Вогел е дефакто (а сега и дејуре) НАЈГЛУП човек на утакмицата.... ПАК истите глупости, шутираат тројки како швркнати, како да се Хјустон или нешто... Сполстра ги вози како што сака, ПАК Дејвис виси надвор, ПАК Дејвис шутира тројки, ПАК им ја елминираа играта на АД, алооо први слободни фрлања на АД крај на 3та четвртина???
Не играат контри, не трчаат во контранапад, скроз играат како што им свири Сполстра... Не е до Леброн бе друже, до ВОГЕЛ ИДИОТОТ е. Треба да играат многу повеќе со Хауард па и со МекЏи, Вогел игра со 7 луѓе, душа немаат више од умор, ги извадија од игра целосно.
Вака не само што веројатно ќе ја изгубат утакмицава, ќе го изгубат и финалето.
Автоматски споено мислење:
Ауууу....
Автоматски споено мислење:
Тоа е што е... Ај уште една утакмица сега, и да затвориме сезона.
Иначе нешто се замајав да гледам слободни агенти и некои опции за тимот. Би сакал да го земеме Бертанс, ликот е неверојатен тројкаш и сигурно би имало место во селери капот. Исто така и Ван Флит е слободен, ама нема шанси Торонто да не му понуди убав договор. Исто ок опција по мене е и Богдан Богдановиќ. Од крупните зверки тука се ДеРозан, Драгиќ, Хејворд и Галинари. Инаку и Дејвис има плејер опшн, ама мислам дека нема да ги напушти Лејкерси, до крајот на договорот.
Уф Бертанс ептен ги сакал да го земеме, совршен фит за „системов“ на Вогел. Ако сака Лејкерс да бидат тројкашки тим, барем нека донесат шутери... Се зезам, ќе се вклопи Бертанс во секаков систем, секогаш треба шутери.
Кој да има шанси да дојде од спомнатите, ќе биде за мид-терм исклучокот (4 милиони беше последно?).
Сите од набројаниве ќе гледаат да добијат, и ќе добијат, далеку подобри понуди. Освен ако се најде некој за една година, да почека да не се врзува сега со долгогодише договор пошто селари капот ќе биде осетно намален.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.