КУП: МЛАДИТЕ НА СТРУМИЦА ФУРИОЗНО ВО ГЕВГЕЛИЈА ВО НЕДЕЛА СО МЗТ СКОПЈЕ ВО ПАРК
Младите кошаркари на Струмица категроија М20 се пласираа во полуфиналето од кошаркарскиот младински Куп на Македонија. Попладнево во Гевгелија го совладаа младиот тим на КК ,, Кожув,, со 91:54. Младите струмичани одиграа фуриозно во текот на целата средба не дезволувајки на младите гевгеличани да се надеваат на било каков добар резултат. . Младите струмичани победата ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со 10: 20 за да по првото полувреме имат предност од 19 поени (25:44) Доминантни беа и во следните две четвртини кои ги добија со 16 :20 и 13:27 и на крај слават со 91:54. Најефкасен кај струмичкиот состав беше Спасев со 21, Узунов постигна 18 а Макенаџиев 13 поени. Младинците на Струмица во недела во спортската сала Парк го игра полуфиналето од Купот во категоријата М20 каде за противник ке го има младинскиот состав на МЗТ Скопје. Во втората полуфинална Куп двојка играт Вардар-Работнички.
Сме ги ЗГАЗИЛЕ !