Филозофски шеги

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
ПРВИОТ ЗАКОН НА ФИЛОЗОФИЈАТА: За секој филозоф, постои уште еден кој е целосна спротивност на првиот.

ВТОРИОТ ЗАКОН НА ФИЛОЗОФИЈАТА: И двајцата не се во право.

***

Деканот, кон одделот за физика. “Зошто секогаш морам да трошам толку пари на вас, за лаборатории, за скапа опрема и за сите тие глупости! Зошто не бидете како одделот за математика – се’ што им треба се пари за моливи, хартија и корпа за отпадната хартија. Или уште подобро, како одделот за филозофија. Се’ што им треба нив се моливи и хартија”.

***

Не ГЛЕДАЈ ништо во лабораторијата за физика;
Не ВКУСУВАЈ ништо во лабораторијата за хемија;
Не МИРИСАЈ ништо во лабораторијата за биологија;
Не ДОПИРАЈ ништо во лабораторијата за медицина;
И најважно од се’
Не СЛУШАЈ ништо во одделот за филозофија.

***

Францускиот егзистенцијалист Жан Пол Сартр седи во кафетерија, пишувајќи ја својата L'Être et le néant : Essai d'ontologie phénoménologique и доаѓа келнерката па го прашува: “Monsieur Sartre, дали би сакале нешто за пиење?” Сартр одговара: “Да, би сакал една шоља кафе, со шеќер и без шлаг”. Келнерката заминува да ја исполни неговата нарачка. После неколку минути се враќа и вели: “Жалам Monsieur Sartre, но ние повеќе немаме шлаг, дали би го сакале вашето кафе без млеко?”

***

Декарт, седи во бар и пие. Барменот го прашува дали сака уште еден пијалок. “Мислам не” - вели Декарт и исчезнува во “пуф-от” на логиката.

***

Филозоф заминува во WC на десет години за да размислува на прашањето “Што е животот?” Кога веќе излегол, на улицата среќава свој стар колега. Колегата го прашува:
- Па каде си ти сиве овие десет години?
- Во WC. Размислував што е животот за цело тоа време.
- И дали најде одговор?
- Да, најдов. Мислам дека најдобро би се изразил кога би кажал дека животот е како мост.
- Тоа навистина звучи добро, но дали можеш да бидеш малку поспецифичен?
- “Па,” – одговара филозофот после некое време воздивнувајќи, “можеби си во право, можеби животот навистина и не е како мост”.
- Raymod Smullyan, "5000 B.C."

***

Поентата на филозофијата е да почнеш со нешто толку едноставно што воопшто не вреди да биде спомнато, а да завршиш со нешто толку парадоксално во кој никој нема да верува.
- Бертранд Расел

***

Монизмот е теорија која впрочем кажува дека било што помалку од се’ е ништо!

***

Филозофија: Насока од многу патишта која води од нигде до ништо!

***

Која е разликата помеѓу филозоф и инженер?
Па околу 50 000 години.

***

- Слушна за оној кој отишол на солипсистичка конвенција?
- Никој не се појавил.

***

Професор по филозофија влегува во амфитеатар и го поставува последниот испит пред својата група. Го зема својот стол и го поставува на масата. “Ваша задача е да докажете дека овој стол не постои!”
Студентите почнале да пишуваат, да бришат, да се повикуваат на веќе изученото. Само еден од студентите, на големо изненадување на останатите, станал после 30 секунди и го оставил своето размислување на масата.
Дошол денот кога сите студенти ги добиле своите оценки. Оној со највисока оценка бил студентот со 30 секундниот одговор.
Одговорот бил: “Кој стол?”

***

Големата вистина е вистина чиј што опозит е еднакво голема вистина.

***

- Го положив испитот по етика. Лажев, се разбира.

***

Инженер, нучник, математичар и филозоф се качуваат на планина и забележуваат црна овца. Инжинерот вели “веројатно во овој крај сите овци се црни”. Научникот гледајќи скептично, вели “па барем некои од нив се црни”. Математичрот го нашол својот момент и вели “Барем една од нив е црна”, а филозофот се врти накај нив и вели “барем едната нејзина страна”.

