Go2bed
Vasilij Zajcev
- Член од
- 2 март 2005
- Мислења
- 972
- Поени од реакции
- 13
Хаг сака на Бошковски да му ја накалеми и „Јама“
Предраг Петровиќ
13.05.2006
Љубе Бошковски
Хаг не само што не сака да го пушти Бошковски, туку сака да му ја накалеми и „Јама“. Во отсуство на издржано обвинение и по паѓањето на Раштански, извори за А1 тврдат дека сега во игра е случајот „Јама“.
Минатата недела внатрешна контрола на МВР вршела испитувања на седум нивни припадници за „Јама“ по налог на Хаг. Исказите се веќе пратени.
Хашкото обвинителство ќе каже нови причини за уште едно не, Бошковски да се брани од слобода. А1 дознава, првата замерка ќе биде за Горан Стојков. Хаг вели дека бил близок соработник на Љубе Бошковски, кој го назначил за генерал.
Спорно било што имал криминално досие, кое го направил во времето на Бошковски. Сега бил на слобода.
Втора причина - ВМРО-Народна. Бошковски, ако се врател, преку нив ќе имал политичко влијание. Хаг, случајно или не, располага со снимени телефонски разговори на кои активисти на Народна вршеле притисок на сведоците да ги повлечат изјавите против Бошковски.
Трето и веќе нелогично, Хаг се плаши од ВМРО-ДПМНЕ. Ако дојделе на власт, ќе биле пристрасни во однос на Бошковски и ќе имал заштита.
Колку Македонија работи против, а колку за Бошковски? На кого се му е во интерес Бошковски да остане затворен во Хаг?
Дали неформалната коалиција беше активна и кога не го изгласа законот за Хаг? Дали беше точно пренесен ставот на Бошковски дека тој не сакал таков закон или, пак, беше обратно?
Законот ќе значеше можност од проширување на обвинението за Љуботен. Ќе значеше и дека Хаг нема да игра како сака со сведоците на одбраната, туку по одредени правила со однапред поставени прашања.
Фарса е и паричната помош за неговата одбрана што ја најави власта. Ќе пресметувале и ќе ги согледувале искуствата на соседите, во услови кога тие податоци се општо познати. Само за Готовина Хрватска плаќа по 50.000 евра месечно, директно на неговиот адвокат.
Кој очекува Хрватска да постапи по одлуката за Раштански, кога Македонија уште за тоа дело има активна потерница по екс министерот?
ЗАРЕМ И ПРЕКУ ОВА ТРЕБА ДА ПОМИНЕМЕ РАМНОДУШНО