Севиља не му простува на Рамос
Претседателот на Севиља, Хозе Марија дел Нидо најави поведување правна постапка против сега веќе поранешниот тренер Хуанде Рамос, кој неодамна ја презеде екипата на Тотенхем.
Иако се очекуваше челниците на клубот од Андалузија да имаат разбирање за човекот кој ги одведе до две едноподруго титули во Купот на УЕФА, Севиља, сепак, ќе бара компензација.
Дел Нидо го обвини Тотенхем за илегални преговори со Рамос, поради што лондонскиот клуб ќе биде пријавен кај УЕФА и ФИФА.
Договорот на Рамос со Севиља истекуваше на крајот на оваа сезона, а на Вајт Харт Лејн тој ќе остане наредните четири години.