Хаг сака на Бошковски да му ја накалеми и „Јама“

Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
Хаг сака на Бошковски да му ја накалеми и „Јама“
Предраг Петровиќ
13.05.2006
Љубе Бошковски


Хаг не само што не сака да го пушти Бошковски, туку сака да му ја накалеми и „Јама“. Во отсуство на издржано обвинение и по паѓањето на Раштански, извори за А1 тврдат дека сега во игра е случајот „Јама“.

Минатата недела внатрешна контрола на МВР вршела испитувања на седум нивни припадници за „Јама“ по налог на Хаг. Исказите се веќе пратени.

Хашкото обвинителство ќе каже нови причини за уште едно не, Бошковски да се брани од слобода. А1 дознава, првата замерка ќе биде за Горан Стојков. Хаг вели дека бил близок соработник на Љубе Бошковски, кој го назначил за генерал.

Спорно било што имал криминално досие, кое го направил во времето на Бошковски. Сега бил на слобода.

Втора причина - ВМРО-Народна. Бошковски, ако се врател, преку нив ќе имал политичко влијание. Хаг, случајно или не, располага со снимени телефонски разговори на кои активисти на Народна вршеле притисок на сведоците да ги повлечат изјавите против Бошковски.

Трето и веќе нелогично, Хаг се плаши од ВМРО-ДПМНЕ. Ако дојделе на власт, ќе биле пристрасни во однос на Бошковски и ќе имал заштита.

Колку Македонија работи против, а колку за Бошковски? На кого се му е во интерес Бошковски да остане затворен во Хаг?

Дали неформалната коалиција беше активна и кога не го изгласа законот за Хаг? Дали беше точно пренесен ставот на Бошковски дека тој не сакал таков закон или, пак, беше обратно?

Законот ќе значеше можност од проширување на обвинението за Љуботен. Ќе значеше и дека Хаг нема да игра како сака со сведоците на одбраната, туку по одредени правила со однапред поставени прашања.

Фарса е и паричната помош за неговата одбрана што ја најави власта. Ќе пресметувале и ќе ги согледувале искуствата на соседите, во услови кога тие податоци се општо познати. Само за Готовина Хрватска плаќа по 50.000 евра месечно, директно на неговиот адвокат.

Кој очекува Хрватска да постапи по одлуката за Раштански, кога Македонија уште за тоа дело има активна потерница по екс министерот?


ЗАРЕМ И ПРЕКУ ОВА ТРЕБА ДА ПОМИНЕМЕ РАМНОДУШНО
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Хаг е фарса, Хаг го загуби својот кредибилитет, Хаг е пристрасен и затоа Хаг мора да си најде жртвено јагне кое во случајот е Љубе Бошкоски. Хаг врска нема со правосудство, Хаг е политички инструмент. Ако беше правосуден орган, мораше да ги процесуира предметите против УЧК за злоделата против Македонците во 2001.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Хаг е создаден за Балканот, иако е меѓународен (тоа значи за цел свет) таму идат само балканци, башка хаг да беше рамноправен и валиден како што треба да биде, досега Бил КлинГон, Тони Блер, Џорџ Буш 1 и 2, Медлин Олбрајт, Али Ахмети и остали имбецили требаше да им се вбризга смртоносна инекција
 

Go2bed

Vasilij Zajcev
Член од
2 март 2005
Мислења
972
Поени од реакции
13
абе фарса не фарса...човекот го уништија комплетно.мислам дека ова ни го прават намерно за да има раздор помеѓу нас македонците, додека оние ( не сакам ни да ги спомнам) се ситат и уживаат од страна.само слеп човек може да не види што се случува.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Тие шо не сакаш да ги споменеш баш ги заболе за све шо се дешава у Хаг, од цела нивна популација на просторов дали мизерен 2% знаат зашо се дешаваше сето тоа у 2001 година
 
Член од
13 мај 2006
Мислења
22
Поени од реакции
0
Go2bed напиша:
******
************
**********
*********
******
Втора причина - ВМРО-Народна. Бошковски, ако се врател, преку нив ќе имал политичко влијание. Хаг, случајно или не, располага со снимени телефонски разговори на кои активисти на Народна вршеле притисок на сведоците да ги повлечат изјавите против Бошковски.
**********
********
*****
****
**
*

ЗАРЕМ И ПРЕКУ ОВА ТРЕБА ДА ПОМИНЕМЕ РАМНОДУШНО
САМОУНИШТУВАЧКИ СИДРОМ.....подгреан со МАЛКУ КОМУНИСТИЧКА РОЗА
 
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
Ја мислам ако малку повеќе се ангажираат, ќе успеат да најдат дека во седмо одделение основно Бошковски побегнал од час по математика, а во втора средно скршил прозор играјќи фудбал. Па ќе донесат заклучок дека тоа е силна причина да го држат во Хаг дури не признае дека коа се тушира е сосем гол и користи шампон од бреза наместо палмоливе.
Немаат случај против Љубе, бре! Мораат да исценираат нешто. А, имаат силна подршка од тукашниве режисери....
 

OBI VAN

Kenobi
Член од
5 мај 2006
Мислења
127
Поени од реакции
0
Ја знаете онаа народната се рекло дека кучето е бесно па за се тоа е криво. Треба Љубе да го пуштат да се брани од слобода ама изгледа се плашат многу луге од него како од позицијата а уште повеќе од опозицијата.
 
Член од
21 мај 2006
Мислења
51
Поени од реакции
1
Како и да е, нема оваа работа да помине неприметно.....Сигурно
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Втора причина - ВМРО-Народна. Бошковски, ако се врател, преку нив ќе имал политичко влијание.
Edinstven strav na Hag!
 
Член од
11 јуни 2006
Мислења
315
Поени од реакции
0
Турците велат, Јаланраш - валанраш, утилен гелеџек...
Тоест, може и вака, може и инаку, ама на крајот ке дојде пеглата и се ке испегла...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom