Каква утакмица вчера со Струмица,ццц..Почнавме слабо,горе-доле беше изедначено во првата четвртина и Брчков даде невозможна тројка за водство. Втора почнаа да играат подобро Струмичани и отидоа со водство на полувреме. 3 четвртина,предводени од Гоцевски и Богоев и со тројка у последна секунда од 3 период отидоа на 17 разлика. И у последна четвртина се повампирија играчите кај нас,стегнаа одбрана и направија ненормален пресврт,за 6 минути стигнаа 17 разлика. Кај Струмица одличен Гоцевски,какво дрво беше кога играше кај нас,вчера се погоди. Исто и Богоев забележа дабл-дабл. Кај нас одлично изигра Соколов и Братиќ последната четвртина имаше 3-4 важни пресечени топки и по контри намаливме. Тоа е,следна утакмица мислам со Вардар па ќе видиме.