Не играме ништо, не личиме на ништо, катастрофална игра, ај не коментирав после Широки ја чекав утакмицата со Цедевита Јуниор оти ми мирисаше и таа на пораз, ама ај реков ќе почекам и вистина.
Ептен паднавме во формата и претходниот балон не изигравме ништо буквално, ама сега се покажа вистинската слика... и во лигата променливо играме, чист доказ беше последната победа со Гостивар едвај на мускули...
Со Широки убо почнавме и место да ги отепаме до крај, второто како друга екипа да излезе, на центар бевме доминантни и подобри од нив, но се изгуби некако играта, со Цедевита Јуниор немам коментар, најмладата екипа во АБА 2 ни одржа лекција по кошарка како се игра машки за боите на клубот, тотално надиграни, без акција ние, шутирај од кај ќе стигниш не можиш буквално никој да победиш, ептен имав надеж за плус победи до сега во аба 2, но ништо...
Загрижва формата на Бернард, во двата балони па и лигата е невидлив и со милион грешки, имаше и мала повреда, надмината е се надевам штом е на паркет, ама е тотално вон игра. Костовски и Мијовиќ исто, едино играме добро само преку центар. Мора да проработат и останатите да се разбудат иначе вака маф е планот.
Следат тешки две гостувања среда, прво во Среда кај Работнички, па после празниците и кај МЗТ, во случај на два порази, мислам доста му е на Радуле, кај не играме ништи па и серија порази, ќе јави одма аларм дека нешто не штима и да се бара подобра варијанта од него, плус мора да се пополни местото за странец со уште еден Амери, вака само со Бернард не сме на чисто.