Фиксна и процентуална акциза

N

Nessa Alcarin

Гостин
Треба да направам проект за внос на акцизи на производи. Клиентот ми спомна фиксна вредност и процентуална вредност на акцизите, но незнаеше да ми ги објасни. Ај ве молам ако некој знае во кратки црти да ми напише што знали фиксна акциза а што процентуална.
Ви благодарам.

п.с. ќе го частам пиво...
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Ај ќе се обидам да ти објаснам на кратко, за да можеш да разбереш.

Значи вака акциза тоа ти е всушност данок на поединечни добра и услуги.

Имено, акцизите носат големи фискални приходи 7 - 20% од вкупните приходи во земјите од Европската Унија.

Кај акцизите, даночните стапки можат да се определат или како специфични како апсолутен износ по соодветната мерна единица на производот / стоката или на ad valorem основа тоа ти е како процент од нејзината вредност.
За да се постигне фискалната цел, со акцизите најчесто се оданочуваат производи за масовна потрошувачка кои не можат да се супституираат или нивната супституција е тешко изводлива.

Е сега мислам дека фиксна акциза ти е фиксниот данок што се плаќа. Прост пример.
Керозинот може да се користи како Погонско гориво за кое што се плаќа 9 денари од колограм, и како гориво за греење за кое што се плаќа 5 денари / кг.

А додека процентуална ти е процентот што се плаќа на продаденото добро како на пример.
Цигари - 1 денар по парче и 34 % од малопродажната цена.

Се надевам дека ќе ти помогне ова.

Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom