Филмски факти и занимливости

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
-За да го сними Into The Wild, Шон Пен чекал 10 години за да ја добие соодветната дозвола од семејството на Крис. Од почит кон него, филмот не бил сниман во автобусот каде што всушност Крис кампувал, туку на друго место каде што била направена реплика на авотбусот.
Во филмот човекот кој му ги дава гумените чизми на Крис е Џим Галиен и се глуми самиот себеси. Тој навистина му ги подарил гумените чизми на вистинскиот Крис.
Уште нешто да додадам во врска со Into The Wild, Емил Хирш, актерот кој го толкуваше главниот лик, го носел оригиналниот часовник на Кристофер Џонсон (ликот во вистинската приказна) кој го добил како подарок.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Мел Гибсон изјави дека при снимањето на филмот The Passion of Christ , пробувале Моника Белучи да ја направат грда. Постојано фрлале прашина во неа за да го добијат тој ефект, но Гибсон вели дека колку и да се труделе да ја направат жената грда толку поубава станувала.
Едноставно не можете да направите Моника Белучи да изгледа лошо.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Две занимливости од Fight Club:

- Во сцената во која Пит и Нортон се пијани и гаѓаат коли со голф топчиња... навистина се пијани.

- За сцената во која Пит и Нортон со безбол палки демолираат коли, побарале да им биде доведен Volkswagen Beetle, новиот модел. Ова е од причина што и двајцата откриле дека од дно на душа го мразат овој автомобил. Причината е, како што вели Нортон, што овој автомобил бил симбол на младоста и слободата во 60-тите, а во 90-тите, корпорациите водени од луѓе кои биле млади во 60-тите го спакувале симболот во нова паковка и го продавале на новите генерации како да не значи ништо. И двајцата сметале дека самиот филм е бунт токму против ваквите дела на корпорациите. Подоцна Пит изјавил дека го променил мислењето за автомобилот...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Во филмот Fight CLub, нараторот и Тајлер се запознаваат во авион.
Во книгата според која е направен филмот се запознаваат на плажа.
 
I

Intex

Гостин
Tемата поарно да ја прекрстиме „Fight club факти и занимливости“.:D

И да, во крајот од книгата нараторот го сместуваат во психијатриска установа и ептен е одлепен, „му пишуваат писма во рајот“.:pos:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Ај малце за Кјубрик.Дали сте знаеле дека..
* Години наназад,Стенли Кјубрик имал филмски проект во развој-за робот којшто сакал да стане момче.Од кога починал,Стивен Спилберг го превзема проектот и го прави A.I. Artificial Intelligence
*Неговите филмови се испитувани,анализирани,дискусирани можеби повеќе од било кој режисер.
*Се има преместено во Англија во 1962.Продукциските простории ги има преместено на неговиот имот Childwickbury Estate.Имал страв од летање,и ретко кога ја напуштал Британија.
*Умира во сон во неговиот дом во Hertfordshire Англија,4 месеци пред премиерата на неговиот последен филм Eyes Wide Shut.
*По неговата смрт,жена му издава книга под името Stanley Kubrick A Life In Pictures. (има и документарец за него под истото име,можете да го најдете на замунда)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.247
Поени од реакции
27.601
-Дарен Аронофски на Мила Кунис улогата на Лили во Black Swan и ја предложил преку скајп.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Питер О' Тул иако досега бил номиниран дури осум пати за Оскар, ниту еднаш го нема освоено. Кога му било понудено од академијата да добие почесен оскар, тој одбил со образложение дека се додека е во игра односно додека глуми, не планира да прифати такво нешто како "почесен Оскар".
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Две занимливости од Fight Club:

- Во сцената во која Пит и Нортон се пијани и гаѓаат коли со голф топчиња... навистина се пијани.

- За сцената во која Пит и Нортон со безбол палки демолираат коли, побарале да им биде доведен Volkswagen Beetle, новиот модел. Ова е од причина што и двајцата откриле дека од дно на душа го мразат овој автомобил. Причината е, како што вели Нортон, што овој автомобил бил симбол на младоста и слободата во 60-тите, а во 90-тите, корпорациите водени од луѓе кои биле млади во 60-тите го спакувале симболот во нова паковка и го продавале на новите генерации како да не значи ништо. И двајцата сметале дека самиот филм е бунт токму против ваквите дела на корпорациите. Подоцна Пит изјавил дека го променил мислењето за автомобилот...
И Нортон сигурно го променил мислењето околу фолксвагенчето, во Leaves of grass се изнавоза /го изнавозија.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
За El laberinto del fauno:

За време на еден приказ на филмов, писателот Stephen King седел до режисерот Гиљермо дел Торо. Режисерот подоцна изјавил дека додека Офелија бегала од човекот без очи, писателот на хорори направил напната, загрижена фаца. За Гиљермо дел Торо ова било еднакво на добивање на Оскар :)

Филмот добил 22-минутен аплауз на Канскиот Филмски Фестивал.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.503
Поени од реакции
33.643
Во филмот Fight CLub, нараторот и Тајлер се запознаваат во авион.
Во книгата според која е направен филмот се запознаваат на плажа.
Tемата поарно да ја прекрстиме „Fight club факти и занимливости“.:D

И да, во крајот од книгата нараторот го сместуваат во психијатриска установа и ептен е одлепен, „му пишуваат писма во рајот“.:pos:
A и многу убави дијалози испуштиле во филмот.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
369
Поени од реакции
700
Филмови со речиси иста содржина снимени во речиси исто време.

"Deep Impact" - 8 мај 1998 ($140.5 милиони) и "Armageddon" - 1 јули 1998 ($201.6 милиони);
Комета, т.е. астериод и` се заканува на Земјата. Мала група на херојски астронаути се здружува со владата со цел да се спаси човештвото пред да биде предоцна. Разликата е во тоа што во "Deep Impact" дел од кометата удира на Земјата, додека во "Armageddon", well, глуми Bruce Willis, duuh.

"Chasing Liberty" - 9 јануари 2004 ($12.2 милиони) и "First Daughter" - 24 септември 2004 ($9.1 милиони);
18 годишната ќерка на претседателот на САД е исфрустрирана од постојаната daddy заштита што не може да ја издржи повеќе, па бега... во рацете на висок, згоден тип. И во двата филмови, типот е таен агент. Meh.

"The Illusionist" - 1 септември 2006 ($39.8 милиони) и "The Prestige" - 20 октомври 2006 ($53 милиони);
Се` се случува во Европа, се работи за магија и за нејзината улога во life-or-death ривалства.

"Antz" - 2 октомври 1998 ($90.6 милиони) и "A Bug's Life" - 25 ноември 1998 ($162.8 милиони);
Анимирани филмови за колонии. Мравкички. Една таква мравка ја напушта колонијата и ја покажува својата badass страна пред гооолеми инсекти, со што колонијата е горда на неа.

"The Truman Show" - 5 јуни 1998 ($125.6 милиони) и "EdTV" - 26 март 1999 ($22.4 милиони);
Збогум на приватноста. Филмови каде секој потег на одреден човек е под будно око на милионска публика. Разликата е во тоа што Jim Carrey цел свој живот е пред камера, а не знае за тоа, додека Matthew McConaughey самиот потпишува договор за да биде дел од такво реално шоу.

"Saving Private Ryan" - 24 јули 1998 ($216.1 милиони) и "The Thin Red Line" - 15 јануари 1999 ($36.4 милиони);
Втора светска војна. Еден војник, херојство, храброст, жртва, Америка... Знаеме.

"Mission to Mars" - 10 март 2000 ($60.8 милиони) и "Red Planet" - 10 ноември 2000 ($17.5 милиони);
Футуристички филмови за испраќање мисија на Марс откако се откриваат податоци за можен живот на таа планета. Тимовите се составени од мажи и од само една жена. Наоѓаат кислород и шокантни факти за животот таму. Разликата е во тоа што во "Mission to Mars" се работи за вистински марсовци, додека во "Red Planet" за некои чудни инсекти.

"Iron Eagle" - 17 јануари 1986 ($24 милиони) и "Top Gun" - 16 мај 1986 ($176 милиони);
Згоден фраер со неверојатни пилотски вештини, наследени од неговиот татко.

"Dante's Peak" - 7 февруари 1997 ($67.2 милиони) и "Volcano" - 25 април 1997 ($47.5 милиони);
Искусен но проблематичен херој спасува град на кој му се заканува вулканска ерупција.

"Tombstone" - 25 декември 1993 ($56.5 милиони) и "Wyatt Earp" - 24 јуни 1994 ($25.1 милиони);
Филмови за Wyatt Earp (19 март 1848 – 13 јануари 1929) и неговата фамилија, љубовните врски како и пријателството со Doc Holliday. Разликата е во тоа што во "Wyatt Earp" е опишана младоста и уште многу блабла работи во 191 минути, додека во "Tombstone" ставен е акцент на важните моменти од неговиот живот.
"DeepStar Six" - 13 јануари 1989 ($8 милиони); "Leviathan" - 17 март 1989 ($15.7 милиони); и "The Abyss" - 9 август 1989 ($54.2 милиони).
Подводни мисии, чудни суштества кои претставуваат ризик. Разликата е во тоа што во "The Abyss" суштествата не се злобни, тие дури спасуваат и нечиј живот, додека во останатите два филмови се ѓубриња!
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Адолф Хитлер бил голем фан на актерот Кларк Гејбл. За време на Втора светска војна додека Гејбл бил пилот, Адолф понудил голема сума на пари за тој што ќе успее да го зароби и да му го донесе за да се запознаат.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
За потребите на снимањето на македонскиот филм Црно Семе, за сцената во која Ристо Шишков држи мртва мачка во уста со цел сцената и неговото глумење да бидат поавтентични Ристо навистина ја задавил со своите голи раце.
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Џорџ Лукас, славниот режисер на Star Wars филмовите, на времето и самиот признал дека голем удел во создавањето на оваа легендарна франшиза имал филмот на Акира Куросава http://The Hidden Fortress/. Сличностите се евидентни , особено во начинот на раскажувањето на приказната и користењето на некои фенси филмски техники како оваа Wipe (transition)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom