Имаше многу шпекулации во скоро време околу мојата иднина и Јас сакам да расчистам со тоа еднаш, засекогаш. Јас сум целосно посветен на Челзи, како што и секогаш сум бил. Исто така, Челзи јасно искажа и покажа дека нема намера никогаш да прифати никаква понуда, каква и да е таа.
Кога си поврзуван со некој клуб, или со менаџер за кого јас имам голем респект, секогаш ќе има насловни страни за тоа, но мое напуштање на Челзи никогаш не било опција.
Знам за коментарите дека требало да издадам соопштение порано. Како и да е, во текот на овој период имаше бројни разговори помеѓу мене, сопственикот и Бордот на директори, и се согласивме дека времето на објавување на соопштението треба да одговара на сите кои што беа инволвирани во разговорите, без никакви надворешни влијанија или агенди.
Тоа што ми е кристално јасно по тие разговори е тоа дека амбициите на Челзи остануваат високи, шампионски како и досега. Тоа досега беше докажано со ангажирање на Карло Анчелоти. Сигурен сум дека тој може да го однесе клубот на повисоко ниво.
Уште еден важен фактор беше сознанието дека Челзи нема да ги продава клучните играчи на тимот на долгорочен план. Зацврстувањето на екипата околу ова јадро е основно, круцијално за остварување на вискоите амбиции.
Јас и понатаму сум потполно посветен како и секогаш за да помогнам во продвижувањето на Челзи се понапред, и сум горд да бидам капитен на овој тим се додека можам да го правам тоа.