците самите себе:
1) Грци можат да бидат:
2) а) Сите жители на Грчката Држава кои што веруваат во Христос.
3) b) Сите оние, верници во Христа, кои под Отоманското ропство, пристигнаа или ќе пристигнат во Грчката Држава за да се борат или за да ја населат.
4) e) Сите оние странци, кои пристагнаа и се заведени како граѓани.
Предмет на интерес: За да се биде “Грк“ доволно било да се биде само Христијанин!
Овој документ докажува дека Грците имаат многу кратка меморија. Тие заборавиле како беше создадена Грчката држава и што претставуваат денеска модерните Грци.
Зошто ние Македонците би морале да докажуваме дека сме потомци на нашите претци од античките времиња, доколку денешните Грци немаат апсолутно ништо со што би докажале дека пред се’ се Грци, а потоа и потомци на старите Хелени?!
Зарем фактот дека пред 180 години секој кој бил Христијанин по вера во грчката држава станувал автоматски и “Грк“, не би требало да ја замисли грчката влада и денешните грчки националисти?
Според тоа, секој Евреин или Муслиман бил веднаш изоставен од грчката држава и денеска ние се прашуваме од каде потекнува грчкиот расизам?
Без некакви тенденциозни намери, меѓутоа овој документ кој е од највисоко официјално значење покажува дека грчкиот етнички идентитет е свесно произведен.
За да биде овој парадокс уште поголем да ги потсетиме “Грците“ на нивниот прв претседател Георгиос Кондуриотис (1782-1858) кој беше и Премиер на Грција за време на владеењето на Ото од Баварија како крал на Грција, а подоцна Г.К. стана и првиот Претседател на Грчката држава( 1823-1826).
Г. Кондуриотис потекнува од славно Албанско семејство кое несомнено го дало својот голем придонес во грчката револуција. Оригиналното фамилијарно име било Зервас , меѓутоа било сменето во Кондуриотис според еден од нивните претци кој бил жител на селото Коунтора, Мегарида.
Неговиот брат Лазарос Кондуриотис кој се борел во Грчката војна за независност во 1821 год. бил наречен “Татко на Нацијата. Внукот на Г. Кондуриотис, Павлос, е прославен по Првата Балканска војна и на два пати беше избран за Претседател на Грција. Георгиос Кондуриотис бил Албанец кој го знаел само Албанскиот јазик и станал првиот грчки претседател.
Грчките официјални власти го исклучуваат нивниот прв Претседател Г. Кондуриотис и неговото име не се спомнува во ниту еден модерен текст поради Грчката политичка чувствителност во врска со неговото Албанско потекло, запишал Џорџ Финли во својата книга “History of the Greek Revolution“ од 1861 година.
Дека не се работи за случајност, Албанскиот карактер на Грчката држава се потврдува и преку останатите прославени револуционери кои зеле учество во грчката војна за независност, а биле Албанци кои не го знаеле грчкиот јазик. Меѓу нив и Маркос Боцарис, Кицос Ѕавељас и Андреас Миоулис.
На нив се надоврзува прославениот албански револуционер во грчката војна Теодорос Колокотронис кој се залагал за двојазична држава со албански и грчки јазик
Албанците имале и свои претставници во Грчкиот Парламент каде дискутирале за употребата на албанскиот јазик како втор официјален јазик во Грција. Меѓутоа до тоа никогаш не дошло.
Освен Колокотронис, уште една албанска личност е карактеристична за грчката револуција, а тоа е Ласкарина Бубулина која го подигнала првото грчко револуционерно знаме на островот Спецес. Бубулина одиграла голема улога во револуцијата и денеска зазема посебно место во грчката историја, меѓутоа она што е сокриено и никогаш не се потенцира е нејзиното албанско потекло.
“ Ние порано говоревме Албански и се нарекувавме Ромејци, но тогаш Винкелман, Гете, Виктор Хуго, Делакроис, сите тие ни рекоа, “ НЕ, вие сте Хелени, директни потомци на Плато и Сократ“, и тоа се случи. Доколку на една мала, сиромава нација и биде ставен толкав товар на рамењата, никогаш нема да заздрави. “
(Никос Димоу – во интервјуто насловено“Elgin Marble Argument in a New Light“ за New York Times, June 23, 2009)