Формула 1 сезона 2008

Кој ке биде шампион во 2008?

  • K.Raikkonen

    Гласови: 65 32,7%
  • F.Massa

    Гласови: 54 27,1%
  • L.Hamilton

    Гласови: 70 35,2%
  • H.Kovalainen

    Гласови: 0 0,0%
  • F.Alonso

    Гласови: 4 2,0%
  • N.Piquet Jr.

    Гласови: 2 1,0%
  • R. Kubica

    Гласови: 4 2,0%
  • некој трет...

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    199
F

fantomX

Гостин
Алонсо изгледа ќе си се врато во Рено, ама дали има нешто официјално околу тоа?
Ако знај некој, нека пиши...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Шпекулации, шпекулации, шпекулации.... Ништо не се знае додека не се објави конечно и дефинитивно. Еве ви текст дека Алонзо може да оди во Хонда, на местото на Баричело.

Двократниот светски првак, Фернандо Алонзо, свежо вратен од годишен одмор, поминал цел ден со Рос Браун во фабриката на Хонда сместена во Бракли, Англија, тврди германскиот весник Шпорт Билд. Истиот медиум повикувајќи се на свои извори во Хонда вели дека тој го „пеглал“ договорот со јапонската екипа, па дури и дека му земале „мерка“ за седиште (секој возач има различно тело, па на секој му се прави калап за да му биде седиштето најудобно и најблиску до природната градба на телото). Според оваа шпекулација, во преговорите директно бил вклучен и Берни Еклстоун. Алонзо би требало да го заземе местото на Баричело, кој доколку прифати би можел да вози за Супер Агури, покрај Такума Сато. Менаџерот на Алонзо не бил достапен за коментар, но затоа Хонда веднаш демантираше.
- Фернандо не бил во нашата фабрика, а Хонда ги има потврдено Баричело и Батон уште во јули, се вели во нивното соопштение.
Според британската телевизија Ај-Ти-Ви, ова е неверојатно сценарио бидејќи Алонзо повторно би се нашол во тим кој е раководен од Британци и каде што тимски колега би му бил Англичанец. Неодамна, пак, Рос Браун во својата пофалба за Баричело рече дека тој имал денови кога бил подеднакво брз како Михаел Шумахер, иако е факт дека Бразилецот во повеќе наврати го има совладано седумкратниот првак, што се толкува како „лоша вест“ за Рубенс. И покрај се, јасно е дека додека не помине сослушувањето на Рено во ФИА на шести декември, Алонзо нема да донесе конечна одлука за својата иднина.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Сеуште фиа нема донесено одлука за скандалот со шпионажата на Рено. Ако се донесе одлука дека има користени матерјали од Мекларен, од Рено најавија дека ке се повлечат од ф1. Алонзо сеуште е во неизвесност каде ке вози, но спонзорите го притискаат да остане во Мекларен. Што ке бидне, ке видиме.

Највероватно ке видиме slick гуми во ф1 трките

Највероватно ке се вратат slick гумите во ф1 трките. Со овие гуми болидите имаат многу подобро прилепување за патеката во споредба со досегашните гуми, а со тоа и подобри времиња по круг. Највероватно фиа сака да се искомпензира за идното планирање за намалување на зафатнината на моторите на болидите.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
56
Поени од реакции
0
FIA одлучи !

Вчера ФИА донесе одлука дека Рено е крив за кршење на правилото 151ц од "International Sporting Code" но нема да биде казнет. Денеска, петок, е објавено и образложението за таквата одлука, кој сака да види нека кликне тука.
Сето ова оди во полза на Рено во потрерата за ангажирање на Алонсо за 2008-та сезона. Најрано информации за разврската од преговорите Рено - Алонсо ке има дури во понеделник.
Јас мислам дека Алонсо ке потпише 2 годишен договоро со Рено со наводнo опција за ослободување од истиот доколку новата соработка "не би профункционирала" и тоа од неодредени причини!
Како и да е понеделник е за два дена, па ако толку сакаме да знаеме ке почекаме!:kajg:

Највероватно ке видиме slick гуми во ф1 трките

Највероватно ке се вратат slick гумите во ф1 трките. Со овие гуми болидите имаат многу подобро прилепување за патеката во споредба со досегашните гуми, а со тоа и подобри времиња по круг. Највероватно фиа сака да се искомпензира за идното планирање за намалување на зафатнината на моторите на болидите.
Слик гумите кои беа забранети од 1998 година повторно ке се воведат во Ф1 шампионатот (по 12 години пауза) во 2009 год. !
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
56
Поени од реакции
0
Ај честито!

