Фан клуб: Струмица

Член од
6 август 2012
Мислења
32
Поени од реакции
11
Јевџич е добар играч, вејке потпиша заедно со Караколев, другите двајца срби се на проба
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Прв “брифинг“ на новиот Кошаркарски Клуб “СТРУМИЦА“
Epson Pro WP-4025DW
cms joomla

По неодамнешното спојување на неколку струмички кошаркарски клубови во еден, под името КК “Струмица“, синоќа управата на прва “брифинг“ средба со медиумите, на која и официјално ги промовираа новите засилувања на првиот тим, Ефтим Богоев, Никола Караколев и Александар Јефтиќ, како и двајцата кошаркари, Сањин Балаш и Владица Јовановиќ, кои во наредниот период “пробно“ ќе бидат ангажирани во новиот засилен тим.

Од ланскиот состав на екипата како “Милениум“, остануваат 80% од играчите или како што вели спортскиот директор, Михаил Пападополос, “го задржавме костурот на екипата“, капитенот Трајче Николов, браќата Славиша и Бранко Јанески, Филип Спасев и други.

Новиот тим на прволигашот КК “Струмица“, кој во престојната кошаркарска сезона ќе се натпреварува за пласман во Супер лигата, според Пападополос, ќе биде фокусирана на одржување на прволигашкиот статус.


Од вчера, кошаркарите на КК “Струмица“ ги започнаа тренинзите, кои во наредните 4 до 5 недели ќе работат на физичката кондиција, како и на тактичкиот дел од екипата, информираше тренерот Златко Зетов, најавувајќи дека во овој период планирани се и десеттина подготвителни пријателски натпревари со учество на два турнири, во Бугарија и Србија.

“Во оваа сезона од Првата лига планираме да одиме чекор по чекор, односно да обезбедиме опстанок во лигата, а потоа, гледајќи го квалитетот на играчите кои ги доведовме, да се обидеме да влеземе во првите шест екипи кои ќе играат во Супер лигата на Кошаркарската Федерација на Македонија. Мислам дека тоа е реалност“ – додаде Зетов.

На “брифингот“, управата на клубот информираше и за младинската школа која ќе започне со работа од 1 септември, пријавувањето на нови деца помлади од 2000-та година, како и за формирањето на женска кошаркарска екипа, со членови родени 1995-та година и помлади.

Професорот Драган Јанков, координатор на млади категории во КК “Струмица“, најави учество во младинските категории на Кошаркарската Федерација на Македонија, според стандардите на новиот систем на натпревари на ФИБА, каде КК “Струмица“ ќе се натпреварува со четири екипи од генерациите 1993/94, 1995/96, 1997/98 и 1999/2000.

Од оваа година КК “Струмица“ ќе започне да работи и со женска екипа, односно ќе се примаат нови членови, родени 1995-та година и помлади. Уписот е во тек и сите заинтересирани девојќина ќе можат да се пријавуваат во Спортската сала “Парк“ во Струмица.

“Немаме намера да бидеме клуб или тим за една или две сезони, туку да одржуваме квалитетен прволигашки состав кој ќе предизвика интерес кај струмичани, но и младите кои сакаат да се занимаваат со кошарка. Впрочем сакаме токму нашите школи да продуцираат играчи на кои утре ќе можеме да се потпреме. Ако имате квалитетен прв тим, ќе имате полни сали, масовност, но и квалитет кај младите“ - рече Бошко Георгиев, претседател на КК “Струмица“.

И навивачката група “Ајдуци“ беа дел од синоќешниот “брифинг“ на КК “Струмица“, кои дојдоа да им ја дадат поддршката на играчите, стручниот штаб и управата на клубот.

“Ние се радуваме што спортот полека се враќа во Струмица. Тука е ракометот, кој има европски амбиции, тука е кошарката, која има суперлигашки амбиции, тука е и Одбојкарскиот клуб “Струмица“ кој е шампион. За жал, само ФК “Беласица“ изостанува“ – вели Лече Пиличев од навивачката група “Ајдуци“, најавувајќи дека ќе ги поддржуваат кошаркарите на секој натпревар. (Р.Ѓ.)






извор http://www.strumicanet.com/index.php/2012-05-23-23-33-47/item/535-прв-“брифинг“-на-новиот-кошаркарски-клуб-“струмица“
 
Член од
6 август 2012
Мислења
32
Поени од реакции
11
КК Струмица доби уште едно засилување од шампионската генерација во 2005 година, откако претходно потпиша Ефтим Богоев.. Станува збор за Златко Гоцевски. Поранешниот кошаркар на: Работнички, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром во следната година ќе биде дел од тимот предводен од Златко Зетов.Крилниот центар висок 206 сантиметри како интернационалец има играно за: Јамбол (Бугарија) и Пеја (Косово) Кошаркарот кој што го најавивме дека е на проба, Сањин Балаш ги задоволил вкусовите на управата на оваа екипа и официјално е нов кошаркар на КК „Струмица".Балаш е висок 203 сантиметри и има настапувано за: Црнокоса, Борац (Чачак) ,Младост (Чачак) и Машинец.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
ооо Супер сношти го видех Златко шеташе низ центаро баш саа ќе питуваах за него ама гледам добра вест е шо е потпишал искусен играч е ќе биде од корист :))
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
Како што гледам повторно се прави силен тим кој според мене има сила да игра во плеј оф...
5- Гоцевски - (Уште еден)
4-Јефтич-Балаш
3-Караколев(барем мислам дека играше тројка) плус некој од младите
2-Сигурно ке биде некој од младите играчи на Струмица најверојатно Трајче Николов
1-Богоев

Значи доста солиден тим и мислам и дека реално ке биде играње во Плеј Оф. Со искуството на наведените кошаркари и квалитетот на младите ке има доста добра кошарка оваа сезона во Струмица и секако ке бидеме тврд орев за водечките тимови во Мак-Баскетот посебно на домашен терен...
 
Член од
6 август 2012
Мислења
32
Поени од реакции
11
Има правило еден млад играч 93 година или помлад да игра во првите 20 мин, така беше лани, а оваа сезона можно е да игра и цел натпревар 40 мин.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Има правило еден млад играч 93 година или помлад да игра во првите 20 мин, така беше лани, а оваа сезона можно е да игра и цел натпревар 40 мин.
Е саа 40 нема шо...треба да напраат 20 ама на цела утакмица а не првите 20 само...глупи правила малко ама па мислам добра екипа ќе се напраа нема даа лошо как за почеток :)
 
Член од
6 август 2012
Мислења
32
Поени од реакции
11
Епа ако е на цела утакмица 20 мин како ке знаеш колку минути играчот поминал во игра.Лани беше 20, оваа најверојатно 40.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.212
Поени од реакции
996
И да е 40 минути цела клупа е кажи речи од младите деца шо бее лани у Милениум. Така да не е страшно за Струмица тва правило туку мислам оти и ке ни одговара оти колко толко тии деца имат искуство од лани. Плус тука ке е и Џочето Узуно шо лани играја у Работнички така да имаме солидни младинци...

5- Гоцевски - (новио шо ке го донесат)
4-Јефтич-Балаш
3-Караколев и Трајче Николов
2-А тука ке има најверојатно двујца трујца млади шо ке се менат очекувам стартер Узуно
1-Богоев плус замена некој од младите
 
Член од
6 август 2012
Мислења
32
Поени од реакции
11
И да е 40 минути цела клупа е кажи речи од младите деца шо бее лани у Милениум. Така да не е страшно за Струмица тва правило туку мислам оти и ке ни одговара оти колко толко тии деца имат искуство од лани. Плус тука ке е и Џочето Узуно шо лани играја у Работнички така да имаме солидни младинци...

5- Гоцевски - (новио шо ке го донесат)
4-Јефтич-Балаш
3-Караколев и Трајче Николов
2-А тука ке има најверојатно двујца трујца млади шо ке се менат очекувам стартер Узуно
1-Богоев плус замена некој од младите
Тука на 1 е и Славиша Јаневски шо играаше лани за Милениум и на 3-4 брат му Бране.А за младите лани Филип играше
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
КК Струмица - Струмица
Моментален состав: Ефтим Богоев, Трајче Николов, Златко Гоцевски, Никола Караколев, Филип Спасев, Славиша Јаневски, Бранко Јаневски, Александар Јевѓиќ, Сањин Балаш, Ѓорѓи Узунов, Душан Макенаџиев, Иван Цикарски, Филип Јанев, Драган Камберов
Тренер: Златко Зетов
Дојдоа: Златко Гоцевски, Ефтим Богоев, Никола Караколев, Александар Јевѓиќ, Сањин Балаш
Заминаа: Мартин Талески, Томислав Николовски

Не е лошо как за почеток :) :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom