Форум во живо: Дали еволуцијата е научно издржана?

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Дали (Дарвиновата) еволуција е научно издржана или не? Еволуционистите се убедени дека е, сите останати дека не е. По ова прашање се кршат копјата и во научните кругови и кај лаиците. Кои се аргументите на едните, а кои на другите? Кој е вашиот став по ова прашање?

Повелете на овој кружен форум каде што ќе имате можност да слушнете различни гледишта, ставови и аргументи, а исто така ќе имате и можност да го искажете и аргументирате вашиот став по ова прашање.

Време: 17 март (четврток), 20 часот.
Место: Канцеларија на студентската организација „Секој студент“

ПУБЛИКА:
Секој е добредојден се додека има место во публиката. Затоа дојдете на време и зафатете си место за седење.

УЧЕСНИЦИ:
Пријавување на ѕидот на настанов или со приватна порака до Секој Студент или Златко Бучкоски. Предност имаат студентите. Добредојдени се и поборниците и противниците на еволуција

Дисксуијата ќе ја модерира непристрасен модератор согласно правилата на форумот.

ПРАВИЛА:
- Модераторот го има крајниот збор.
- Публиката е пасивен слушател и нема право да дофрлува се додека трае официјалното време на форумот. Потоа ќе може да се вклучи со кратко (1мин) прашање или коментар.
- Секој учесник на форумот ќе има 5 картончиња со своето име запишано на нив: 1 црвено, 2 жолти и 2 зелени.
Со подигање на картончето, учесникот се пријавува за коментирање од:
Црвено: 2 минути
Жолто: 1 мунита
Зелено: 30 секунди
Вкупно време за дисксуија: 5мин по учесник.
(Времето може да се зголеми доколку не се пријават повеќе од 10 учесници)

Картонче ќе биде земено и доставено до модераторот каде што ќе чека на ред додека не завршат со коментирање предходно пријавените учесници.
Ќе биде интересно поучно и несекојдневно.

Се гледаме во четврток, 17ти март, во 20:00 часот, во канцеларијата на студентското христијанско движење „Секој Студент“.

Facebook event: http://www.facebook.com/event.php?eid=153274054732547
 

Kajgana Shop

На врв Bottom