"Fernando and Nelsinho will form one of the most exciting driver line up of 2008," commented Renault F1 Team Managing Director Flavio Briatore...
изоворот на веста
Оваа е и дефинитивно конечно, им посакувам среќа на сите фанови на Рено за наредната сезона!:kajg:
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Хм... Ако се подзамислите малку, може да ви стане јасно што е целата финта на збркава... Алонзо во сезоната 06, беше шампион, и заработуваше некои 4 милиони евра. Се префрли во Мекларен за да зема 30, а сега пак се врати во Рено за да му дадат 40 (или колку и да е нема врска). Значи Алонзо го напушти Рено само заради парите. Баш ме интересира зошто тие не му дадоа покачување за да си остане во Рено? Инаку во Рено до Алонзо ке седни Нелсон Пике Јуниор.

Инаку сега за местото на Алонзо во Мекларен има 3 сериозни кандидати. Прв и најсериозен е Адиријан Зутил, дечкото е германец, а во таква ситуација извисува Ковалаинен. Но, Зутил има договор и не е сигурен, а Ковалаинен има понуда од Тојота која сеуште нема објавено кој ке им бидат возачи. Така да во најлошото сценарио за Мекларен (двата потенцијални возачи да му избегаат) останува тест возачот Педро ДеЛа Роса.
 
За местото во Мекларен, јас типувам на Ковалаинен!
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
За местото во Мекларен, јас типувам на Ковалаинен!
Ја типувам на ДелаРоса пошо премногу одолговлекуваат со давање на понуди за другиве возачи.
Иначе ја би сакал да го земат Ковалаинен.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Мекларен ја чекаат фиа да не ги казни дополнително, треба да се изјаснат дали има нешто нелегално на болидот за новата сезона 2008, па ке калкулираат со парите што и како ке им остане, по евентуалната казна. Затоа се пролонгира изборот на втор возач. Во најлош случај тука е ДеЛа Роса, што според мене е одличен возач, иако е постар, а само му треба шанса да се докаже. Може да биде тоа добитна комбинација за му го чува грбот на Хамилтон, исто како Култхард и Хакинен на времето :)

Инаку ова според мене е лошо сценарио гледано реално. Зошто... сезоната започнува во март, а изјаснивањето на фиа ке биде во јануар. 2 месеци прет почнување на сезоната сите веќе ќе имаат започнато со тестирање, а овие незнаат дали имаат болид. Нездрава работа.
 
bavarec_oh

FCB Support
Член од
8 ноември 2007
Мислења
188
Поени од реакции
1
Има шанси МекЛарен да биде дополнително казнет, а по се изгледа Ковалајнен ке вози во МекЛарен, бидејќи дечкото е стварно талентиран, и мора некаде да вози:).
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Па освен Мекларен кој ако биде казнет, ке нема пари за да го купи ковалаинен, Тојота бара возачи и не го има објавено својот возачки кадар. Дефинитивно беше заминувањето на Ралф Шумахер, а можеби Трули ке остане и оваа сезона. Така да знаејки дека Тојота има огромен буџет, не е чудно Ковалаинен да замине таму нормално за повеќе пари.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687

Хејки Ковалаинен партнер на Хамилтон во Мекларен. Мекларен потврди дека Ковалаинен ке биде вториот возач сезонава за нив. Педро Де Ла Роса ке остане трет возач, заедно со Гери Пафет.

Епа една мистерија е решена. Сега останува да гледаме добри трки кои ке се решаваат на патеката, а не во боксовите.
 
Јессс!!!:vozbud:
Е сега ќе биде интересно.
Мислам дека ова ќе биде The Young F1 Dream Team.
Кој се согласува?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Па каков тим ке биде, ке видиме ке покаже времето. Само да ги гледаме на подиум со шампањското :) Како фан на Мекларен се надевам дека ке им успее да ја земат титулата која за малку им избега, но пред се сакам да гледаме трки со вистински дуели, а не со престигнувања низ бокс. Па кој е подобар заслужено да си победи.
 
Најсигурно е оти нема да освои титула во 2008 од причина што Мекларен се обрврза оти ке замрзне одреден развој на болидот за 2008 бидејќи тајните на Ферари не само што беа користени за болидот во 2007 туку влијаеле и на развојот на болидот за 2008. Тоа е признание на Мекларен и беше објавено заедно со извинувањето кон ФИА, Ферари и сите фанови на Ф1!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom