Форбс: 10 автомобили кои го променија светот

  • Креатор на темата cige
  • Време на започнување
C

cige

Гостин
„Овие автомобили не ги променија само навиките и стилот на живот на луѓето, туку и долгорочната стратегија на производителите на автомобили. Понекогаш тие дури менуваа и влади“, пишува угледното американско списание.
Српската Застава направи бум на американскиот пазар во средината на 80-те години од минатиот век, со неверојатна ниската цена од 3,990 долари. Суперкомпактната кола „се продаваше како леб“. Санкциите на ОН против Србија во 1992 ја погребаа продажбата на Застава на светските пазари.
Од друга страна наведува Форбс, американскиот Форд Мустанг не соборуваше влади, но буквално ги зашемети купувачите, кога за прв пат беше промовиран на Светската изложба во Њујорк во 1964.
Само за една година во САД беа продадени половина милион од тие моќни спортски автомобили.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Па добро се продаваа Југпвците во САД додека не ја упрскаа работата со санкции. Мислам дека успејаа да продадат до 200 000 примероци за пар години вкулучувајќи го 1,3 инџекшн, Кабрио и Автоматик моделот.

BTW коли кои најмногу влијаеле на светот спред мене се:

- Форд Т
- VW Буба
- Мини
- Фиат Тополино
- Порше 911
- Форд Мустанг
- VW Голф
 
C

cige

Гостин
Па добро се продаваа Југпвците во САД додека не ја упрскаа работата со санкции. Мислам дека успејаа да продадат до 200 000 примероци за пар години вкулучувајќи го 1,3 инџекшн, Кабрио и Автоматик моделот.

BTW коли кои најмногу влијаеле на светот спред мене се:

- Форд Т
- VW Буба
- Мини
- Фиат Тополино
- Порше 911
- Форд Мустанг
- VW Голф
А најпродаваната Тојота Корола?
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
10 автомобили кои го променија светот

да не ги заборавиме легендарната рено4 и спачекот најзастапени автомобили во француските стари филмови
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Точно дека Тојота Корола е најпродавана со 30-40 милиони примероци ама има 10 генерации до сега. Според мене некако се премногу стерилни Королите, посебно е дискутабилен за нас јапонскиот дизајн. А околу колите кои ги споменав се има створено култ (хипи револуција-Буба, монтажна трака-Форд, прв мал спортски автомобил- Голф GTI, култен дизајн -911...), тие се нешто повеќе се од коли за превоз.
За CV2 се сложувам :smir:
 
Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
10 автомобили кои го променија светот

За мустангот има една интересна работа.Пред да излезе во очите на јавноста направени се 100 парчиња(макети)кои биле распоредени по поголемите градови во америка за да видат челниците како ке се вклопи во урбаната средина,и еве веке 40години е симбол на прав american muscle car.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Па тоа ми беше зборот. Овие коли се култни, Тојота Корола сеуште го нема тој статус иако е многу квалитетна и масовно продавана :toe:
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Ford Model T...и останатото е историја.
 
C

cige

Гостин
Па тоа ми беше зборот. Овие коли се култни, Тојота Корола сеуште го нема тој статус иако е многу квалитетна и масовно продавана :toe:
Да, само на балканот, ама не на светско ниво.
Доволно е само да се каже дека е најпродаван автомобил и со тоа веќе зазема место во 10-те највлијателни авмобили.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Да, само на балканот, ама не на светско ниво.
Доволно е само да се каже дека е најпродаван автомобил и со тоа веќе зазема место во 10-те највлијателни авмобили.
Да, само не гледам некоја иновација од тојота (не земајки ги во предвид последните 20-25 години, светот беше преполн со возила до 1985-1990) со што би го промениле светот. Ако погледнеш надолу, секоја марка има по некое обележје, форд т започна да произведува возила, буба беше возилото што се продаде во милионски примероци и тн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom