M1K1 007
не у еу
- Член од
- 7 јули 2009
- Мислења
- 1.796
- Поени од реакции
- 571
Помина Wrooom, остана шум
Традиционалниот прес настан во Доломитите ја разубави минатата седмица со дузина вести од кампот на Ферари и Дукати, но за разлика од порано имаше повеќе детали кои останаа да „шумат“ и по крајот на ски-деновите.
Највоздржани беа возачите, особено Алонсо, кој со најголеми епитети зборуваше за сезоната што доаѓа, осврнувајќи се на фактот дека шест светски шампиони ќе возат на патеката, како и дека конкурентите се силни. Најсензационалната изјава што тој ја даде во Мадона ди Кампиљо беше онаа која уследи по веста за малерозниот пад на Роберт Кубица и обновувањето на повредата.
- За мене најдобар возач е Роберт Кубица, и сакам да му посакам се најдобро. Зборував со него и сигурен сум дека ќе се врати како најдобар возач во својата група,- изјави Шпанецот иако прашањето гласеше од кого стравува најмногу.
Од друга страна, „дигањето на акциите“ на ривалските тимови, преку критика на сопствените редови е во спротивност со она што го прокламираше Стефано Доменикали, кој го посочи Алонсо како возач што најмногу соработувал со инженерите во Маранело. Во меѓувреме, финскиот весник Турун Саномат објави дека новото Ферари со кодно име „663“ не минало на креш тестовите на ФИА и дека ќе мора да се корегира пред почетокот на тест сесиите во Херез на 7 февруари. Оваа вест остана без официјален коментар, но бидејќи промоцијата на болидот е закажана четири дена пред почетокот на тестирањата, голема е веројатноста дека проблемот ќе биде адресиран на високо ниво. Од друга страна, Доменикали најави дека очекува болидот да не биде „убав“ и дека ќе претпочита тој да биде брз, но откри и дека тимот од Маранело се обидел да конструира свој систем за регулирање на висината. Станува збор за систем кој ја определува висината на возилото при сопирање, кога физичките законитости влијаат таа да осцилира во таквите моменти.
- Тоа е повеќе врзано за стабилноста на болидот при сопирање. Станува збор за систем за кој што знам дека постои комуникација меѓу ФИА и тимовите. Ја очекуваме финалната потврда за овој тип на уреди, дали ќе биде прифатен или не. Но, со сигурност ги разгледуваме ваквите идеи за да видиме дали тие придонесуваат за перформансите или не. Сепак, мора прво да ја сочекаме реакцијата на ФИА,- рече Италијанецот.
Тимскиот шеф на Ферари претходно обелодени дека во Маранело ќе дојде Хирохиде Хамашима, досегашен директор за развој на пневматиците од Бриџстоун, со кој екипата успешно соработуваше и освои неколку титули меѓу 2002 и 2004 година, кога двете компании разменуваа свои инженери. На прашањето за можни возачки засилувања, Доменикали го потврди ставот дека 2012 година е клучна за иднината на Маса, додека во интервју за Скај одби да каже „не“ за можен трансфер на Фетел кај нив, иако претходно го прогласи Алонсо за најдобар возач во моментов. За да биде мистеријата поцелосна, тој го спомна и техничкиот директор на Ред Бул, Адријан Њуи, велејќи дека „останува да се види што тој сака да прави во иднина“.
Голема вистина е констатацијата на Доменикали дека од Ферари секогаш се очекува да биде најдобар и дека тие постојано работат под притисок, а се чини дека 2012 ќе биде уште еден таков тест за екипата од Маранело. Низ зборовите на Алонсо, пак, ништо нема да се знае до кинеското гран при, кое е трета трка во сезоната, по што треба да уследат неизвесното гран при на Бахреин и тестирањето во Муџело пред почеток на европскиот дел на сезоната.
http://www.f1almanah.mk/formula1/aktuelno/10714-rekapitulacija-wrooom-2012