Фан Клуб: Челзи

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.868
Поени од реакции
11.550
Честито Меирелеш, иако мислам дека беше очајно тоа што се платија 15милиони фунти за него во 5 за 12, ситуација во која ливерпул ќари кеш, а челзи играч со кој ќе конкурираат за титула, поздрав.
 
A

Auditore

Гостин
Не е од инает факт е дека ова сезона не почна ни еден натпревар во стартна постава. А и во Челзи најверојатно ке си остане замена.
Колку што успеав да разберам, Кени си имал посебен фетиш со англиските играчи и затоа го играл Хендерсон пред Меирелеш, и затоа не играл овој во прв тим, како и да е, мене не ми се допаѓа трансферов од спортски аспект, од финансиски аспект е добар, но што да се прави се надевам дека ќе допринесе во Челзи максимумот од него сеуште не е изваден иако лани беше прогласен за најдобар играч на Ливерпул од страна на фановите, факт.
--- надополнето: Sep 1, 2011 8:29 AM ---
Честито Меирелеш, иако мислам дека беше очајно тоа што се платија 15милиони фунти за него во 5 за 12, ситуација во која ливерпул ќари кеш, а челзи играч со кој ќе конкурираат за титула, поздрав.
Според мене Меирелеш е добро платен, таман цена и според години, она што ќе беше аспурд во ситацијава да беше даден Стариџ и плус кеш, мислам толку бараа фановите на Ливерпул, читав по разно разни форуми.
А и со тимов не би рекол дека сме конкуренти за титула, јас сум тотално разочаран од трансферов, очекував многу покаспо и покреативно решение(Хамшик, Модриќ, Хазард).
И платени се 12м фунти а не 15, како и да е.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
Колку што успеав да разберам, Кени си имал посебен фетиш со англиските играчи и затоа го играл Хендерсон пред Меирелеш, и затоа не играл овој во прв тим, како и да е, мене не ми се допаѓа трансферов од спортски аспект, од финансиски аспект е добар, но што да се прави се надевам дека ќе допринесе во Челзи максимумот од него сеуште не е изваден иако лани беше прогласен за најдобар играч на Ливерпул од страна на фановите, факт.
Од фанови на Ливерпул за најдобар играч беше прогласен Лукас, а Меирелеш доби PFA Fans' Player of the Year.

За Меирелеш оваа сезона и немаше место во Ливерпул како првотимец затоа што игра на позиција на Џерард или Чарли Адам. А тешко дека ке избореше место пред нив во прв тим.

Сакав да остане, но како замена а не првотимец. А за 12 или 15 М фунти мислам дека добро си го платил Абрамович и се надевам у Јануари тие пари ке се искористат за купување на Хазард.
 
A

Auditore

Гостин
Од фанови на Ливерпул за најдобар играч беше прогласен Лукас, а Меирелеш доби PFA Fans' Player of the Year.

За Меирелеш оваа сезона и немаше место во Ливерпул како првотимец затоа што игра на позиција на Џерард или Чарли Адам. А тешко дека ке избореше место пред нив во прв тим.
Добро како и да е, јас така разбрав моја грешка.
Не знам што да ти кажам, воопшто го немам пратено Ливерпул мината сезона па да ти кажам нешто за Меирелеш, се ореинтирам според вашите коментари за него, не знам ни на која позиција игра нит ништо.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
И јас како millanius, Ливерпул прошлата сезона воопшто не ги пратев, добро сега единствено натпреварите помеѓу Ливерпул и Челзи.

Само ќе кажам да ни е со среќа новото засилување иако јас се надевав дека ДРУГИ играчи ќе пристигнат, тоа е сега барем Мата и Лукаку се земени а од нив очекувам многу а од овој Меирелеш се надевам дека добро ќе се покаже во синиот дрес...
 
Член од
5 август 2011
Мислења
278
Поени од реакции
121
Па добри сте, мата, лукаку и меирелеш.
И така имате добар тим. Сигурно ќе бидете кандидати за титула.
Јас искрено очекував повеќе трансфери, пред се фалкао, со оглед колку пари дадоа за тренерот на порто да им го земат... ама ај, има зимски преоден рок.
 
A

Auditore

Гостин
абе не сте фер вака стално што ни собирате играчи у 5 за 12 :D
Е ајде де, но тоа ни е кога немаме направено планско купување туку дај што даш, ама и вие си земавте солидна сума на пари во 3 наврати, а до сега не сте претпиле кој знае каква загуба(Бенајун, Торес).
А за овој Раул не знам што да кажам.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.868
Поени од реакции
11.550
Според мене Меирелеш е добро платен, таман цена и според години, она што ќе беше аспурд во ситацијава да беше даден Стариџ и плус кеш, мислам толку бараа фановите на Ливерпул, читав по разно разни форуми.
А и со тимов не би рекол дека сме конкуренти за титула, јас сум тотално разочаран од трансферов, очекував многу покаспо и покреативно решение(Хамшик, Модриќ, Хазард).
И платени се 12м фунти а не 15, како и да е.
ајт нема везе на крај краева парите шо ги вртиме...ама дека не сте конкуренти за титула, според мене не е точно. 2те манчестерски екипи и челзи ќе бидат конкурентите за титула оваа сезона, веруј :) ова другово што лета во облаци, нека лета...тоа е.
 
A

Auditore

Гостин
ајт нема везе на крај краева парите шо ги вртиме...ама дека не сте конкуренти за титула, според мене не е точно. 2те манчестерски екипи и челзи ќе бидат конкурентите за титула оваа сезона, веруј :) ова другово што лета во облаци, нека лета...тоа е.
Дада се согласувам, секако ние не ги даваме парите па толку да се оптеретувам за тоа.
За второто, јас се држам до мојот став дека Челзи сезонава не е конкурент за титула, во најдобар случај 2ро место, 3то најреално.
Па ќе видиме на крај кој ќе биде во право :)
--- надополнето: Sep 1, 2011 10:50 AM ---
Meireles takes 16
--- надополнето: Sep 1, 2011 10:51 AM ---
1 Petr Cech


2 Branislav Ivanovic


3 Ashley Cole


4 David Luiz


5 Michael Essien


6 Oriol Romeu


7 Ramires


8 Frank Lampard


9 Fernando Torres


10 Juan Mata


11 Didier Drogba


12 Mikel


15 Florent Malouda


16 Raul Meireles


17 Jose Bosingwa


18 Romelu Lukaku


19 Paulo Ferreira


20 Josh McEachran


21 Salomon Kalou


22 Ross Turnbull


23 Daniel Sturridge


26 John Terry


33 Alex


34 Ryan Bertrand


39 Nicolas Anelka


40 Henrique Hilario



Manager: Andre Villas-Boas
--- надополнето: Sep 1, 2011 10:52 AM ---
Ова е тимот со кој идеме оваа сезона, се надевам на добра сезона, многу голови и на крај да се порадуваме на некој трофеј, и секако да не служи малку среќата и повредите да не се честа појава.
KTBFFH!
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
абе не сте фер вака стално што ни собирате играчи у 5 за 12 :D
Thanks for Raul and get the fuck out ... :D Ко еден Скаузер шо имаше пишано на видеоно на ју тјуб кога тепавте 0-1 после трансферот на Торес ( Thanks for 50 millions and 3 points you cunts :D )
 
В

Вори

Гостин
1.Десен бек(моментално освен Ван Дер Вил на никој друг не ми текнува.Но сепак треба да се има во предвид холанѓанчево,затоа што по она јас што сум го гледал,стварно е добар играч,а и има 22-3 години,таман за кај нас).​
2.Плејкмејкер/Везњак(Пасторе,Хамшик,Пјаниќ,Сахин,Џагоев,Готце,Хави Мартинез,Каналес,Јоветиќ,Гансо,Модриќ...)​
3.Крило(Санчез,Хазард,Кагава,Албрајтон,Ленон,Адам Џонсон,Љајиќ...)​
4.Напаѓач(Нејмар,Пато,Агуеро,Кавани,Лукаку,Милер,Мата,Хулк. ..)​

Да резимираме се што се случуваше ова лето.Не сакам сам да се цитирам ама го правам тоа за да направиме споредба колку од моите желби се оствариле и дали почнало темелното чистење кое беше планирано во Челзи,уствари не знам дали беше планирано ама знам дека барем јас очекував такво нешто.​
После поразот од Манчестер во ЛШ и самите видовме дека нешто не е во ред.И самите знаевме дека потребно е да се сменат работите од корен.​
Челзи имаше играчи кои беа во одминати години,истрошени,без желба и мотивација и играчи кои ги болеше долниот дали ќе освојат некоја титула или не.Но едно се знаеше.Дека во Челзи е потребен целосен ремонт.Дали наеднаш,дали постепено.​
Во секоја екипа се случува смена на генерации.Сите поминале низ исто тоа го знаеме.​
Бевме анемични лани,губевме од конкурентите,губевме и бевме усрамени од екипи како Сандерленд кои ни дадоа три голови и не декласираа на домашен терен.Да не ги спомнувам поразите од Бирмингем,Сити,Волвс...​
Челзи лани исто како и таа година претходно,го немаше тој препознатлив карактер,тој менталитет од времето на Мурињо.Убаво викаше еден член овде.Од Челзи не се плашеше скоро никој во Европа и во Премиер Лига.​

Значи јас при крајот на сезоната напишав едно мислење и побарав неколку играчи кои би можеле да го издигнат Челзи на површина повторно.​
Првично сакав да се избрка тогашниот тренер Анчелоти.Да се купи десен бек,едно крило,плејмјекер и напаѓач.​

...Челзи пазаруваше летово,и малце по малце го навести тој очекуван ремонт.​

Нови лица кои дојдоа на Стемфорд Бриџ во овој трансфер период:

1.Андре Вилас Боас

За мене лично најголемото засилување на Челзи ова лето.Зошто?Затоа што уште во првата сезона освои се што можеше да се освои со Порто.Ајде,можеби тоа и не е којзнае каков репер ќе речете.Јаки играчи имал,слаба била Португалска лига,бла бла.​
Но мило ми е затоа што беше асистент на Мурињо.Знае бајги работи за Челзи,осетил како е да се биде во Премиер Лигата.Пред се е многу млад и тоа најмногу ме радува.Зошто конечно се освести Абрамович и донесе млад и амбициозен тренер.Тренер кој ќе биде во Челзи долго време односно Роман донесе човек на подолгорочен план.Добар стратег според мене и имам приметено дека кај него нема миленичиња како што беше кај Анчелоти.Кој игра добро ќе биде во првата 11-ка,кој не ќе си седи на клупа.Независно дали е Лампард или Тери.​
Плус со неговото доаѓање дојдоа со него и други помошници и асистенти.Меѓу нив и Роберто Ди Матео.Поранешен играч на Челзи и тренер на ВБА минатата сезона.Значи доведен е човек кој знае се што е поврзано со ПЛ и човек кој има водено екипа од таа лига,па макар било и на полусезона.​
Така да thumbs up за потегов,лично мене највеќе ме израдува ова лето.Заедно со уште двајца играчи кои ќе бидат спомнати малце подоле.​

2.Ориол Ромеу

Искрено за играчов првпат слушнав кога наводно пројавивме интерес за негово купување.Играл во Барселона Б и имал голем потенцијал.Така барем се зборуваше и сеуште се збори за него.Игра на позиција задни везник.Замена за повредениот Есиен.Сега не знам колку е способен да го замени Есиен но ќе видиме во иднина.Ме радува тоа што е млад,а ме нервира тоа што има таква клаузула што Барселона може да си го врати назад после две години ако овој се покаже во вистинско светло.Но штом ја добил 6-ката од Боас,тоа значи дека овој сериозно смета на него во оваа сезона.​

3.Ромелу Лукаку


Не знам зошто,но многу сакав овој човек да дојде во Челзи.Можеби затоа што многу ме потсеќаше на еден од моите поомилени играчи Дидие Дрогба и си мислев дека тој би бил идеална замена кога Дрогба ќе си замине или ќе се пензионира во Челзи.Го имам гледано повеќе од 5-6 пати и од толку можам да кажам дека детево има огромен потенцијал и одлични способности.Голем е,корпулентен,цврс.Игра фантастично со глава и има прецизна лева нога.Не е многу брз што е нормално за неговата висина,но е пробивен,има чувство за гол и знае да направи и по некој дриблинг.Се надевам дека годините му се вистински(18)верувале или не и се надеваме дека нема да ни кидне во Реал за неколку сезони.​
Исто така ме радува траснферов поради тоа што Лукаку е и фан на Челзи.Уште од дете навивал за клубот,Хаселбенк му бил идол порано и не се сомневам дека детево ќе гине за Челзи и дека ќе игра со срце.​

3.Хуан Мата


Трансферот на Мата падна од ведро небо.Никој не очекуваше дека Челзи ќе тргне по него затоа што Арсенал беа најблиску до негово ангажирање.И кога го зедовме бев пресреќен.Затоа што купивме супер играч.Брз,пробивен,одличен техничар,асистент и играч кој дава и голови.Свеж пример голот на неговото деби откога влезе од клупа.​
Челзи немале добро крило од времето на Робен и Даф сега мислам дека е времето на Мата.Згора на се има 23 години,млад е и може да игра и како полушпиц,како напаѓач итн.Не го плативме многу скапо и мерак ми е што нема повеќе да ги гледам Калу и Малуда како се дават по таа лева страна.Конечно ќе гледам некој играч што е стварно добар и што навистина ќе биде корисен за мојот тим.Одличен траснфер ќе повторам,да им се позлати раката на Гурлај и компанија.​

4.Раул Меирелес


Цело лето имаше сага околу тоа дали Модриќ ќе дојде во Челзи или не.Наводно тие прифаќаа понуда,после тоа се предомислуваа.Типична шпанска сапуница која им прекурчи на сите фанови на Челзи,па и на оние неутралните.Го сакав тој играч да дојде но на крај си остана таму каде што си остана.Бек-ап варијанта очекував да имаме.Искрено,ги сакав Хазард или Мутињо кога веќе овој првиов не дојде.И во последниот час од трансфер рокот наместо тие го добив Раул Меирелес.​
Да не дојде до забуни,одличен играч доби Челзи.Играч кој игра на повеќе позиции во средниот ред,борбен и брз со одличен шут.Е малце не е во цутот на младоста али нема врска.3-4 сезони минимум ќе игра во Челзи сигурно.​
Добар трансфер ќе повторам,но јас малце имав други очекувања и затоа сум разочаран до некоја мера.Арно ама сигурен сум дека Раул ќе биде засилување и пол.​
Плус добри тетоважи има,ко игуана е.​

Исто така во Челзи летово дојдоа и уште двајца играчи кои не беа толку медиумски експонирани како претходниве и беа директно пратени на позајмици:​

5.Tибаут Куртоа-Дојде од Генк и не знаевме многу за него.Гледав неколку видеа и приметив дека детето има огромен талент и има одлични способности.Сега е на позајмица во Атлетико Мадрид и се надевам дека ќе покаже добри игри и ќе се искали како што треба.

6.Улисес Давила-Не знам ништо за малиов освен тоа дека има 20 години,дека е мексиканец и дека го зедовме од Чивас.Имал потенцијал наводно и сега го пративте во Витесе на позајмица.Ќе видиме можда ќе го биде.

Значи од тоа што го посакав пред сезоната добив крило(Мата),напаѓач(Лукаку),плеј не добив класичен али го добивме Меирелес и добив уште еден бонус(Ромеу)замена за Есиен,секако.
Но не се ослободивме од ѓубрето.Наиме Малуда,Калу,Анелка ама до наредно лето сигурен сум дека ќе ги нема и нив така да ќе издржиме да ги гледаме уште оваа сезона.
Барав и нов десен бек,но гледам дека Босингва е препороден под палка на Боас,така да засега не ни треба.Нека продолжи така веѓастиов и на коњ сме.

И да.Нареден траснфер период сакам да купиме еден од Хазард или Геце.Ќе го пишев и Пјаниќ овде,али ми замина во Рома јеботе :notworthy:

Е сега да пишеме по нешто и за луѓето кои заминаа ова лето од Стемфорд Бриџ:

1.Карло Анчелоти


Сликата кажува се.Првата сезона го почитував многу,мада и тогаш имаше некои нелогични потези што не му ги разбирав.Втората сезона го достигна врвот и фала Богу што си замина од Челзи.Зошто ќе бев приморан да појдам до Лондон и лично да му направам атентат.

