Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Kako Fan na Real M ve molam prvin citajte za robinho pa posle kazuvajte deka e predavnik deka za pari odi ova ona koga upravata malce e Shit RespecT:smir:
http://www.24fudbal.com.mk/Default.aspx?news=229c3f82-3f79-4a4a-83a3-ba9f219bbe05&ln=3&typeBack=Последни Вести
Абе кој го е** тој јавно не понижи кажа дека несака да игра во Реал и толку завршено е со него,после нека се оправдува как сака...веке е избришена а и најомразена личност во срцата на фановите на Реал
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Такви играчи не заслужуваат да бидат во тој тим,а робињо беше омилен играч на многу фанови на реал мадрид но таа е за пари се :toe:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
А за оние кои не читале нека читат ОВДЕ

Само не сфатив на кои тројца фудбалери се мислеше дека изјавиле дека не сакаат да иград во Реал,Робињо и кои се другите двајца?
Ај нека ми каже некој што е работава, кој сакал да замине друг? Не ми отвора странава ме заебава нетов.


Топ за Снајдер, побрзо од што очеувавме ќе се врати, само да не се искомплицира уште нешто...
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307

Nikolic

Џентлмен
Член од
8 април 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
68
Ај нека ми каже некој што е работава, кој сакал да замине друг? Не ми отвора странава ме заебава нетов.


Топ за Снајдер, побрзо од што очеувавме ќе се врати, само да не се искомплицира уште нешто...
ШПАНСКИОТ ПРВАК ВО ПРЕМИЕРАТА ВО НОВАТА СЕЗОНА ГИ ПОКАЖА СВОИТЕ ГРЕШКИ ОД ТРАНСФЕР ПОЛИТИКАТА
Калдерон ја утна целата трансфер стратегија
Претседателот на Реал (М), Рамон Калдерон, се чини, е единствениот кој с$ уште смета дека неговиот тим е еден од најсилните во Европа. Вистината, сепак, е дека место да се засили и годинава да биде двојно подобар, Реал (М) е послаб од лани. Хаосот со трансферите се чини си го направи своето, а 90% од планираните нови засилувања останаа нерешени. Калдерон евидентно ја нема силата на парите која ја имаше лани и пред таа година. Почна со неколку кандидати кои требаше да го облечат белиот дрес, но на крај остана без ниту еден од нив. Прашање е дали "Кралскиот клуб" тотално ја утна трансфер стратегијата или фудбалерите не го преферираат Мадрид како клуб за сериозна фудбалска иднина?

Лоша трансфер стратегија

Кристијано Роналдо, Давид Виља, Санти Казорла, Диего Капел, Луис Фабијано, Карим Бензема, Клас Јан Хунтелар - списокот на неуспешните трансфер цели на Калдерон и неговиот компањон Мијатовиќ. Може да биде и подолг, но ова беа најзвучните кои Реал (М) од јули ги преферираше да ги донесе на "Бернабе".

Претседателот и извршниот директор изградија стратегија која предвидуваше само еден голем удар - Кристијано Роналдо. И тука се чини погрешија. Додека другите бараа начин како квалитетно да засилат повеќе линии во својот тим, "галактикоси" останаа свртени само кон едно име, кое на крајот им го сврте грбот. По два месеци преговарање, сагата за Португалецот заврши неуспешно за Реал (М). Резервен план, ниту Калдерпон, ниту Мијатовиќ немаа. А беше се чини и предоцна да се менува.

Првпат фудбалери сакаа да си одат

За првпат во клупската историја на Реал (М) се случи тројца фудбалери јавно и отворено да изјават дека не сакаат да играат за овој тим(немам појма за кои станува збор). Ваков удар за еден од најголемите светски фудбалски состави не очекуваа ниту нивните најголеми противници. Сепак, последната продажба на Робињо, кој јавно се изнаплука на својот екс-клуб, покажа дека во Мадрид шампионот го губи "тлото под нозете". Играчите незадоволни во збирот на ѕвезди без вистинска можност за докажување полека својата иднина ја гледаат надвор од Мадрид, па макар тоа бил и далеку помал и понеафирмиран тим од големиот "Кралски клуб".

И кој е крајниот резултат на целата летна епизода со Реал (М)? Шустер остана со 24 фудбалери. Нешто нечуено за овој клуб досега.

Шустер остана без резервен напаѓач

"Сантијаго Бернабе" како излезна врата ова лето го видоа Балбоа, Баптиста, Робињо и Солдадо, откако претходно со своите довчерашни колеги се поздравија и Пабло Гарсија и Антонио Касано. Дојдоа Ван дер Варт, Де ла Ред и Хави Гарсија. Ако на крајот не успеаја да го донесат и Ван дер Варт и Калдерон и Мијатовиќ ќе беа исплукани од фановите уште пред официјалниот старт на сезоната.

Сепак, срамот не им избега уште во првото коло. По поразот од Депортиво во Ла Коруња, Шустер не случајно изјави дека на клупата немал напаѓач за да го стави во игра. Да, тоа е вистината. Еден Реал (М) се доведе во ситуација да остане без резервен напаѓач.

Без сомнение, голем "кикс" на Калдерон и Мијатовиќ е тоа што не успеаја да најдат варијатна за резерва на Руд ван Нистелрој. Продажбата на Робињо го остави тимот со само едно класично крило во името на Робен. Калдерон неколкупати изјави дека се чувствува "горд и многу задоволен" од начинот на кој функционира тимот. Адвокатот исто така не заборава да потенцира колку биле добри економските резултати на Реал, само за да го тргне вниманието од квалитетот на тимот со кој почнува одбраната на титулата. "Кралевите" потрошија 33,7 милиони евра за нови имиња, а добија 59 милиони.

Сепак, на овие факти најмалку им се радува предводникот, Шустер. За него нема никаква промена (односно има промена, ама на полошо) од минатата сезона. Шпанските весници веќе најавија дека тој се подготвува да си замине од "Бернабе". Прашање е кога ќе го стори тоа.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ајдеее. Од коа немаа направено веснициве вакво нешто за демовитвација во Реал,

. Шпанските весници веќе најавија дека тој се подготвува да си замине од "Бернабе". Прашање е кога ќе го стори тоа.
Ова е платена политичка програма, може така да се нарече.

Малце биле 4 напаѓаќи пфф, да не треба по 5-6 као лани и да има незадоволство вака сите ке си играат. Ај шат ап весниците кој ги слуша ;)
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Реал изминативе години инвестираше во младите, така да сега се очекува да блеснат. Затоа не сум вознемирен што само еден трансфер се направи.
Иначе, не е уште официјално ама изгледа дека Mateo Musacchio од следната година ќе биде член на Реал. Го најавуваат како еден од подобрите одбранбени играчи, најверојатно ќе игра за Кастиља.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Вчера на еден хрватски блог за Реал Мадрид причитав статија во која исто така се зборуваше за трансфер политиката, и се вели дека дел од членовите на управниот борд на Реал не се задоволни и се најавувало смена на Калдерон и Мијатовиќ, а како замена за Калдерон се спомнува поранешниот претседател кој ги создаде Галактикосите - Флорентино Перез.
Очигледно нешто не штима во управата.

Требаше оваа лето да се доведе барем уште еден врврн фудбалер (напаѓач) но тоа е. :smir:

Шустер не верувам дека ќе поднесе оставка.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Вчера на еден хрватски блог за Реал Мадрид причитав статија во која исто така се зборуваше за трансфер политиката, и се вели дека дел од членовите на управниот борд на Реал не се задоволни и се најавувало смена на Калдерон и Мијатовиќ, а како замена за Калдерон се спомнува поранешниот претседател кој ги создаде Галактикосите - Флорентино Перез.
Очигледно нешто не штима во управата
.

Требаше оваа лето да се доведе барем уште еден врврн фудбалер (напаѓач) но тоа е. :smir:

Шустер не верувам дека ќе поднесе оставка.
Мизерен обид, од страна ел мундо депортиво да ја растресе позицијата на Калдерон. Смена ? Две години, три фудбалски титули, да не зборам за баскет. Да напоменам дека за прв пат по толку време, Реал оствари профит во поглед на трансферите.
Флорентино Перез, нема ама баш никакви шанси да се врати.

Можеби требаше, можеби не, тоа ќе видиме.
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Најнова вест...

Извинете на Хрватски јазик, но се надевам дека ќе разберете повеќето.

---ИНФО---
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Уау како сум импресиониран. :)
Гледав снимка до Реал - Ајнтрахт, финалето во ЛШ од 1960, значи до сега со скептицизам гледав на тогашниот фудбал ама ептен пријатно се изненадив од натпреварот.
Победивме 7-3 ама знам дека знаете :) натпреваров го сметаат за еден од најдобрите во историјата на европските натпреварувања, богами со право, ако најде некој торент за симнување нека го постира, треба да се има ова чудо на хард дискот.

П.С. Ди Стефано ЅВЕР :vozbud:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Баш коа прочитав дека е разочаран од клубот Подолски си помислив да го спобереме, али ке се вртат уште многу шпекулации додека биде нешто.

А и за ЕМД имам еден поздрав : ХА не сте интересни
 

eMilanist

Ursus domesticus
Член од
27 септември 2007
Мислења
2.401
Поени од реакции
1.832
Ма каква смена на Калдерон. Таман Реал зачекори кон титули и почна да личи на оној од пред неколку години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom