Брокер
Broker of the Year
- Член од
- 25 јули 2009
- Мислења
- 1.227
- Поени од реакции
- 257
Знам дека веќе има отворено теми за овој фестивал, дел од нив ги имам јас отворено, меѓутоа отварам нова тема се со цел да го актуелизирам овој исклучително добар настан, затоа што сабота започнува фестивалот
Годинешното издание на најстариот светски фестивал посветен на кинематограферите на публиката во Битола ќе ѝ понуди исклучителни филмски остварувања кои беа дел од главните програми во Берлин, Кан, Венеција, Санденс, Локарно, но и огромен број на филмови од нови имиња кои почнуваат да го трасираат патот во светската кинематографија. Директорката на фестивалот, Лабина Митевска, истакна дека за ова фестивалско издание, покрај огромниот број на студенти од филмските академии, се заинтересирани голем број релевантни светски новинари и медиуми, кои ќе престојуваат во Битола во текот на фестивалската недела.
„Браќа Манаки“ на 15-ти се отвора со албанскиот „Крвта што простува“ на Џошуа Марстон, каде главната улога ја толкува македонскиот актер Рефет Абази, добитник на „Златна мечка“ за сценарио на Берлиналето, а на отворањето ќе присуствува и семејството кое во филмот е жртва на крвна одмазда.
Во Битола конечно ќе ја имаме македонската премиера на „Како да ме нема“ на Хуанита Вилсон, копродукција помеѓу Македонија, Ирска и Шведска, потоа „Торинтскиот коњ“ на Бела Тар, добитник на „Сребрена мечка“ во Берлин, српскиот „Бел бел свет“ со Мето Јовановски, лауреатот од фестивалот во Локарно, последното остварување на контроверзниот Ларс фон Трир, „Меланхолија“...
Главната програма опфаќа 10 филмови, регионалната „Нови визии“ 7 остварувања, документарната 11, кратки филмови - 10, програмата на кратки на Европската филмска академија – 12 и детската програма со 5 филмови.
http://www.karmakasha.mk/kultura/film/item/1375-iskluchitelno-izdanie-na-brakja-manaki
Извор
--- надополнето: Oct 11, 2011 8:22 PM ---
Еве ги и официјалните видеа за Фестивалот, многу едноставни и класични.
Искрено се надевам дека оваа година ќе биде многу повеќе посетуван фестивалот од кога и да било порано, а и интересот на голем број на новинари и тв куќи го покажува тоа.
Оние кои се навистина љубители на добар уметнички филм мислам дека треба да дојдат и да го посетат фестивалот без разлика на кое место живеат во Македонија.
--- надополнето: Oct 11, 2011 8:23 PM ---
Еве ги и постерите