Фудбалски комедии

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Кака воскресна, навистина воскресна!


Оној што некогаш ја затвори бездната сега мртов се гледа и завиткан во смирна и плаштаница Бесмртниот како смртен во гроб се полага, а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да се помолат за Него, велејќи: ’Оваа недела е најблагословена, зашто во неа Кака Кој заспа, по три дена ќе воскресне’.“


И така бидна, на третиот ден Кака воскресна. На општа радост на сите фанови на Миланскиот клуб, сите оние кои стравуваа дека дербито на Милано ќе биде ослабено поради прераното заминување на бразилскиот Бог. Се шпекулира дека голем удел во ова чудо имале припадничките на понежниот пол, кои насекаде низ светот се собраа и со своите молитви успеаја да ја пренесат сета таа енергија и да го вратат назад Него, Месијата, Исцелителот и слично. Сега ни останува уште да видиме, дали тимот на Интер ќе се подели на две како што се подели лани коленото на Св. Самуил...

Во чест на враќањето на Кралот, денеска во центарот на Милано во една од фонтаните се одржа крштевање на неколку илјади верници од страна на пророкот. Се разбира, сите тие добија гратис билет за натпреварот во недела. Крштевањето поминало без поголеми инциденти, освен што било приведено едно лице под соомневање дека е близок член на фамилијата на Осама Бин Ладен немаме податоци за други инциденти. На лицето му е одредена мерка притвор во траење од 8 дена, впрочем како и бројот на дресот кој што го носел. Се шпекулира дека Интерпол и Скотланд Јард деновиве ќе испратат потерница по ова лице, бидејќи е осомничен како еден од инволвираните за терористичките напади над САД, заедно со играчот на Челзи, Микел Есиен. Се спомнува дека и Мунтари е вмешан, но мафијата на Гана одбива да соработува со полицијата, па засега оваа теорија паѓа во вода.

Од другите вести, поради повредата за време на снимањето на Тери О`Квин( Џон Лок, Изгубени) сценаристите најавуваат негова замена со миланскиот капитен Паоло Малдини. Искуството е тука, особината на лидер ја има, штета што ќе мора да ја исшиша неговата коса... не знаеме дали островот ќе престане да се поместува ако го стори истото, се шпекулира дека тоа е единствениот начин сценаристите да го решат тој проблем, па Паоло ќе мора да се жртвува за доброто на сите нас.

И за крај, на нашиот портал имаме ексклузивни фотки од новата фотосесија на Бекам за списанието Sports Illustrated. Освен со тоа, Бекам е актуелен и поради се погласните шпекулации дека тој заедно со новите тимски колеги, Пато, Сидорф и пензионираниот Пирло планираат снимање на римејк на култниот сериски филм Сексот и Градот. Останува само да чекаме и да видиме, што времето ќе ни донесе... да се надеваме дека ќе останат само на идејата.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.263
Поени од реакции
41.714
АУДИЦИИ


Ситуација број 1 : Пинокио


Златан Ибрахимович има очаен и безуспешен обид за главната улога во овој филм иако бил свесен за огромната конкуренција, сепак еден од сценаристите забележува огромен фрагмент од неговата дарба . . . .

решение : Златан е ставен како дублер во сцената кога Пинокио лаже .

Главна Улога во Филмот : Киелини .


Ситуација број 2 : Fantastic 4 ( трето продолжение )


Maл дел од интервјуто :
Комисија : Име ?
Ј.М. : The Special one

Комисија : Вистинското име . . .
Ј.М. : The Special one

Koмисија : Океееееј, зошто баш овој филм ?
Ј.М. : Зашто . . . . . сум фантастичен, феноменален, најдобар, најубав, посебен . . .

Комисија : Што мислите за вашата конкуренција ?
Ј.М. : Koнкуренција ?

Комисија : Имате проблеми со егото така ?
Ј.М. : Не ( офтопик, Хабл забележува нешто чудно помеѓу првиот и вториот прстен на Сатурн . . . . пак ) . . .

По добивањето на улогата Мурињо глуми во третото продолжение од Fantastic4 . . . . . сам .


Ситуација број 3 - Снимање на видeо за : Мадона - Dont cry for me Argentina

Кандидат : Пипо Инзаги

Решение : Одбиен

причина : Плачел


Ситуација број 4 - Филм : Crybaby


Kaндидат : Пипо Инзаги

Решение : Главна Улога

Причина : Плачел


Ситуација број 5 - Филм : Страдањето на Исус


Кандидат : Kaka

Решение : Главна улога

Причина :



Ситуација број 6 - Избор на манекенки за новата колекција на Victoria's Secret

Kaндидатки : Андријана Лима, Тајра Бенкс, Жизел, Каролина Куркова, Бекам , Кејт Мос, Наталија Воиданова


п.с. Aјт, со оглед дека сум у стање на испиени 15 диазепама, ова успеав да го склопам, у иднина биче боље . :smir:
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
ИТАЛИЈАНСКИ ПРЕЖИВЕАН

Три години на пуст остров


Во првиот преживеан имаше многу голема борба и тоа се состоеше само од тоа немаше ни гласање ни ништо и на крај победи Интер

Во вториот преживеан се создаваа кланови се тактизираше кој да го освои Калчото и плус 100 милиони евра
Судиите кои го надгледуваа целиот преживеан беа измамени од натпреварувачите но тие не го забележаа тоа.
Имаше многу лажење договарање се со цел што подолго да се остане на врвот.
На првиот племенски совет беа предложени кандидатите за испаѓање
Тие беа Реџина,Сиена,Парма,Ливорно,Емполи - Три од нив треба да го напуштат преживеан на следниот племенски совет.
Во борба за имунитет победува Реџина и за неа не можеше да се гласа на следниот племенски совет.
По еден ден следуваше борба за мала награда.
Наградата ја освојува екипата на Милан.
И се ќе биде решено по следната борба за двојниот глас.
Двојниот глас го освојува Интер и следува племенскиот совет кој ќе биде само за гласање.
На тој совет изгласани беа екипите на
Парма-8 гласа
Ливорно-5 гласа
Емполи-7 гласа
Го напуштаат преживеан.
Остануваат во игра уште 17 екипи од кои само 5 се издвојуваа како фаворити за освојување на Калчото и 100-те милиони евра.
Тие беа екипите на
Милан,Интер,Јувентус,Фиорентина,Лацио
Петте следни имунитети значеа многу.
Три освојува Јувентус
Еден Милан
Еден Интер
Време е да се прогласи победникот на вториот преживеан.
Екипата на Јувентус беше многу радосна бидејки знаеше дека е победник.
Но пред тоа за да се прогласи победникот требаше да се дадат казнени поени на оние екипи кои не играле фер.
Се гледа снимка од преживеан и сите почнувааат да гласаат која екипа имала најнефер игра.
Јувентус гласа за Реџина и Милан,Милан гласа за Удинезе и Палермо,Фиорентина гласа за Лацио и Јувентус,Интер гласа за Јувентус и Милан,Лацио гласа за Јувентус и Фиорентина.Другите екипи гласаат.
Доаѓаат судиите да ги одредат казнените поени за екипите а потоа и да изречат казни.
Јувентус добива 6 казнени поени
Милан добива 3 казнени поени
Фиорентина добива 3 казнени поени
Реџина добива 1 казнен поен
Узинезе добива 1 казнен поен
Палермо добива 1 казнен поен
Интер добива 2 казнени поени
Лацио добива 3 казнени поени
Судиите одлучуваат Јувентус да го исфрлат од игра бидејки има најголем број на казнени поени.На Милан и Фиорентина им даваат право на учество и следниот пат но со почетни -15 бода а Лацио со -10 бода.
Автоматски Интер победува и ја добива наградата Калчо и 100 милиони евра.
Јувентус,Милан,Фиорентина и Лацио заминуваат незадоволни од судиските одлуки. Калчо-Скандал

Во третиот преживеан Милан и Фиорентина се извлекоа од -15 бода и се искачија високо што им гарантираше добар пласман на третиот преживеан.
Лацио се најде некаде на средина помеѓу екипите.Интер повторно го освојува и овој преживеан но само затоа што немаше конкуренција.Јувентус повторно се враќа во игра за следниот преживеан но без пола екипа која си замина поради лошите одлуки на судиите.

ГЛЕДАЈТЕ ГО СЛЕДНИОТ ПРЕЖИВЕАН КОЈ СЕ ЕМИТУВА СЕКОЈ ВИКЕНД НА ТЕЛМА ТЕЛЕВИЗИЈА И ОДВРЕМЕ-НАВРЕМЕ ВО СРЕДА.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.432
Поени од реакции
42.705
Приказната на Емануел Адебајор.

Во Того се родил првиот тогуанец кој може да биде фудбалер Емануел Адебајор.Но Адебајор до 4,5 години неможел да оди и затоа бил во количка,но еден ден фудбалска топка дошла во неговиот двор.Човекот кога го здогледал чудото од возбуда скокнал и се стрчал по топката,неверојато било како од скоро парализиран,проодел благодарение на чудото како што викал тој(чудото уствари била фудбалската топка,прв пат ја видел во животот и не знаел како се вика).Тоа се прочуло во светот и дошло до Арсен Венгер..Венгер рекол "ОВА Е ГООЛЕМ ТАЛЕНТ МОРА ДА ДОЈДЕ ВО МОЈОТ ТИМ И ДА МИ ГО ЗГОЛЕМИ МАЛЦЕ ОД МАЛЦЕ ПРОСЕКОТ НА ГОДИНИ ВО ТИМОТ КОЈ Е 16,7".Така Адебајор кој што бил бушав и нестрижан дошол во Лондон,но за беља се изгубил...Тоа за него било друга планета.Така Адебајор го научил патот од колибата во која живее до Емирати и почнал да тренира...Но имал др. проблем не знаел англиски јазик и неможел да најде фризер.Сепак додека барал не заборавал дека треба да игра фудбал.И за изненадување тој станал најдобар стрелец во Арсенал и во пола сезона бил во ТОП3 од стрелците на ПЛ.И така се наполнил пари и си купил апартман,па дури и се запишал на курс по Англиски(нашол некој мултиталентиран Тогуанец кој разбира Англиски).Сепак за 1 месец го научил основното од јазикот и отишол на фризер.Се истрижал човекот,но фризерот фрлил магии над Адебајор и овој после промената на фризурата се изгубил...Одвај по 2,3 гола на месец давал.Така пропадна уште еден од талентите на Венгер и сега надежите се во Вела,детето кое едвај завршил средно школо.
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
КРИСТИЈАНО РОНАЛДО

Станува Роналдо сабајле околу 6 часот.
Си ја повикува својата крава да му ја залиже фризурата.
Ја облекува манекенската облека за на тренинг.
Го зема своето ферари
Влегува во некој тунел
Од хиликоптер не се гледа ништо внатре па затоа застанале од другата страна на тунелот да го почекаат да излезе.
Гледаат го нема пола саат и повикуваат полиција.
Излегува Роналдо но без ферарито

За телевизиите изјавува
"И покрај сообраќајката јас сум добар возач"
Ферарито од тунелот почнува да се гази од смеење кога го слушнало ова.:pos2:
Доаѓа конечно на тренинг и му вели на Фергусон НЕМАВ СРЕЌА.
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Рио Фердинант го подржува планот за построга допинг контрола во фудбалот во Англија.
Манчестер Јунајтед бара нов спонзор.
АИГ немал намера да им дава пари на Манчестер.
Роналдо разочаран дека нема пари за ново ферари и си вели ќе и пратам писмо на мама.
Го зема пенкалото во рака но и самиот бил токлу збунет што заборавил дека незнае да чита и пишува.
Ја мрда раката без везе и го измисли својот 15982 различен автограм.
Ленува да се одмори 1 саат и станува.
Оди на LONDON EYE
Го гледа цел Лондон и потоа ја крева главата нагоре и си вели.
Се ми изгледа токлу чудно што дури и морето се качило врз мојата глава.
Слегува од LONDON EYE и оди да го види BIG BEN.
Погледнува и гледа 20 часот а потоа гледа во својот часовник и гледа 18 часот.
Си вели одигледно е дека сум загубен во времето --- А кој ден сме?:pos2::pos2: :pos2:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.432
Поени од реакции
42.705
Само да знаете ова не е противодговор на тоа од Пато007.Туку гледам сите сте се фатиле за Милан и јас решив да напишам нешто за нив..

Едно утро оди Анчелоти на тренинг и гледа нема никој на игралиштето,само Пато седе на тревата и плаче..
А-Шо плачеш ти бе??Кај се другите??
П-Абе дедо,сеа дојде чичо Гатузо кажа ќе се пензионирале.(си го брише носот)
А-Ох миличко дојди ми во скут,да ти дадам бонбонче да престанеш да плачеш.Не се секирај ќе купиме малди фудбалери од 26 години..Сеа ќе му јавам на шефот
Ѕвони телефонот...Берлускони никаде го нема...ѕвони,ѕвони,ѕвони ама никој не се јавува(за тоа време Пато ја навадил тревата и почнал да пее ВТОНАМ ВО МООООРЕ ОД СОЛЗИ....)
И еве ја секретарката..Ах-кој е ах на телефон ааааааааааааааах.
А-Дај не ми стенкај на телефон дај го шефот
Сек..Шефе абе аах те бара овој со побелената ах косааааааааааааааах од Милан
Б-Аман веќе му кажав 100 пати да не ме прекинува кога сум преплавен од работа,дај го тука ај
А-Алоо има ли некоооој?
Б-Шо сакаш бе???
А-Ппппа шшшефффе,пппа знаешш,пппа мммоиввве
Б-Абе ајде кажуј неам време со тебе да се замарам иам поважни работи!!!
А-Абббе шшшшшефффе мммоиввве игг-рачи се ппппензззззионннирррррале
Б-Леле мајка им нивна да ја онадам,баш пред Интер лелелелелелелеле!Станувај ти ма(и вика на секретарката)
А-И сеа шшшшо ќе прајјјме??Слллушнав иммма талентттти од 26 годдддд во Аммммериккка!!
Б-Абе ај не ми гнкај тука,збори убаво
А-Окк шеффе во Аммерикка ималло таллентти од 26 годддддини
Б-Америка??Која беше Амерка???
А-Појјма неам географијаа
Б-ААААААААА да бе таа со исунчаниот претседател..Сеа ќе му јавам не се секирај..
А-Ок шеффе
Спуштаат слушалката...
Анчелоти иде кај Пато и што да види Пато се изгубил во саваната
П-Дедоооооо каааааааај сииииииии!!!!!!
А-Дојди внучко не се секирај ти за тимот,оди дома научи си за утре..
П-Ок дедо..
Пато си потскокнува бидејќи мисли дека дедо му ќе ја реши ситуацијава
А во тоа време Берлускони прави муабет со Обама
О-Хелоу
Б-Ним ти на мене хелоу..Дај прати ми од овие твоиве рагби играчи
О-Сори а кој е таму
Б-Тука Берлускони
О-Коа ќе се истрижеш ќе добиеш колку сакаш(му спушта)
И така Милан почна да тоне,тоне,тоне...И да се надева дека летово ќе доведат млади играчи од по 26-28 години(неоткриени таленти)
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Ливерпул

Станува Безнитез од спиење и згазнува на лева нога.
Оди во ВЦ да се дотера.
Ги става наочарите и застанува пред огледало и си вели добро е и денес мојот двојник е до мене.
(бидејки има наочари и дупло му се гледа)
Оди до болница да провери крвната слика.
Му земаат крв и по пола саат му даваат крвната слика и што да види има 50% камен во крвта:pos2:
Си вели како да немам 50% камења во крвта кога моиве играчи камења невидени се.
Од болница право на тренингот да не ги запостави фудбалеите.
Им дава задачи и седнува на клупа да се одмори.
Џерард е поставен да изведува слободни удари.
Се мести живиот(кинески)ѕид.
По 100 изведени слободни удари Реина заспал немајки работа на голот-Кинескиот Ѕид е урнат.
Следуваа 100 корнери повторно од Џерард.
Ја "крева" топката Џерард и оди до гол.
По "кренати" 100 топки Џерард добива кила.
Треба сега да оди во најблиската продавница за да си купи гаќи 5 броја поголеми.
Реина оди да си купи еден дормео + гратис дормео мемосан перница.
Кинескиот Ѕид оди во сауна малце да направат машка интимност.
Едно 3 саати им беа доволни за тоа.
Бенитез гледа дека се ближи време за спиење ги гледа како се појавуваат и двете месечини.
Му се придружува на Реина.
На трибините пристигнуваат навивачи и си пеат приспивна песна за своите миленици.
"YOU WILL NEVER SLEEP ALONE"

 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Фудбалска комедија ИНТЕР - МИЛАН Следење натпревар

Гледам дербито на телма телевизија почиња натпреваров играат играат и станува се пожестоко и пожестоко на теренот.
И што се дешава кај мене дома!!!
Во 28-29 минута од телма се фати некоја сателитска програма и ме префрлува на ракомет.(ЛЕЛЕ за малце телевизорот ке го искршев)
При прекинот еден ракометар што го видов ЛЕЛЕЕеее што да ви кажам подобар и од нашиот Кире Лазаров.(мислам се викаше Адриано незнам точно)
Се враќа од ракомет на фудбал оваа програмава.
Гледам гол даваат 43 минута и си викам џабе им е ќе дадат и овие на Милан гол.
Второ полувреме почиња судијава се раздава жолти картони(што му стана незнам)
Во 71 минута магија на теренот Пато дава гол и израмнува на 1-1.
До крај повторно судијата во преден план уште 3-4 жолти картони.
Доаѓа крајот и што да видам доле покажува 2-1 а ја знам 1-1 беше.
Пак гледам некој Адриано дал гол и си викам овие да не го признале голот и на ракометарот од 29 минута.
Даваат не крајот головите и одма тој голот од ракометот ми го даваат а јас се чудам и си викам е да не беше сателитска помалку ќе се местеа натпревари.
 
M

Mario Gómez

Гостин
БАЕРН

Станува Клинсман рано и гледа надвор дожд и си вели
-ЛЕле да бев у калифорниа сега ќе се бањав а тука дожд.
Оди у клуб и разговара со Румениге дали да признаат дека се во криза и дека мора да бараат помош од владата.
Станува Рибери се гледа у огледало и си вели
-Што убаво ќе ми доје една пластична операција и тргнува на тренинг за да се релаксира и да ужива како се игра аматерски фудбал.
Станува Тони со 2 женски и си вика.
-До кога не ќе можам да дадам гол бе,ах остарев бе , тук чек да ги прашам девојкиве што викааат за мене.
Станува Швајни и си вика абе до кога ќе сфатат дека сакам у друга екипа бе, доаѓе на тренинг и сите му се смејат бидејќи неможе да фати женска.
Станува Ренсинг и вика дали ќе има некогаш натпревар кај што нема да примам гол бе гзот решето ми го направија.Доаѓа на тренинг и му брани гол на Тони , и се радува што не е тој единствен баксуз.
Станува Лел и си вели дали некогаш ќе направам нешто корисно во животот ..ќе ја пробијам некогаш десната страна и размислува како би било во кревет со швајни.ама се плаши да не се прошири неговиот баксуз врз него..

 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Кој е поубав? - Се степаа Роналдо и Тејлор

Кики Роналдо и Стивен Тејлор По синоќешниот меч меѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл дошло до меѓусебно кошкање во тунелот на патот до соблекувалната, а во главна улога бил Стивен Тејлор, младиот англиски репрезентативец.
Британските таблоиди имаат своја верзија за тоа кого тој навредил и зошто започнало кошкањето... Триумфот на гостински терен на Јунајтед против Њукасл со 2:1 падна во втор план.
Според извештаите на бројни британски таблоиди, Кристијано Роналдо и Стивен Тејлор имале блиска физичка средба во тунелот на полувремето, откако фудбалерот на Њукасл го удри по глава Португалецот при еден старт на теренот.
Судијата Стив Бенет или не го виде инцидентот или тоа не го оцени како доволно сериозно, па Тејлор заработи само жолт картон.
Но, искрите повторно се запалиле во тунелот на патот кон соблекувалната, тврди „The Sun“.
„Твојот стил на играње фудбал е катастрофален“, наводно му рекол Роналдо на Тејлор
„А ти си многу грд“, рекол Тејлор, по што започнало меѓусебното кошкање.
Но, „Daily Express“ тврди дека пресметката избила меѓу Руни и Тејлор.
„Од секогаш си посран фудбалер“, му се обратил Руни на Тејлор.
„Можеби сум, но не сум барем грд како тебе. Ти засекогаш ќе бидеш грд“, возвратил дефанзивецот на Њукасл.
Како и да е, сега Англискиот фудбалски сојуз треба да го истражи инцидентот, ако судијата го вклучи во извештајот од мечот.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.509
Поени од реакции
6.142
го прашува плавуша на анчелоти:
зошто пато знае да дава голови?
- затоа што го знае 'пато' до противничкиот гол!
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Фанови на Рома фрлале банани кон Балотели, напаѓачот на Интер останува смирен.Продолжуваат расистичките напади кон напаѓачот на Интер, Марио Балотели откако вчера фанови на Рома фрлале банани кон Италијанскиот репрезентативец до 21 година

https://www.bwin.com/hr/sportsbook.aspx?zoneid=56006
Балотели кој е на интернацинална должност со младата репрезенација вчера во слободно време заедно со своите соиграчи, Кришито, Џовинко за време на прошетка во пределот Понте Милвио биле пречекани од група млади луѓе.

Фановите почнале да го навредуваат црномурестиот напаѓач на Интер и дури фрлиле банани кон Балотели.

Младите луѓе биле фанови на Рома кои не се во најдобар однос со младиот напаѓач по дуелот помеѓу Нероаѕурите и Римската Волчица на Сан Сиро кога Балотели по постигнување на погодок се сврте кон трибината на која беа гостинските фанови и им покажа дека треба да замолчат.

По инцидентот брзо реагираше и селекторот на репрезентацијата, Касираги кој го пофали Балотели за смирената реакција.

“Момчето (Балотели) се однесуваше со одлични манири по овој немил настан и не одговори на вербалните напади, со што не предизвика дополнителни реакции.”

Играчот додаде: “Според мене во Понте Милвио ништо не се случи.”


Мухахахахахахаха
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Добри сте сите, и некој нека го банира Јове_бт од темата :)
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Милам дека ова е најсоодветна тема за ова:


Marca објави дел од правилата од книгата која ја добиле сите играчи на Реал:

  1. Блискост - Сите играчи ќе треба да бидат блиски до фановите
  2. Воспитувње - Играчите мора да покажат почит кон тренерите, менаџерите и фановите
  3. Напор - Пожртвуванос, посветеност..
  4. Точност - Играчите мораат да пристигнат на време на сите состаноци
  5. Здравје - Играчите мораат да се грижат за своето здравје и да ги избегнуваат сите рискантни ситуации
  6. Ред - Играчите несмеаат да излегуваат навчер
  7. Имиџ - Играчите мораат да изгледаат претставително во секое време
  8. Соработка - Играчите мораат да соработуваат со клубот и медиумите во секое време
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Напаѓачот на Нец Нијмеген, Мустафа Ел Кабир, учествуваше во навистина редок и смешен инцидент на натпреварот против Утрехт. Мароканскиот фудбалер се занесе и без пардон му влезе со слизгачки старт на камерманот и неговата опрема.

Мароканскиот напаѓач, Мустафа Ел Кабир не успеа да го совлада голманот на Утрехт и да се запише во листата на стрелците, но затоа пак успеа да го егзекутира камерманот.

21-годишниот фудбалер, во желба да дојде до една тешка топка се залета со целосен спринт и му влезе со лизгачки старт на камерманот и неговата опрема.

За среќа, никој, освен опремата не беше сериозно повреден.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom