Би сакал да ви напишам неколку интересни извадоци и мислења на странски аналитичари кои биле присутни во Македонија на крајот на 19 и претежно на почетокот на 20тиот век. Поточно не се неколку туку се многу , ама не ќе можам сите да ги напишам овде. Се извнувам ако темата не е прикладна за ова.
Професор Звииќ : „не тие не се ниту бугари ниту срби, но можат да станат едно или друго“.
Бенедто де Лука - пишува за романските ставови и гледишта на Македонија:
„во Македонија не постои чувство на љубов кон Татковината, туку само прикрепување кон нација за која секоја етничка група се чувствува врзана со крвни врски или за која мисли дека и припаѓа и треба да се стреми еден ден да се соедини со неа. Во Македонија има бугари, грци , срби, власи и кои повеќе ги има нека ги има, но нема Македонци кои ја сакаат Македонија и кои работат за напредок на својата земја, кои се стремат да бидат слободни и стопани во својот дом. Тие работат само кон приклучувањето на оваа или онаа држава...“
-Етичноста и Националноста....
Случај на задоцнет национаен развиток: изгледа дека на тоа се сведува мачниот процес на културното и политичкото ослободување на македонскиот народ меѓу на 19 и 20 век. Да се објасни тоа доцнење , значи да се објасни зошто на крајот на 19 век , движењето за јазичноста, црковната и управната автономија на словените од Македонија се нарекувало национален сепаратизам. Сепаратизам од кого, од што и во какви услови ? Нема ниту еден таков друг случај во балканската историја, иако проблемот на идентификацијта и на разликите се поставувал пред сите народи од тој простор.“
Стојан Новаковиќ - Русија :
„Овдешните литературни и политички кругови го пресретнувааѕ најчесто симпатично и со природан љубопитност по повод состојбата кава што е сеа во Македонија (се збори за Македонското друштво во Петроград и нвината програма вклучително со македонскиот литературен јазик).
Но бидејќи во овие кругови мнозинството свикнале Македонците да ги сметаат како дел од бугарскиот народ, овие сепаратистички македонски теории дејствуваат како новина, а понекаде будат и сомнение дека се од австриски извор , бидејќи Австрија ги штити словенските сепаратистички идеи на цепкањето на јазиците и дијалектите а Русија повеќе се стреми кон централизирање.“
-Аксаков во една прилика во периодот на „создавањето“ на Македонскиот литретурен јазик вели: „зошто вие не си го земете за литературен јазик своето македонско наречје, коешто е побогато од бугарското и поблиско (?) до нашето (руското).
-Разговор помеѓу Пространов и Мисирков :
„Види , таму има цела генерација која се развивала , рсатела и учела на бугарски, ќе прифати ли таа да се мачи на нов јазик?? Кој не се обидел не може да знае каква мака е да пишеш сериозни работи на Македонскиот дијалект, јас пишував , па знам на какви тешкотии наидував.“ - вели Пространов.
-ВМРО на Јане Сандански :
Партијата на Сандански ја составуваат „терористи ,социјалисти и антипатриоти“, кои го мразеле Сарафов, бидејќи тој настојувал да го реши македонското прашање во договор со бугарската влада. Спротивно програмата на Сандански , ненадејно донесена на последниот револуционерен конгрес сакала : 1) Револуционерите конгреси да не се одржуваат во бугарија.
2)Делгатите да бидат Македонци.
3)Комитетите да немаат никаква врска со владата во кнезовството.
4)Да не се испраќаат чети од бугарија.
-1897 Света Симиќ :
„треба да се има предвид дека во Македонија со називот србин или бугарин не се врзуваат оние традиции и оние идеали кои ни се драги на нас во србија или пак соодветно во бугарија. Со тие НАЗИВИ повеќе се означуваат партии кои - од одредени причини- гравитираат кон србите или кон бугарите и борбата која тие ја водат изгледа е повеќе од партиски одколку од национален карактер. За самите Македонци може да се каже дека и тие така ја сфаќаат таа борба.“
-Виктор Берар во 1987 вели :
„Турците, грците и бугарите, муслиманите и православните и расколниците (егзархистите) би изгубиле премногу со разбудувањето на македонското чувство!“
-Брајлсфорд :
„Секојдневно угнетување од кое тие излегуваат уништени во духот, разумот, човечноста, а крајна одбрана против неподносливите свирепости е само лудило.
-Дархем пак вели :
„убиен интелект, згаснати чувства и морал , но таа негова „воловска апатија“ и припишува предност која го штити од секаков потрес“.
Ова се описи на Македонскиот селанец , во почетокот на 20 век.
Би ви ја препорачал „Динамитот и полумесецот“ од Марко Дого
иако е малку тешка за поднесување и пратење, не возбудлива и пренатрупана со информации, меѓутоа во неа ете би можеле да прочитаме многу странски гледишта на Македонија , настаните и заговорите кои тогаш се случувале во нашата Татковина и како поука од ова :
треба ли и ние да ги повторуваме истите грешки и не би требало ли да се засрамиме дека ја водиме истата борба и не сме мрднале ни чекор напред иако имаме милион пати подобри услови од тогашните борци за Македонија ?
Ова го барав низ книгата :
Незапирливото пропаѓање на Отоманската империја најавувало и скорешна територијална прераспределба на Македонија , а таа требало уште тогаш да се подготви и да се втемели со освојување на души, душите на Македонските словени.
И исповеста на еден крчмар од Западна Македонија која ја запишал Виктор Берар :
„...Ние останатите , само да не сме повеќе под турчинот, многу ни е грижа за србија и бугарија! Нашите татковци „биле“ грци и тогаш никој не зборувал за бугарите. Станувајќи бугари, постигнавме турчинот да не почитува и Европа да не поддржува. Ако треба да бидеме срби, ништо нема да ни пречи, но засега е подобро да бидеме бугари“....
Што ли го натерло човеков вака да размислува и да се чувствува, можел да биде од секоја народност ,само да биде слободен!