Во рамките на првото коло од првенството на Третата фудбалска лига јужна група, вчера во Мрзенци играа домашната екипа на Зорбас Победа и ФК Победа од Валандово. Валандовчани го добија натпреварот со конечните 1:2 (полувреме 1:1) и ги прокнижија првите три бода во првенството. Стелци за Победа (В) беа Горан Марков (со глава) во првото полувреме и Крсте Танчев (слободен удар) во вториот дел од натпреварот. Инаку први во водство дојдоа домаќините по еден слободен удар и лошата проценка на голманот на Победа Ѓорговски, кој освен во тој момент, добро го чуваше својот гол.
Во целина победашите имаа поголем посед на топката, добро се движеа по теренот и имаа контрола на играта. Видлива беше и физичката супериорност над ривалот, а играчите од маневарот (Донев, Маринковиќ, Влатко Георгиев, заедно со Славе Ризов), одлично ја контролираа и креираа играта... Со одредени слабости кои Исиров и Бајлозов добро ги апсолвираа и сигурно ќе бидат предмет на корекција, сите играчи одиграа на пристојно ниво. Впрочем, постигната е целта - три бода од првото гостување! Следниот натпревр за победашите е гостувањето во Нов Дојран, каде против Дојранско Езеро ќе бидат пред ново гостинско искушение, но целта е трасирана: Победа (В) и на овој натпревар ќе игра на три бода кои ќе ја промовираат во аспирант за највисок пласман во првенството од Третата фудбалска лига - југ!
НАПРЕД ПОБЕДА!!! [/qoute]