***

Колку филозофи се потребни за да сменат светилка?
“Хмм... Тоа е навистина интересно прашање, нели?”
“Дефинирај светилка...”
“Како можеш да бидеш сигурен дека треба да биде сменета?”
Тројца. Еден да ја смени, а двајца да расправаат од страна дали светилката воопшто постои.

Колку егзистенцијалисти се потребни за да сменат светилка?
Двајца. Едниот да ја смени, а другиот да набљудува како светилката претставува светла размисла на субјективноста во пеколот на Космичката Ништост.

Колку Хегелисти се потребни за да сменат светилка?
Двајца се разбира. Едниот стои на едниот крај од собата и кажува дека не е темно, а другиот стои на другиот крај од собата и кажува дека апсолутната светлина е невозможна. Оваа дијалектика создава синтеза која ја завршува работата.

Колку Зен мајстори се потребни за да сменат светилка?
Двајца. Еден да ја смени, друг да не ја смени.
Тројца. Еден да ја смени, друг да не ја смени и трет – да ја смени и да не ја смени.

Колку Марксисти се потребни за да сменат светилка?
Ниеден. Секоја светилка во себе го содржи семето на сопствената револуција.

***

Филозофи расправаат во своето филозофско друштво кога одненадеж се појавува ангел пред нив кој се согласува да им одговори на едно прашање. Филозофите почнале да расправаат кое би било најдоброто прашање кое ќе биде поставено па ангелот гледајќи ја нивната ситуација се согласил да ги остави да размислат и да дојди следниот ден и да го чуе нивното прашање.

Некои од филозофите фаворизирале конјуктивни прашања, но тоа било отфрлено со страв дека ангелот нема да го земе тоа прашање како едно. Еден филозоф сакал да прашаат “кое е најдоброто прашање кое може да се постави”, па да чекаат на следна прилика и некој друг ангел да одговори на тоа прашање. Но и ова било премногу ризично.

Конечно се согласиле на следното прашање: “Кој е организираниот пар чиј прв член е најдоброто прашање кое ќе биде поставено, а вториот член е одговорот на тоа прашање?” Задоволни од својата одлука, кога дошол ангелот му го поставиле прашањето на кое тој одговорил: “Тоа е организираниот пар чиј прв член е прашањето кое вие го поставивте, а втор член е одговорот кој јас сега го давам”. - ангелот завршил и исчезнал.

***

Бог е мртов. – Ниче
Ниче е мртов. – Бог



Превземено од блог
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Додека философ ти одговори на поставеното прашање, си заборавил што си го прашал.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
se vrativ na minatata nedela koga za posleden pat imav cas po filozofija (FALA MU NA BOGA)
 

Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
KohlBass напиша:
Додека философ ти одговори на поставеното прашање, си заборавил што си го прашал.
ДЕФИНИТИВНО
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.965
Го читав ова на блог, на главна беше. Интересно и точно во секој случај :)
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Mnogu interesno I like it aj ako najdam nekoe i ja ke pisam:helou:
 

NEBO666

НАУЧНИК
Член од
21 јули 2007
Мислења
568
Поени од реакции
1
Додека философ ти одговори на поставеното прашање, си заборавил што си го прашал.
Glavni pricini za toj fenomen e toa sto covekot mnogu kratko pamti,i mnogiu kratko zivee,i sto nema nervi da slusa filozovi.Drugi pricini se:
1.Toa sto i toj ne e filozof
2.Toa sto toj ne se koncentrira na prasanjeto
3.......
....
15475.Toa sto ne veruva vo zborovite na filozofot
15476.Cekaj be,sto trebase da pisam?
 

KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Glavni pricini za toj fenomen e toa sto covekot mnogu kratko pamti,i mnogiu kratko zivee,i sto nema nervi da slusa filozovi.Drugi pricini se:
1.Toa sto i toj ne e filozof
2.Toa sto toj ne se koncentrira na prasanjeto
3.......
....
15475.Toa sto ne veruva vo zborovite na filozofot
15476.Cekaj be,sto trebase da pisam?
Додека филозоф ти одговори на поставеното прашање, и самиот заборавил што е прашањето. :)
 

NEBO666

НАУЧНИК
Член од
21 јули 2007
Мислења
568
Поени од реакции
1
Za da mozam a definiram sto e toa "JAS",treba da imas osnovni poimi koi ke gi upotrebis za defenicijata.Kazi koi ti se osnovni poimi,pa ke ti definiram....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom