Брокер
Broker of the Year
- Член од
- 25 јули 2009
- Мислења
- 1.227
- Поени од реакции
- 257
Од 26 септември па се до 3 октомври во Битола ќе се одржи триесетото издание на интернационалниот фестивал на филмска камера, "Браќа Манаки". Она што привлече најголемо внимание за фестивалот оваа година...
е тоа што на истиот ќе присуствуваат дури тројца оскаровци, кинематограферот Питер Сушитски, кој има работено на сите филмови на Кроненберг, и Били Вилијамс, кинематограферот на филмот 'Ганди' ќе дојдат како добитници на наградата за животно дело.
Фестивалот, пак, ќе го отвори оскаровецот Антони Дод Мантл, кинематографер на филмот "Сиромашниот милионер", кој беше апсолутен победник на годинашните Оскари.
Со нов директор позади името на познатата македонска глумица Лабина Митевска, на фестивалот "Браќа Манаки" оваа година се враќа стариот сјај и многу добра програма.
Она што е новина на овогодинашниот фестивал е што ќе се прикажат 12 кратки филмови кои ќе се натпреваруваат за новата награда "Мала Златна камера" на млад талентиран директор на фотографија на краток филм.
Во Битола се работи на доопремување на две сали за филмски проекции и подготовка на содржини со кои ќе се промовира проектот „Битола - филмски град“.