Конечно на форумов, јебига, напорен период.
Ливерпул, Ливерпул, Ливерпул.....
Ми скисна ебаго од нив, секоја година по двапати играме веќе пет години, немам коментар за нив. Барем сме навикнати на нивното ѕверење на Енфилд на една песна која ја сметаат за химна, а е напраена 20 години пред да почнат да ја употребуваат, како дел од мјузикл. Имав три да кажам, желби: прво да е Порто, второ ако не е Порто барем нека не е и некој англиски тим, трето реваншо да го играме на Стемфорд. Само третово се оствари, ама шо да се прај.
Значи, за клубо е многу битно дали ќе оди до полуфинале, осминафинале...заради финансиите, ама мене како фан, со оглед на изминативе сезони, ми е битен само ТРИУМФ во ЛШ! Пораз во финале, или сега испаѓање, сеедно. Значи, ТРИУМФ! Се друго е неуспех.
За 2 и пол саати играме со Тотенхем, заебаното е шо играме на гости, ама мора победа, не смеј Ливерпул да избега, со оглед на то дека 90% ќе ја тепа Астон Вила. За два сати ги имаме и составите.