- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 30.951
- Поени од реакции
- 73.713
Дојдовме и до завршната фаза од првенството. Како што повеќето типувавме по завршувањето на првата фаза, Норвешка, Шпанија, Хрватска и Словенија се четирите екипи кои се најдоа во најдобрите 4. Норвежаните се единствената перфектна репрезентација досега, иако Шпанија и Хрватска исто така влегуваат непоразени во полуфинале, со единствен нерешен дуел во меѓусебната пресметка.
Од првата група, Шпанците фуриозно дојдоа до 6 победи во првите 6 дуели, но се можеше да падне во вода по катастрофалните последни 15 минути од денешниот дуел со Хрватска во кои едвај го спасија првото место. Шпанија имаше водство од 5-6 разлика и водеше 21-16 на 12-3 минути до крај. Но, Хрватите предводени од Карачиќ направија серија од 6-0 и го преземаа водството. Шпанија од пенал дојде до 22-22, резултат кој по промашувањето на Дувњак се покажа како конечен. Шпанија покажа дека е ранлива, иако некако се опуштија денеска и на 5-6 разлика ја сменија цела постава, по што откако тргна возот надолу, ниту првотимците не одиграа ништо откако беа вратени во игра. Хрватите можеа да останат и без полуфинале, ако немаа феноменално второ полувреме против Германците. Покажаа дека за нив нема загубен дуел и може да се вратат во игра по секаква разлика на противникот. Лино уште ја форсира тактиката ала Металург, силна одбрана, напад во кој предничат поединци од бековска позиција. Играат одлична одбрана и ако имаа малку поголема помош од голманите, ќе беа уште посилни. Играат натпревари со малку голови, класичен ракомет. Ги мачат повредите откако денес не играше Циндриќ, а Карачиќ кој имаше симултанка се повреди во последните минути. Не се знае дали ќе настапуваат во полуфинале, но веројатно ќе стегнат заби. Нивно отсутство од теренот би значело дека Норвешка би била огромен фаворит. Сепак, Хрватите имаат веројатно и најдобра бековска линија на првенството, би успеале да се снајдат и без нив.
На другата страна имаме фуриозна Норвешка репрезентација со 7 победи од 7 дуели, победувајќи ги силните Французи, Португалци, Исланѓани, Швеѓани, Унгарци и Словенци на патот кон финалето. Во некои од дуелите практично ги демолираа противниците, а разликата беше ниска откако се опуштаа во завршните моменти. Денес одиграа скоро ревијален дуел со Словенците, доволно колку да дојдат до првото место и да ја избегнат Шпанија.
Норвешка се чини дека е голем фаворит за првото место, но во полуфиналето никогаш не се знае што може да се случи.
Како најголемо изненадување во полуфиналето, веројатно е Словенија. Смената на Вујо се покажа одлична, бидејќи Врањеш извади максимум од овој тим. Онаа победа над Шведска во групна фаза се покажа како решавачка, а поразот од младата Унгарија ќе им ги искомплицираше работите, да не им се наредеа коцките за време на групната фаза од втората рунда (имаа среќа што Унгарија не успеа да добие барем еден од Исланд и Португалија). Не знам по кој пат се среќаваат со Шпанија на шампионативе, ама имам чувство дека цело време играат со нив последниве години И на овој дуел не се знае ништо, секој може да победи.
Полуфинале (24.1.2020)
18:00 Шпанија - Словенија
20:30 Хрватска - Норвешка
Дополнително, Германија и Португалија ќе играат за петтата позиција. Каков само успех на Португалците...