2.Јури Жирков ака рускиот Бекам

Кога Челзи го купи пред две лета бев многу радосен.Имав многу очекувања за овој човек.И стварно имаше квалитети и беше добар играч,ама повредите го скинаа за жал.Цело време се повредуваше,и со самото тоа го загуби и местото во првиот тим и после беше многу тешко да се наметне.Но добро,си замина во Анжи па очекувам со Ето таму да ебаваат мајки.И така русите не разбираат од фудбал барем нив ќе ги залажуваат.И никогаш нема да го заборавам прекрасниот гол против Спартак Москва минатата година во ЛШ.Среќно Бекс,се најубаво во кариерата понатаму.

3.Јоси Бенајун(позајмица)

Кога дојде од Ливерпул лани го напраив парче.Но после сфатив дека е одличен играч кој заслужува да игра и во првиот состав на Челзи,озбилно.Но многу рано се повреди и минатата сезона ја пропушти целосно.И сега наместо нашиве да му дадат уште една шанса,тие го даваат на позајмица и тоа кај конкурентот Арсенал.Ебате потего.Ако више го даваат,боље да го продадеа скроз отколку вака на позајмица.Јосифе и за тебе се надевам дека ќе се покажеш во вистинско светло кај топџиите.Се најубаво и тебе.И му се дивам на потегот што му ја даде 10-ката на Мата.

Исто така на позајмица заминаа и уште неколку играчи:​
4.Патрик Ван Анхолт во Виган
5.Гаел Какута во Болтон
И двајцата очекувам да се вратат и да играат наредна година во Челзи.Овој првиов го гледам како замена за Ешли Кол,а вториов ќе видиме дали го бива или не,годинава во Болтон.​

Тоа е тоа околу лицата кои си дојдоа и оние кои заминаа летово од Челзи.Можеби некого пропуштив но ќе ме исправите подоцна.​

Бурно лето пред се,задоволен од трансферите,освен тоа што требаа да донесат вистински плеј,а не импровизиран како Раул но што е,тука е.​
Тимот е склопен,новиот тренер е тука,имаме добар старт во ПЛ.Со не толку добра и убедлива игра но 7 бода од 3 утакмици на почеток е сосема солидно.​
Е сега не очекувајте којзнае што.Тимот треба да се адаптира,да се уклопат новите играчи.Зошто знаете,нов тренер,нови тактики,нови размислувања и погледи.​
Потребно е време.Можеби сезонава и ништо да не освоиме,а можеби и ќе освоиме.Ништо не е сигурно.Но и да не освоиме ништо Боас треба да остане,па макар и 3 години по ред не направиме никаков успех.​
И полека.Чекор по чекор.Јас искрено се надевам на успех сезонава,а ако не се случи тоа тогаш наредна сезона сигурно ќе биде и ќе бидеме многу појаки.И тогаш ќе ја вратиме почитта од европските гиганти и тогаш ќе треперат и ќе се плашат од нас.Како што беше минатите години.​
И за крај ќе го цитирам Андре:''Еvolution,not revolution''Значи без брзање.Се купуваат млади деца што ми е особено мило,малце по малце се трга ѓубрето и ремонтот е на повидок.Додуша тој почна уште на зима со купувањето на Луиз и Торес но еве сега продолжи и до наредното лето ќе имате сосема нов и друг Челзи,но многу појак отколку што очекувате.​

Засега толку,можеби сакав да кажам уште нешто но заборавив.Ако ми текне ќе се корегирам после.​


и​

Keep the Blue Flag Flying High!
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.935
Поени од реакции
8.833
Абе еден млад играч Фабио Борини бил ваш и играл неколку утакмици за Челзи, доколку некој го гледал да ми каже има ли надеж за дечкото ? :D
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.868
Поени од реакции
11.550
Се ок Давор, ама ова со Анчелоти не ви го разбирам...или сите сте клонови на Роман и размислувате исто или не знам, ама таков тренер да го хејтате е неблагодарно, зошто на Ферги му требаа 8 сезони за да освои титула, а вие со него земавте 2 од прва итн да не се повторувам,... а тоа што тој беше немоќен и со врзани раце поради вашиот газда, не е причина да го плукате вака. Втората сезона на анчелоти беше иста како онаа пред 2 на ферги кога се бркавме цела сезона, така да не гледам нешто страшно, на крај пак останавте во елитата.
Ова гарант по 50ти пат го пишувам овде и се извињавам што ви се мешам во манџата, ама тапа ми е што плукате тренер од калибарот на карло и еден од најуспешните менаџери последниве 10 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom