Никогаш не очекував дека во мојот животен век ќе дочекам да ги видам моите нагетси како шампиони посебно ако се знае какви франшизи има по нба кои се доста по атрактивни за суперстарите да идат таму, ама па никој не очекуваше дека играч драфтуван 41ви од втора рунда ќе стане ваков монструм и ќе доминира вака.
Сезонава имав доста надеж откако завршија први на запад и со оглед на тимската хемија што ја имаат ама не сакав да пишам од страв да не направам малери.
Голема благодарност до човекот заслужен за сето ова...Мајк Мелоун, на кој му требаат суперстари кога можеш сам да си ги створиш и тоа не еден туку двајца.
Со доведувањето на некои искусни играчи сложувалката се склопи за да се направи компетентен тим за напад на титулата и правење историја.
Нема веќе "како можеш да навиваш за лузерска екипа"
Се надевам дека нема монолози да си водам сам пак во темава